Не ги бараат гледачите „Големиот брат“, „Менувам жена“, „Фарма“ и „Преживување“ - тие им влегуваат дома без прашање
Димитар Чулев
Телевизиски кадар, прв: три личности од женски пол се качуваат врз четвртата (исто жена) и со шест раце и ги тријат градите. Можно е да и' помагаат во мастурбацијата пред милионскиот ТВ-аудиториум на Западен Балкан.
Телевизиски кадар, втор: извесна 36-годишна Ј..., заточеник во куќата на „Големиот брат“, бескрајно долго (во порнофилмовите сцените траат бескрајно долго) го лиже прстот на момокот (аргат со завидливи димензии) од соседниот кревет, а потоа го става меѓу градите и глуми лудило. Пред да стане и да покаже дека е облечена само во – танга.
Телевизиски кадар, трет: заменската тешта на заменската снаа и' вели дека ако на нејзиниот незаменски зет „му текне нешто“, таа ќе земела стап „па по газот“.
Не е прифатлива констатацијата на еден популарен ТВ-водител кој тврди дека „ако не ви се допаѓа ТВ понудата – земете го далечинското“. Без никаква намера да морализираме, реалната шоу-програма што се емитува барем на три телевизии кои се национални концесионери нуди во етер одвратности што се под прагот на издржливост на ТВ-популацијата, а богами и сериозно навлегуваат во сферата за која „надлежни“ за начините за лиферување порнографија треба да интервенираат.
Не ги бараат ТВ-гледачите „Големиот брат“, „Менувам жена“, „Фарма“ и „Преживување“, висококотирани реални серијали кои ТВ-куќите сиромашни по сопствена продукција ги преземаат за да привлечат гледачи. Тие влегуваат во домовите на обичните луѓе секогаш кога кој било ТВ-гледач ќе го земе далечинското да види каква е денес понудата на ТВ-куќите и нивните дистрибутери – кабелските оператори.
И ... во моментот кога се зема в раце семожното далечинско, на ТВ-екранот се појавува една од двете сестри Македонки што учествуваат во балканскиот спектакл „Големиот брат“, која вели: „Ќе се ис...м, ќе се избришам со гаќите и ќе им ги дадам“. Оваа глупава исповед, всушност, е „протест“ на една од станарките во куќата на „Големиот брат“, бидејќи останале, замислете – без тоалетна хартија. Против тоа нема никаква одбрана.
Билјана Николовска од Скопје, мајка на осумгодишна ќерка, вели дека во третото одделение во училиштето каде што учи малата, на одморите си играат „Големиот брат“. Ги копираат „дејанијата“ од екраните што се прилажуваат во време кое не води сметка за тоа која популација и на која возраст може да ги консумира.
Луѓето од наука не се обидуваат да прифатат разговор на тема за дебилните реални шоу-емисии и велат дека не можат да го трошат интелектот и да се повикуваат на две илјади години позитивна научна мисла за да објаснат појава која не само што е девијантна туку има и одредено име - „моронштина“. Еден професор по социјална психологија, на пример, или признат психијатар, треба да објасни каков е тој феномен 15-ина полнолетни личности да прифатат, наводно, заточеништво на неодредено време во еден стан со заедничка (мажи-жени) спална, ве-це, кабина за туширање. А, притоа, знаат дека шансите да останат „во милост“ на „Големиот брат“ е правопропорционална на глупостите што ќе ги направат и тоа не тајно и во „нивниот круг“, туку пред ТВ-камерите што снимаат дали се интересни (горна камера) и кога имаат физиолошки потреби. Мотивот им е наградата од 100.000 евра да го издржат нивниот пат што води кон комплетна декаденција. И нашиот пат кон пеколот наречен телевизија.
„Комерцијалните медиуми произведуваат програма со која нивните сопственици на медиумскиот пазар остваруваат профит. И тука нема ништо спорно. Многу е проблематично кога во таа трка за профит се произведува програма која на Запад се нарекува со вистинскиот збор - ѓубре. Е, сега, тоа што таму го нарекуваат ѓубре кај нас станува комерцијален и друг вид престиж“, велат од Советот за радиодифузија.
„Советот за радиодифузија направи комуниколошка анализа на еден таков телевизиски производ (ТВ-шоуто ’Момент на вистината‘) и оцени дека оваа емисија е далеку под нивото на професионалните, естетските, етичките стандарди во нашето општество. Што е тука проблемот? Кога требаше да се изрече мерка, а имаше предлози дури и да се укине емисијата, констатиравме дека за такво нешто нема прецизна законска основа. Законот не ни помогна дури ниту во поглед на идејата да се помести терминот на емитување во време кога со тоа нема да биде загрозено менталното здравје на малолетната публика“, нагласуваат од Советот за радиодифузија.
