Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3450

Си велам

Кој ќе се испазари за 5 мин.

Ерол Ризаов

Отворен медиумскиот акшам пазар

Д алтонизмот како епидемија ги напаѓа партиските првоборци за власт најбрзо во критични ситуации. Тогаш тие гледаат само црно-бело. Несреќата е во тоа што другите кои ги препознаваат сите бои и нијанси ги прогласуваат за ќорави и слепци. И успеваат во тоа. Таа црно-бела слика деновиве во огромни количини се излева од македонските медиуми како загадена река полна со фекалии. Во Скопје има една таква. Серава ја викаат. Кој ќе фрли камен во тој ѓериз ќе се испрска и избербати по сопствена вина. Гледаме во живо по цел ден и по цела ноќ како власта и нејзините апологети и медиумски „трабанти“ не се симнуваат од екраните каде што тропаат на отворена врата за борба против криминалот. Со тоа сакаат да ја оправдаат злоупотребата на полицијата по упадот во А1 и загрозата на слободата на медиумите.

Било нормално и воопшто не било страшно ако неколку одреди разни родови до заби вооружени специјалци малку ги заплашат и новинарите, онака патем, додека прават даночна и финансиска контрола. Ништо не е страшно ако ги чукнат по писка новинарките кога тие толку аздисале, па кога сакаат влегуваат или излегуваат од студијата и од канцелариите. Голема работа ако главниот уредник е опколен со 10 специјалци. Тоа е убава слика за македонската демократија. Се нашол човекот на погрешно место, во погрешно време. Бил на работа кога не треба.

Интелектуалните перјаници на опозицијата, пак, ни кажуваат колкави глупаци и морони сме сите ние што не препознаваме попречување на новинарската работа и загроза на медиумските слободи и независноста. Сме мешале баби и жаби кога покрај одбраната на новинарството укажуваме и на последиците врз новинарството од непочитување на законите што треба да ги регулираат односите на медиумскиот пазар, или кога укажуваме што е сопственост, а што дејност.

Се согласувам, да ја оставиме борбата против затајувачите на данок и финансиски криминал на надлежните институции и судовите. Сите се невини додека судот не пресуди. Таков е редот, такви се правилата и законските норми во демократските системи. Предистражната постапка е во тек. Сомнително е што секој детаљ во оваа фаза на постапката, кога уште нема кривични пријави, експресно се соопштува преку провладините медиуми. Некому многу му се брза да го придобие јавното мислење пред да има судска разрешница. Тоа стана правило во Македонија. Од друга страна, сопственикот на А1 и на дневните весници „Време“ и „Шпиц“ ги вади валканите алишта сега откако направи пустош на медиумскиот пазар во спрега со властите. И тоа е вообичаено во Македонија.

Сите медиуми кои се надвор од контролата на власта мошне јасно, ни малку недвосмислено им даваат подршка на новинарите на А1 телевизија. Ја осудуваат жестоко полициската интервенција, како флагрантна злоупотреба на власта, го демаскираат притисокот врз оваа гледана телевизија. Многу индикативно е зошто тогаш и тие се изложени на критики од опозицијата, па и од новинарите на А1 и од весниците на Рамковски. Во што е проблемот. Па, проблемот е во тоа што ние гледаме и добро чуствуваме попречување и на нашата новинарска работа многу поодамна.

Еве неколку прашања до почитуваниот Љубомир Фрчкоски и до неговите истомисленици, кои велат дека треба да се концентрираме само до загрозата на А1 и светоста новинарите да работат непречено. Ако паднала А1, ќе паднат сите, а изданијата на МПМ ќе бидат испазарени за 5 минути. Го прашувам г. Фрчковски јавно да образложи што мисли кога пишува, во изданијата на МПМ, дека тие ќе бидат испазарени. Како што стојат работите, многу е поверојатно дека Рамковски ќе се испазари за 5 минути или за неколку дена, сеедно. Секогаш кога се пазарат власта и сопствениците на медиуми, паѓа драматично цената на новинарите и новинарството. Тоа досега го видовме повеќе пати.

Но, да ве прашам уште нешто, дали не е сериозна загроза на новинарската работа ако медиумски магнат дрско не го почитува Законот за радиодифузија, па заедно со најгледаната телевизија противзаконски концентрира сопственост и на повеќе дневни весници и печатени медиуми кои се раздаваат без пари, за пет денари или со грепки, а тоа го плаќа и власта. Дали е тоа само обична и нормална конкурентска војна како што сакате да прикажете. Што мислите зошто законодавецот се определил за вакво ограничување да не може сопственик на електронски медиум да има и весници и списанија. Дали воопшто можете да претпоставите колкава е штетата за другите медиуми од ваква концентрација и синергија. Колку тоа ја попречува нормалната работа на другите новинари. Тоа, г. Фрчкоски, е уништување на професионалното новинарството, не помалку страшно од упадот на полицијата во А1.

Колкава е агонијата на новинарството ако, по сопствено признание, земате пари од буџетот за рекламирање на Владата и партијата на власт со 60 отсто попуст.