Во едно од последните изданија на „Момент на вистината“ (шоу со понормално име од она, на пример, „Ба-ба бум“), еден натпреварувач „признава“ дека иако е женет, имал секс со постари женски личности, дека тие го привлекувале и, како да раскажува стар изветвен виц, јавно соопштува дека „повеќе ја сака мама од сопругата“.
Шоуто на „Џери Спрингер“ е жива наива споредено со вулгарната намера на креаторите на споменатите „шоуа“ да ги предизвикаат најниските страсти и емоции на потенцијалните гледачи. Но, дали се потенцијални? Податокот дека една емисијата се пренесува во Србија, Босна, Црна Гора и во Македонија и каде што илјадници (12-13 милиони потенцијална ТВ-популација) секојдневно испраќаат СМС за да гласаат за својот фаворит носи сериозна заработувачка. Тоа е едната димензија.
Втората е очигледната намера да се изнуди уривање на сите важечки морални норми, велат експерти за „Утрински“, и давање легитимитет на неморалот и на одредени функции на човековото тело кои искуството на три илјади години цивилизација ги определија како исклучиво интимни. Како одеднаш заедничките машко-женски простории станаа интересни, па дури и тоалетите (и тоа што се случува таму?!) е веројатно прашање за кое треба да се заинтересираат оние што се занимаваат со социјалните девијации.
И, уште нешто. Жално е што она што денес преку ТВ-медиумите се продава како нова инвентивност и „бренд“ е само подгреана манџа од оригинални идеи над кои цивилизацијата како таква се замислувала во минатите милениуми. Нема ништо ново во демонстрирањето декаденција – Римјаните пред распадот на империјата го доведоа до совршенство јадењето, повраќањето, групниот секс и убиствата од страст. Грчките филозофи ја кренаа педерастијата на ниво на вистинска љубов, особено на киниците (Диоген) кои јавно прашуваа зошто не се сити кога ќе си го истријат желудникот, како што се сексуално задоволни откако ќе мастурбираат...
Џорџ Орвел, условно речено, се превртува в гроб што неговата идеја за „Големиот брат“, кој го контролира општеството во еден утописки иден свет сместен во делото „1984“, каде што личноста и индивидуалниот живот не смет да значат ништо, сега се користи како наслов за нискобуџетен серијал.
Идејата за посматрање на колективното живеење е обработена во култниот филм „Sliver” со Шероун Стоун, каде што главната личност (Стоун) најмува апартман во една вискокатница која е под постојан видеонадзор на сопственикот (Вилијем Болдвин). Филмот, настрана крими-ефектите, засега во проблемот на воајеризмот, кој ако некогаш бил својствен за типови по паркинзи, сега благодарение на аудиовизуелната техника е достапна за секого. Со претворањето на ТВ-аудиториумот во колектива воајерска популација, и границите на невозможното се поместуваат.
Конечно, да го споменеме и „Господарот на мувите“, екранизиран роман на нобеловецот Вилијам Голдинг, книшка за група деца (британски кадети) кои по авионска несреќа наоѓаат спас на пуст остров. Голдинг, преку описот на нивниот обид за самоорганизирање, загатнува во најдлабоките тајни на човековата природа, која неконтролирана од општествените норми е склона да се врати кон првобитната состојба: сила, убиства, контролирани само од стравот од непознатото (замена за религија).
„Без родители, без наставници, без правила – без милост“ е слоган на изгубените на островот (модерна верзија гледаме во реалниот ремикс под име „Опстанок“).
Дали е тоа целта на реалните шоуа? И дали следен ТВ-ексклузив ќе биде реално убиство снимано во живо. Како во времето на гладијаторските игри. А, ТВ-аудиториумот ќе испраќа апликации со „прст нагоре“ или „прст надолу“ за својот фаворит преку СМС-пораки? Во Бразил неодамна беше уапсен ТВ-водител кој нарачувал убиства во име на поголема гледаност...
Чувајне Господе незнаат што прават,дали и вас ве завати западната епидемија.Треба овие гнасоти дасе отстранат од домовите,ова не води кон небитисувајне на добро и грижливо семијство,овие западот се стремат да не внесат во домот на сатаната,оти замислете дека сите богаташи се во некој култови,а не припаѓаат во некои Господови установи.Размислете што им прикажувате на Македонија.Бог да не чува од ѓаволот.
Од: Стојан
Датум: 04.11.2009 00:29:27
Вчера беше многу тажен ден заради елиминацијата на нашата македонска гордост Вики, Вечерта се утепавме од плачење цела фамилија, плаче Карло, плаче Кики, плаче Вики а плачеме и ние дома крај ТВ екраните, Како редовен гледач на велики брат, ова е голем шок и разочарување за мене лично , Вики одлично се бореше до последен момент и беше наша македонска гордост, Паметна, воспитана, интелигентна, а особено скромна,,,Меѓутоа, не е се изгубено. Па во куќата остана уште еден наш преставник, Кики, Приметувам дека и она добро се бори, особено со Мануел. Напред наши, и ние ширума Македонија крај малите екрани сме со вас додека се борите против Карло, Мануел, Арса...Ве гледаме и после полноќ, додека вие не заспиете, па дури и после тоа кога некој се тушира во 4 саат насабајле.
Од: goran
Датум: 04.11.2009 00:47:55
se soglasuvam,ova gubre treba vednas da se trgne od televizija ili da se prikazuva posle polnok,pa koj saka neka go gleda gubreto!
Од: Zarko
Датум: 04.11.2009 04:49:37
Statijava pocna dobro, no vo tek stana toa sto i predpostavuva deka ke bide- kompletno neoriginalna kritika. Kako prvo, realnite emisii pocnaa na zapad, taka da toa gjubre i te kako se gleda tamu. Kako vtoro, televizijata sekogas bila ogledalo na opstestvoto. Se razbira, toa sto se slucuva na GB e ekstremno odnesuvanje, no sepak toa e produkt na naseto opstestvo, i slicno odnesuvanje moze da se najde vo oderedeni socijalni krugovi. Za kraj, brazilskiot TV voditel e obvinet deka naracanal ubistva ne za da dobie pogolema gledanost, tuku bidejki tipot e lokalen politicar koj postojano izjavuval deka kriminalot vo negovata drzava ili oblast rastel (pa ubistvata sto toj samiot gi naracuval gi koristel kako dokaz deka e vo pravo).
Од: Petre
Датум: 04.11.2009 06:32:17
Гнасотии во досега невидени размери. Од наведените емисии, човек незнае која од која е по гадна.Нажалост се’ ова не е измислица на нашите ТВ мајстори, туку доаѓа од декадентниот Запад ко�� толку многу го посакуваме.
Од: dedodimo
Датум: 04.11.2009 07:02:46
Lud svet , prikaznata za ADAM i EVA. ( ZAVIS)Parite se otepuvacka ,Lugeto postanuvaat ptici (PEDERI i Lesbejki .Rimjanite ne postuvale nishto podaleku od MAJKA im. Gospod udira ,"POMPEJ" propaga za sekogash a i rimskoto kurvinsko carstvo .Gospod gleda i kaznuva ,mozda se blizi krajot ?.
Од: dr Kozma
Датум: 04.11.2009 07:48:17
Pun pogodak ! Bravo !
Од: Donald Duck
Датум: 04.11.2009 08:26:26
Kakov narod - takva programa. Koga mame 51% polupismeno naselenie vo drzavata, nemoze da ocekuvame podobra programa. Treba bar da se zastiti najmladata populacija od vakvi bljuvotini.
Od druga strana, sovetot za radio difuzija saka da gi ukune National Geographics, Discovery (World, Science i History) i Animal Planet, edinstveni kanali so kvalitetna programa, bidejki - NEMALE PREVOD !!!??? Kakov li idiotizam.