Што мислите, кога медиуми само за поддршката на власта добиваат по повеќе милиони евра годишно буџетски пари во сиромашна Македонија, дали тоа не ги загрозува другите медиуми кои професионално ја водат конкурентската битка. Сето она што мораме скапо да го платиме нашиот конкурент, кој ги крши законите, го добива на тацна со наши пари. Тоа не е обична конкурентска војна. Тоа е осуда на смрт, без судење. Има ли во овој садомазохизам и нешто друго освен пари и гола перверзна војна за власт и за медиумско влијание по секоја цена. Мислам дека има уште нешто потрагично. Тоа е огромното лицемерство јавно презентирано од борците против криминалот, иако се до гуша во него, и од борците за медиумски права и слободи, кои досега не видоа загроза на непречено работење на медиумите засегнати од синергијата на властите и на своите коалициони партнери, медиумски магнати. Сите власти го толерираат незаконското работење на своите медиуми со рок на траење, додека ја имаат подршката на медиумот и сопственикот. Кога ќе ја изгуба��, праќаат одреди полиција, инспекции и кривични пријави. Додека сопственикот не се премисли. Ќе го гледаме ли деновиве овој филм повторно. Јас мислам - да.


#
Статијата е прочитана 2749 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.12.2010 12:56:16
Никаде во текстот нечитаме за ,,загрозата,,викана насилно рушење на легална власт која се промовираше од опозицијата токму од посочениот колумнист вторнички во Дневник со своите камаради како Петров,Макрадули,Ивановски и подоцна пред странските амбасадори г-ѓа Шеќеринска.А се пред демократски настроените а истормозени новинари од А1.Вероватно биле во длабок афект кој еве трае една и кусур недела,го нема Борјан,ја нема неговата колешка.
Од: Збогум СДСМ
Датум: 03.12.2010 13:02:42
Ероле, не се прави светец. Колку пати до сега и ти добро си се испазарил.
Од: ne e bitno
Датум: 03.12.2010 13:05:31
Ubavo napisano. Samo edno ne mi e jasno. Zosto grupa na nezavisni novinari ne si osnovaat svoja izdavacka kuka? Mora li da rabotat za singovci, veliji itn? Ako treba kapital-najdete. Imate evropski, svetski fondovi, fondacii, dijaspora, ima cesni luge. Se se pocnuva so malku, treba da se ima samo vizija i verba. Zosto sekogas treba da ste zavisni od nekoj tret? Zosto? Ne mi kazuvajte deka "taka e toa vo Mk, ova ona". Taka e zasto taka ste go napravile.
Од: забеган.
Датум: 03.12.2010 13:14:38
Веќе го гледаме,,,,,,,,,,,,,Дали е пазар или не тоа ќе следува.
Од: belomorec 3
Датум: 03.12.2010 14:24:59
Erole poleka,poleka se popravas.Te prasuvam?Kade vide upad vo A1 koga redovno se emituvase programata,a opozicijata i edno cudo lesinari i ulizgovci,na celo so Frckovski{profesor-sramota}vleguvaa vo A1 kako da pominuvaa nis sirenje.Dali novinarite mozea da izvlecat dokument,disketi i drug materijal od koj moze da se otkrijat mnogi kriminalni dejanija.Zosto Bisevac preku telefon placese deka ne moze da si odi doma,koga site kolegi mu bea vo studioto.Zosto vreskaa novinarkite od A1.No mozez i imas vreme za po objektivni kolumni.Gospod ke ti prosti.
Од: lavce
Датум: 03.12.2010 14:38:46
E ovoj Felix so tie negovi recenici:nasilno rusenje ne legalnata vlast : koe go spomnuva vo sekoj komentar mi gi podu madinjata. Kako papagal povtoruva nesto sekojdnevno. Ama dobro e sto cita i nekoj od vesnicite koi ne se plateni od (legalnata vlast), pa mozebi i ke razbere eden den deka ne e se crnoi belo. Znaes ti Erole deka imas citateli koi gi cekaat tvoite kolumni i prodolzi so kritiki , ovie ke polajat uste malku ama ke otidat vo istorijata kade sto ke bidat spomnati so nekolku zbora samo.
Од: Hari
Датум: 03.12.2010 15:10:23
Abe Srecko, nesreco edna, preku 10 kimentari pisuvas za mozen bunt, pa i da te razbere covek prpa te faca i tebe i sefot tvoj posle onaa papazijanija sto ja napravivte od drzavava. Son ne te faca od SDSM pa sto mislis ti vecno ce go kradete i lazete narodot i vladeete.Toa ne odio edno so drugo. Gebels paklese pred 100 god ama deneska jok.
Од: Трајче Трпевски
Датум: 03.12.2010 15:31:53
Одличен текст! Само имам забелешка околу "концентрацијата и синергија": Кога МПМ ги купи трите најсилни (на времето најверојатно и единствени) Днен��к, Шпиц и Утрински - замислете за каква економска и медиумска моќ била сконцентрирана кај само еден газда во случајов МПМ.
Од: Миле - Охрид
Датум: 03.12.2010 17:03:19