Од: повик на дивината
Датум: 04.11.2009 08:50:17
Се добро кажано.Но,едно е вистината,дека не постои таа сила која ќе го промени овој тренд.Не е чудно сето ова,кога најчудно е ,како целото свештенство,без разлика на која религија припаѓа или ја “преставува”ама баш ништо не реагира,ако не се сметаат оние неколку пуштени срамежливи зборови,во неделата,или петокот,саботата…Инаку,јасно е дека се реализира проектот,опиум за народот,подели па владеј,збунити непријатеља,...само што тоа се прави на софистициран начин.Демократијата,која се замислуваше како механизам,што ќе го ослободи човекот од прангите на едноумието,туторството,и сл.ја постигнува целта,ама за жал,таму каде што не треба..Немајќи излез од ваквава состојба,ние сеуште реализираме проекти од типот,слобода на медиумите (борејќи се за рејтинг,и исполнување на критериуми),заштита од насилство (демек,поучувањето,ако треба и со ќотек,ти било насилство,иако велеа стапот е од рајот излезен),и т.н.Е,на крајот за да заклучиме,дека,затоа на некои места во светот,заради зачувување на мора
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 04.11.2009 08:51:53
Секако, Ѓубрето од Западот го почитуваме најмногу!Чудно,но некако во МК,најмногу се напаливме на светскиот „западен“отпад!Оние позитивните работи,воопшто и не ги восприемаме!Спотови и домашни пејачки кои и не знаат да пејат,туку само да крекаат со раширени нозе (Ребека и Вукичевиќ) бесрамно си ги покажуваа пубисот и меѓуножјето на фестивал и тоа се прогласи за генијално!Пред некој ден читав ваш колумнист,кој се згрозува од Увозниот Кич (некој си Шако),но оној домашниот-го прогласува за Уметност!Не знам дали „Големата Магла“и на Запад се прикажува во ударни термини?Но секако ќе се согласите,за децата треба да се води сметка,а не да се остават слободно да гледаат глупости на ТВ и Интернет,само затоа што мама и тате се натпреваруваат во купувањето скапи Мобилни,Лаптопи,со кои,онака,Празноглави и со Полни џебови,единствено и можат да се пофалат.Каде се Научните емисии од типот Опстанок,(Бранко)Коцкица,Бушава Азбука,Цртани Филмови од Светот на Дизни?
Од: nene
Датум: 04.11.2009 08:53:07
definitivno, ako ne mozat da go isfrlat seto toa gubre od ekranite, neka go davaat posle polnok pa koj saka neka ostanuva i neka gi gleda, a ne da se prikazuvaat vo udarnite termini koga covek saka malku da se odmori pred ekranite. GROZOTIJA I ODVRATNOST i pred Boga i pred lugeto.
Од: 2101
Датум: 04.11.2009 09:03:14
Ѓубре со невидени размери е ГБ., срам да ти е да гледаш, и не ги гледаме дома кај нас ама еден кадар е доволен да се срамиме ние од оваа страна на екранот. што е тука убаво, корисно, поучно, ништо, само идиотизам .Нека се стави по 24 часот па кој сака нека гледа до сабајле а не во ударен термин, 20 часот, исто и момент на вистината и таму кој оди дебили, зарем некој мудар ке дозволи да се разголи пред аудиториумот, што сакал што не сакал, глупости
Од: zoran
Датум: 04.11.2009 09:07:58
vo vistinsko vreme Perenje na mozok na narodot ,, a sto se odnesuva do Realnite S istite se samoto dno na naseto opstestvo , a narodov nas balkanski zelen da sirne vo tuga intima i sedi doma nemrda od pred TV da neslucajno propusti nesto ... tuka zaboravivte da gi navedete meXika , spans, i turski sapunici koi traat po 500 epizodi.... A realnosta lugeeeeee Drzavata tone Grujo ja rasprodava , manuva ime , granici , se zadolzuva na site strani ......samo sedete i gledajte ama koga ke se vratite vo realnosta da ne se iznenadite
Од: jovan
Датум: 04.11.2009 09:09:17
Nataka odi cel svet, od tamu i go uvezuvame ova gubre. No toa e toa, pak se sveduva na toa da go zememe daljinskoto vo raka i da go smenime kanalot, svetot nemozeme da go smenime, kanalot da. A komentatorite koj navestuvaat deka propasta se blizela, jas samo ke kazam deka nie sme veke propadnati(mislam na svetot voopsto vo moralen pogled). Na kraj se svedovme i na toa da turskata 1001 nok e momentalno nesto najpozitivnoto sto moze da go vidime na tv. Kolku tolku ima nekoe normalno scenarijo, iako i toa e obicna sapunica, no vo sporedba so drugite degenerizirani serii, realni soua, latino-sapunici i programi, ovaa serija e "remek delo".
Од: Stradalnik
Датум: 04.11.2009 09:10:26
Site ovie gnasotii gi izmisluva i promovira najprvo zapadot, trulata demokratija. Nisto pozitivno nemoze da se najde vo niv i najdobro bi bilo koga bi mozele vednas da isceznat od nasite televizii. Od niv moze da se nauci samo nesto negativno.
Од: meri
Датум: 04.11.2009 09:11:19
Gi mrazam tie emisii, toa se e nakaradno vo ovoj tolku los zivot.Gi mrazam i ehskluziv, bek stejdz, toa se e edno golemo S.
Kade se emisiite za cesnite vrednite lugje so hobi od koj moze da se nauci nesto ili od zanaeti koi go
odbelezuvaat naseto bitie.Vo udarni termini se davaat gnasni raboti pa se cudam sto mladite nemaat ideali, dosta se i normalni.Televiziive se natprevaruvaat koj pogolema glupost ke prezentira.
Gi zalam mladive i se sramam od tie emisii.Sto me briga koj so kogo se onodi...
Од: angel
Датум: 04.11.2009 09:16:39
treba vednas da se zabrani emituvaneto.
Од: ****
Датум: 04.11.2009 09:19:26
Epa sakame da bideme vo svetot , neli?Od tamu site gluposti gi prifakame...se sto gledame e nivna ideja, a nie kako da sme retardirani , ne mozeme sami da smislime nekoja normalna emisija.
Од: bilderberg
Датум: 04.11.2009 09:19:29
neka bese opstestvenoto ureduvanje socijalizam,neka bese televizijata taa sto bese do negoviot kraj,pa ke vidime dali kiki,caki,maki,puki ke igraat goli vo udaren termin na site televizii.toa e zapad.statijata e skros pogresna ,ama e ubavo srocena i e priemciva za citanje.trebalo poaentata da ti bide,deka e ova opstestveniot realitet i skojdnevniot zivot,nasilno sproveden vrz site nas od eden nevidliv ,,veliki brat,,.taka sakaat da ziveeme,mentalno da ne zbudalat za da ne mislime na socijalni i rabotnicki prava,da ne posegame po nivniot imot sto od nas si go zemaa,da imame deca koi znaat koj e dzeri springer ama ne i goce delcev.vo taa nasoka gospogjo trebase da ti odi tekstot.ako ti dozvoluva ,,golemit brat,,
Од: trajan
Датум: 04.11.2009 09:28:42
Ocigledno avtorot se obiduva da ispravuva krivi drini so tekstov, no malku ja utnal rabotata. Najprvin kako Utrinski Vesnik najmnogu ve pocituvav kako liberalen i levo orientiran vesnik, a denes kako glaven tekst mi servirate etiki i morali. Skrieno poveke od ocvigledno e deka samiot avtor na tekstov e skrien obozavatel na vakvite shoua i 100% gi gleda koga e doa sam!Televiziite imat pravo na kreiranje na programa spored nivni kriteriumi, a graganite imaat pravo da odbiraat sto ke gledaat a sto ne. Zboruvame za etika i moral na TV, a samo so eden klik na net mozeme da gledame se sto dusa ke ni posaka. Na krajot na kraistata vo realnite showa lugeto nepravat nisto porazlicno od ona sto se slucuva vo nasite zivoti, samo sto istoto e komercijalizirano za potrebite na Show biznisot. Dosta zivemee vo 15 vek i dosta glumime eticka i moralna drzava i dosta e od novinarcinja koi sto se drznuvaat da kritikuvaat se sto ke i tekne, namesto da sednat da napisat nekoja vistinska statija!
Од: skopje
Датум: 04.11.2009 09:30:21
Ovie emisii pochnale kaj shto pochnale, (site znaeme na zapad) ama degfinitivno kako shto tamu se "zabraneti" treba i ovde ili barem da se pomestat vo docnite vecerni chasovi. Potrebni ni se vakvi statii za podiganje na moralnite vrednosti na lugjeto zatoa golem pozdrav do Utrinski Vesnik,
Од: Милан
Датум: 04.11.2009 09:31:28
Наведените медиумски моронизми, во пакет со чичолина-концептот на „Експлозив“, „Backstage" и „Фаци“ се само резултат на духовно-интелектуалниот трулеж во Републиката.
Чаре? Нема.
Од: Koj visoko leta...
Датум: 04.11.2009 09:34:23
Golemata zelba da se dostigne zapad moze da bide i osnova na mnogu problem specialno vo zemji kako Makedonija Srbija i drugi od regionot koi za demokratija se ucea samo preku americkite filmovi.Zarko i mnogu drugi znaat mnogu dobro i za problemite od ova "gubre" ovde na zapad. Treba mnogu vreme za eden narod kako nasiov da gi sodzvaka ovie realni shoua koi gi ima se pomalku i pomalku ovde na ZAPAD. Koga eden amerikanec gleda negoduvanje vo ovakov tip na program kako moze ova da go aceptira eden MAKEDONEC!!!!
Од: b
Датум: 04.11.2009 09:41:46
Никогаш не ги гледам. Ако е ова вистина што е опишано во статијава, прости им Господе на тие што дозволиле да се емитува. Луди се, незнаат што прават!
Од: Kuzman
Датум: 04.11.2009 09:51:53
Vklucete kameri vo ucilnici i vecea na bilo koe uciliste, kancelarii na bilo koja administracija ili firma ke go vidite istoto sto vi go prikazuva i VB toa e nasata realnost, a sto sistemot na moralni vrednosti ni e pod znak prasanje ne e vinoven VB nitu kablovskite operatori, kakvo opstestvo takov narod, samite sme si vinovni
Од: BRAVO
Датум: 04.11.2009 09:57:08
Retardiranite makedonki koi se del od "Golemiot brat" (kakvo li e toa ime?) e zalnata slika za kulturata kaj mladata mak populacija. Pa kade e sovetot za radiodifuzija koj treba da regagira da kazni da zabrani emituvanje na vakvi sou-programi pod sekoe nivo, koi go siluvaat obicniot gledac. i tuka ne e izbor dalecinskot upravuvac so tezata smeni kanal - pa ovaa produkcija gubre ja ima na sekoj kanal A1 i A2 se lideri vo emituvanje na tv trash (televizisko gubre) neznam zosto se deklariraat kako najgledana televizija. Zalosno no realno. KRAJ
Од: Aleksandra
Датум: 04.11.2009 10:00:04
Odlicen tekst. Odlicna analiza na problemot so soodvetni primeri i sporedbi. Kritikata e sosema na mesto i se nadevam deka vo brzo vreme ke razberat mediumite deka sepak treba da postoi selekcija za ona sto se plasira na televizija, kako najvlijatelen medium vo denesnicata.
Од: Миле
Датум: 04.11.2009 10:08:22
Секоја чест до г-дин Чулев, одлична статија. Само се плашам дека е закаснета, барем едно 10 години. За овие 10 години прикажување (наметнување) на телевизискиот аудиториум, не само „реални“ шоуа туку и останати содржини со трипл С (Секс, Скандал, Сензација) и какви се не филмови и индоктринација со перење мозок, веќе влезе „чивијата“, а особено на помладата популација - обезличувајќи ја и претварајќи ја во аморфна (моронска) маса која е зависна од ваква телевизија (неедукативна и некритичка). До младите: употребувајте го времето корисно, а тоа значи не пред телевизор или интернет, затоа што залудно загубеното време никогаш нема да се врати, а кога ќе го сфатите тоа, обично е касно...
Од: Sistina
Датум: 04.11.2009 10:18:26
Ti "Stojan" dali si dobar so umot?! Kakva Kiki, kakva Viki gi narekuvas nacionalna gordost? "Nacionalnata gordost" na edna zemja ne dava takvi idiotski izjavi i nema takvo odnesuvanje. Vakvi show-a treba da se zabranta .t.e. treba da ne gi prezemame od drugi i da gi emituvame kaj nas. Vo niv nema nisto ni zabavno ni poucno, a najmalce relaksiracki deluvaat! naprotiv, mnogu voznemiruvacki efekt imaat so eksplicitni sceni na povolo zadovoluvanje i ostanati neprikladni dejstva za pred kamera, a posebno vo trermini koga i deca gledaat televizija.
Од: комунист
Датум: 04.11.2009 10:19:18
Не се криви лугето крив е системот на уредување на државата. За време на комунизмот беше ограничено правото на слободно изразување, сега можеш се да кажеш против власта и никому ништо мегутоа секој ден ке слушате на вести дека има убиства, силување, педофилија, крвнички претепувања мегу децата, криминал, корупција,глад......
Од: karlo
Датум: 04.11.2009 10:31:40
celoto sou e tapa sobrale balkanski slajm da im glumat majmuni i porno glumici se so edna cel da se zadovoli balkanskiov seirdjiski narod.ali jako im je na roditelite na nasive pretstavnici viki i kiki ko papagalcinja da cuvaat.
Од: Горан
Датум: 04.11.2009 10:40:03
Се согласувам со тексов. Јас сметам дека голем срам се нашите представници во „Големиот брат“. Лично јас не го гледам, а и непријатно е од домашните и да го задржиме каналот пуштен, за да не се појави некоја вулгарна сцена.
Но морам да кажам дека не се соглаувам со тоа дека „Преживеан“ влегува во истата вреќа со другиве. Сосема е различна и не е вулгарна. За разлика од другиве, таму се гордеам со двајцата наши представници, кои се едни од најпозити��ните личности на островот. И сметам дека овој серијал може да се емитува и во текот на денот, за разлика од другите кои се исклучително вулгарни и добро би било да ги поместат со емитување после полноќ.
Од: viki
Датум: 04.11.2009 10:49:50
vakvi'emisii' ne zasluzuvaat vakva sustinska analiza. ova e stamota nasite tv nemaat nikakva produkcija i zatoa gi prezemaat glupostite od dr.tv.ova produkcija ne zaslizuva mesto ni na nekoj web.site, a ne da jA GLEDAAT NORMALNI LUGJE
Од: vesna
Датум: 04.11.2009 10:50:41
Ако повнимателно се размисли, свесно се оди кон отапување и оглупување на народот. Ова не е случајно. Газдите на приватните телевизии спроведуваат нечии политики. Индикативно е што се укинува се што не е стеротип како ХТВ 2 па и тв НОВА каде имаше да се види и чуе нешто (Вечерња Школа со суптилен хумор па Потрошачки код итн), се формираат клонови на приватните телевизии од А1 А2 од К5 К5 плус, за да се зграби медиумскиот колач. Овие клонови имаат подобра програма но таа оди на кабловска за која се плаќа а на обичните ТВ канали за тие што немаат пари и кабловска глупости како наведените програми Бумбарката Вести се едни исти. Некогаш дури и МТВ има подобра програма. Па со тек на време луѓето сакале несакале ја прифаќаат понудата.
Од: kastriot
Датум: 04.11.2009 10:59:50
ova makedonkata osven da da kreva noze i da imitira prostitutka ne znae drugo,golem stram za makedonija .nashite prestavnicki davat losho mislenje za celiot narod vo makedonija,stramota
Од: Дегутантна тв програма
Датум: 04.11.2009 11:22:28
Проблемот со македонските ТВ е сериозен и задира во општата интелектуална состојба во РМ. Македонските ТВ новинари, без никакво пошироко образование и со невидено ниско интелектуално ниво импровизираат новинарство,без никаков истражувачки пристап. Само се емитуваат голи вести по цел ден /само со читање/ и тао со ист текст, што значи новинарите само си ги разменуваат од кога ќе заминат од прес конференциите во СДСМ и ВМРО. Нити државната ниту приватните немаат играна продукција, образовни емисии, популарно- стручни расправи, прави дебатни емисии, и ако ги има соговорниците не можат да дојдат до збор од водителот, кој се знае. И притоа сите новианри своите емисии си ги прогласуваат за најдобри. И останува преземање серии и забавни емисии од ТВ на соседните земји, а зборуваат за заштита на интелектуална сопственост!!! Чија? И, зошто ги нема агенции како АГБ Ниелсен, како во Хрватска, Србија, за испитување на тв гледаноста. За среќа постојат кабелските кои сите не може да се забранат.
Од: Адам од Говрлевос
Датум: 04.11.2009 11:27:29
АНАРХИЈА; ЈАВЕН НЕМОРАЛ; ДЕКАДЕНЦИЈА. Фали уште да се легализира лезбејството и педерството, и да им се даваат дечиња на посвојување! Божја земја?! Божји луѓе?! Ред и поредок?! А и новинарите и социолозите и поповите и оџите и учителите си траат за корка леб. Ѓаволот доасѓа по своето, оти ова се плодовите на обезбоженпоста и обезличениста, на сексуалната револуција и фемиизмот во којшто жената стана маж, а мажот жена. Имаше времиња кога на неморалот се покажуваше со прст. Сега со прст се покажува на моралот, на чесноста, оти тоа било патријархално, назадно, селски,... Загадивме се’, па и јазикот наш милозвучен. Скоро никој не акцентира по македонски...
Од: Mia
Датум: 04.11.2009 11:35:16
Dragi moralisti, gi citam komentarite i vi se cudam barate red vo svetot? Vospituvanjeto na vasite deca treba da go pravite doma, a vie dragi moi nesakate da napravite red vo domot i go ostavate TV-to ukluceno cel den i ocekuvate mediumite da vodat smetka, zosto na vasite deca ne im objasnite sto e dobro a sto loso po vasi kriteriumi?Zosto na vasite deca im velite najdi bogat soprug-ljubovta ke dojde so parite?. isto i na uciliste profesorite se tie koi treba da vi gi vospituvaat decata. Golemiot brat go gledam kako edna eksperimentalna programa-sto pravat lugeto zatvoreni na mal prostor bez rbota i seriozna aktivnost. Mislat samo na seks-pa toa e normalno, a vie zosto gi gledate? pa svrtete go kanalot. Ljubovta e dadena od Boga i taa ne e grev, gresni vi se dragi moi vasite misli, i se razbira nemate vreme za vasite decabidejki zarabotuvate pari.9490 Razmislete malku...
Од: A
Датум: 04.11.2009 11:39:49
Kako sto pominuva vremeto, treba da se krene granicata za polnoletnost, od 19 na 25 god. denesnive deca se izgubeni vo prostorot i vremeto
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 04.11.2009 12:06:21
sakam da go objavite ova.dali nie sme uste juzna banovina na srbija me interesira?kade e toj sovet za radiodifuzija ili nemalo zakonska ramka.pa neli sega sme so dpmne epten pravna drzava.zatoa ne cinat obn,htv2,nova za da gledame nekoja srpska bagra ili nekoi skopski promiskuitetni zenski kako se ponizuvaat na srbite.nasite tv se za zalenje.sekoja cest na telma i alfa bravo za niv.taka treba da se odnesuva edna tv pred naletot na shund i kich.zosto pink ne se isklucuva me interesira?a moze obn,nova ,htv2 e mizerio makedonska do koga?
Од: Mene
Датум: 04.11.2009 12:16:07
HAHAH,VIKI bila makedonska gordost....Pogolema glupost zdravje....:)))Vo kukjata Viki se "izraboti" samo za MAKEDONIJA...Strasna rabota
Од: lenin
Датум: 04.11.2009 12:21:08
Zosto da ne? Mrtv tone a piljarskite televizii pravat sto sakaat. Poglednete ja htv ili tv nova. Prvata e megju 10 najdobri vo evropa a vtorava edna od podobrite televizii na balkanot. No samata drzava se pogrizila za da tie tv stanici bidat takvi kakvi sto se.Ovde pak bez nikakvi zakonski resenija bez strategija i sto e najtragicno bez demokratija ni se slucuva perverzija Ne samo od vakvi tv emisii tuku i od reklamite na ovie zevzeci sto ja vodat drzavata.Vestite pocnuvaat i zavrsuvaat so vladata i toa na site tv kanali zatoa sto istata e najgolemiot sponzor na mediumite. Nacionalniot servis nesmee duri ni da pomisli da stane nacionalen vprocem so Tomic nemoze da bide nitu tv na mesna zaednica a ne na site gragjaniToa ne e MRTV tiku GRUJOTV. Taka da kakva drzava takvi televizii Za pokolenijata nikoj ne misli!
Од: ana
Датум: 04.11.2009 12:26:34
potpolno se slagam! site nabroeni emisii se pravo gjubre! tv nemam ukluceno od odamna.....sram mi e da gi gledam, a i novite kvizovi! katastrofa! Natali i Dac......uzas!!! ne mi se veruva sto se ima po tv kanalite........nekoj neka prevzemi nestoooo!!!!!!!
Од: mercato
Датум: 04.11.2009 12:41:07
pod hitni da se iskluci a1 sitel
Од: Aptekar 17523
Датум: 04.11.2009 13:21:34
Ne se slagam so avtorot na tekstot.Dalecinsko zavrsuva rabota.So edno stiskanje na crvenoto kopce,gi snemuva site poluidioti i kretenoidi koi sto imaat koeficient na inteligencija kolku sto im e brojot na kondurite, a se protagonisti na ovie debilavi emisii .Najmnogu me rastazuva sto ucesnici od Makedonija vo site ovie debilavi emisii se nesto najmarginalno sto ima ovaa prekrasna drzava.Ne brukaat.Odzemete im drzavjanstvo i neka ostanat vo onie svinjci kaj sto se sega.Da zivee Makedonija!!!!
Од: elena
Датум: 04.11.2009 13:35:44
Ajde vi se molam objasnete mi kako jas da ne se plasam da go uklucam televizorot koga moite deca sedat i gledaat takvi gnasotii. Tie raboti koi se pokazuvaat na golemiot brat, se narusuvanje na inimata na lugjeto! Mislam, jas sto pravam so mojot soprug zad zatvoreni vrati e moja i samo moja rabota, a ne da me gleda cela balkan, i uste da se gordeam so toa. Kako ja da im objasnam na moite deca zosto taa tetkata tamu seta po tanga, i zosto mama se presoblekuva vo spalna koga tie tetkite tamu si setaat slobodno skoro goli? Dali nekoj razmislil deka toa na nasite deca im deluva kako nemoralna injekcija? Pa do koga so ovie mizerii? Jas imam dve kerki bliznacki, i dokolku gi vidam nekogas takvi, nema da bidam gorda na niv, a najmalku na sebe. Ovaa "zapadnizacija" mora itno da prestane! Strasno!!!