„злоупотребата на полицијата по упадот во А1 и загрозата на слободата на медиумите “ е само конструкција и замена на тези на потпалувачите на меѓупартиски, меѓурелигиски, меѓуетнички тензии, заради предизвикување на немири и дестабилизација на Македонија. Некои тоа го викаат пироманство, некои манипулација. Јас би го нарекол залуден обид на подржувачите на грчките шовинистички уцени, по насилен пат, да октроисаат власт која ќе го промени името на државата.
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.12.2010 18:07:21
Dzabe "Lavce" toa mu go spomnuvas na Felix. Jas i direktno ,vo eden poranesen komentar,mu postaviv prasanje za "zakanite za nedemokratsko rusenje na legalna vlast" so posocuvanje kup prakticni primeri,no odgovor seuste cekam. Verojatno onoj sto mu go pisuval ili odobril tekstot,ne mu go napisdal ili odobril odgovorot!!!! p.s. Felix,edno sedum-osum pati komentirav za "suster mator",no "pogresna sifra",pa dignav race. Vo ovoj komentar ednas imase "pogresna",ako povtori i od tuka ce dignam race,kako i od dnevniot vesnik voopsto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ne mi izgleda se najcisto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Mapkoc
Датум: 03.12.2010 21:52:41
„Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се заинтересираа за тврдењата на сопственикот на А1, Велија Рамковски, дека премиерот Никола Груевски ги плаќал рекламите на ВМРО-ДПМНЕ на оваа телевизија со буџетски пари.“ Се плашам дека овие тела - како би било во озбилна држава – немаат сили да го притиснат г. Рамковски да „пропее„ за повеќегодишните „каузални„ односи со ДПМНЕ-власта, што подразбира и двонасочен тек на парите - државни, секако. Не очекувам дека јавноста ќе знае дали тој воопшто повлекол конзеквенции за навистина тешките обвиненија. „Благо чувство„ на проф. Фрчкоски пак, дека МПМ-медиумите ќе биле „испазарени„ за 5 минути (Дневник, 30. ноември), разочарувачка е, неморална и противречна во иста колумна, како да авторот добил „валунзи„. Леснотијата со која тоа го сторил, ме поттикнува со иста леснотија да го запрашам: колку СЕКУНДИ би му требало да прифати покана на „омразената„ ДПМНЕ-власт, да биде именуван - на пример – за амбасадор на РМ во Обединетите нации.
Од: Johnny
Датум: 03.12.2010 23:38:03
Na narednite izbori Grujo so svojata bratija ke storat se za da izvrsat pritisok vrz glasacite, opozicionite mediumi,ke pimenuvaat sila,ke se zakanuvaat na vrabotenite vo javnata administracija so brkanje od rabota,ke potkupuvaat glasaci,so eden zbor ke gi koristat site nedemokratski metodi za da prodolzat so svoeto vladeenje.Ama i pokraj sluzenjeto so ovie nedemokratski metodi, ke padne od vlast.Ete taka ja razbrav jas Sekerinska gospon Feliks.Ne se plasi,kaznata ovaa vlast ke si ja dobie niz instituciite na sistemot koga kriminalot nema da im go "otkrivaat" clenovite na familijata tuku nekoj drug i kga navistina ke bidat ednakvi pred zakonot kako i site drugi.
Од: Бабунец
Датум: 04.12.2010 09:33:54
Новинари -калкуланти и газди - манипуланти. Последниве, сите заедно да ги собереш нема да стокмиш ни половина интелектуално битие. Џамбази кои тргуваат со граѓанинот и газат врз достоинството на новинарската професија. Прашајте го Велија, на колку колумнисти во Време не им платил ниту денар, а стандардот на вработените е на работ ба социјалниот минимум. Новинарите терба да ја изборат битката, а не инспекциите. Тоа се две различни сфери што во тој драматичен случај во а-1 на Велија му одговараше да ги замеша. Тоа е во стилот на неговото традиционално манипулантство.Новинари, освестете се, во име на сопственото достоинство, во етиката на професијатаи на крајот заради читателите, гледаќите и слушателите. Така ќе ја извојувате битката за проветрување на вкупниот демократски амбиент во државава, загрозен од криминални типови од секакви профили и бои.
Од: Реално гледање
Датум: 04.12.2010 09:36:18
Не знам каков професор е Лј. Д. Фрчкоски, но, како политичар е една голема „тапа“. Несериозен, недоговорен, препотентен, неоперативен...... Најголема грешка на СДСМ и Б. Црвенковски беше тоа што „регрутира“ голем број префесори, за кои, со сета сериозност и одговорност, тврдам дека се најслаби политичари! Тие општеството го третираат како амфитеатар полн со студенти, кои некритички мораат да ги прифаќаат нивните ставови. Воопшто не се оперативни и се однесуваат крајно догматски!

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Жаклина Ѓорѓевиќ
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Мислења
Ивор Мицковски
Меридијани
Сајмон Честерман

„Таксират“
Ерупција со Ману Чао

 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars