Битката за прва фотелја во Ресен не ја поштеди „Аквапура“
Во меѓупартиските пресметки втурнат и португалскиот инвеститор кој треба да гради во Отешево
РЕСЕН - Битката за градоначалничката фотелја во Ресен не го поштеди ниту португалскиот инвеститор „Аквапура“, кој планира да вложи околу 70 милиони евра во елитен туристички комплекс на брегот на Преспанско Езеро. Во трката за освојување гласови од избирачите се разгоруваат страстите меѓу двајцата кандидати од власта и од опозицијата кои ќе ги одмерат силите на 5 април. За вториот круг од локалните избори, со тесна разлика од околу 600 гласа, се пласираа актуелниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски од СДСМ, и Михајло Волкановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Волкановски на вчерашниот прес, покрај брегот на туристичката населба Отешево, обвини дека неговиот ривал Бузлевски три години ги лажел и ги убедувал ресенчани дека португалскиот инвеститор ќе гради туристички комплекс. Но, како што рече тој, наместо да се гради нешто, брегот на Преспа личи на руина.
„Во 2006 година, само неколку дена пред парламентарните избори, Бузлевски, со непосредна спогодба, продаде 400.000 квадратни метри од брегот на Преспанско Езеро на ‘Аквапура‘ за само 62 денара квадрат. Овде се кријат криминални активности за што ќе се вклучи и Обвинителството“, најави Волкановски.
Според опозицијата, во оваа матна продажба како зелена површина била отуѓена дури и болницата за белодробни заболувања во Отешево.
За оваа продажба се водел и судски спор меѓу Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски, потврдува и директорката на болницата, Мирјана Коцовска-Гулевска.
„Во 2006 година се соочивме со проблем, дека болницата не постои како објект при продажбата на земјиштето на ‘Аквапура‘. Тие ја презеле болницата преку катастар заверен на нотар. Ние, вработените, решивме да тужиме и да ја бараме сопственоста на објектите. Сега чекаме одлука од судот во Битола“, изјави Гулевска.
За кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се лаички и без аргументи.
„Во Македонија постојат закони. Надвор од сите ингеренции на општинско ниво е располагање со земјоделско и градежно земјиште. Ако сака да биде сериозен противкандидат, нека се подготви кога дава изјави за медиуми, а не да изгледа смешен пред јавноста“, возврати Бузлевски на обвинувањата на Волкановски.
Според Бузлевски, градежните работи во Отешево се' уште не започнале, бидејќи и по една година, инвеститорот нема дозвола од Министерството за транспорт и врски за изградба на туристичкиот комплекс.
„Како општина, ја даваме само логистичката поддршка. Работите во Отешево ќе почнат кога Министерството за транспорт ќе даде согласност на урбанистичкиот план кој чека на одобрување цела година“, нагласи Бузлевски.
Со жалење дека без вина биле втурнати во изборната каша, по ваквите меѓупартиски пресметки се огласија и од „Аквапура“. Оттаму се убедени дека португалската инвестиција во Отешево ќе биде гордост за сите граѓани на Преспа.
„Инфраструктурните зафати се веќе започнати на терен. Кога ќе биде усвоен урбанистичкиот план, тогаш ќе започне и градбата на објектите. Тимот на ‘Аквапура‘ направи гест, со предлог до болницата се' што е нејзин терен да биде бесплатно вратен на Република Македонија, за неограничен период. Не сакам да навлегувам во она што се нарекува локални избори, бидејќи тоа е далеку од она што значи ‘Аквапура‘. Би било жалосно оваа инвестиција да се злоупотреби на брутален начин“, изјави Јордан Плевнеш, интернационален координатор на „Аквапура“. (А.Б.)
Mozete slobodno da dojdite vo Resen i da vidite do koe deredze stignato ova vmro dpmne vo Resen koi edinstveno so zakani i so uceni znaat da dojdat do nesto mu se zakanuvaat na sekoj gragjanin vo Resen, a vo megjuvreme dojden e konjot najgolemiot kriminalec vo istorijata Konjanovski da gi teshi ovie napateni propaleci na celo so aramijata Misko Volkanovski koj ja uniste i ja ukrade cela suma i napravi steta od nekolku milioni evra i neprocenliva steta za prirodata. Se dodeka ne dojde denot Konjanovski i Volkanovski zaedno ne zgnijat vo zandanite se dotogas loso mu se pisuva na Resen i Makedonija. Pozdrav do utrinski.
Napred SDSM napred Dimitar Buzlevski, gradonacalnikot koj nosi investicii koi mu gi koici ovaa vlada.
Од: MKD
Датум: 27.03.2009 02:10:22
Letoska bev nekolku dena vo Stenje na odmor.Prv pat vo zivotot.Prekrasna priroda,vozduh,so eden zbor bozeva ubavina.I se gledaat tazni ostatoci od ona sto ovoj del od Prespansko ezero nekogas bil.Ruinirani letuvalista,hoteli,restoranti,prazno ezero,uste poprazni plazi,mal,zalno mal broj na turisti,po nekoj zalutan Holandez,germanec,penzionaeri,drustva na mladi od okolnite gradovi,smesteni vo kukite na svoite predci.Doagaat samo za edno popladne ili za den,dva i nazad.Seto toa okolu niv morbidno im deluva.nemaat vreme da ja pocustvuvaat ubavinata.Eden den resiv da ja vidam taa famozna Akvapura.Ogromno pano ,iscrtano,proektirano,planirano i finansiski i vremenski i toa strogo.No osven mali oblacinja prasina tamu nekade vo dalecinata i po nekoj rabotnik zalegnat vo senka,nemase nisto drugo.Ni Akvapura,ni hoteli,ni Portugal,ni Brazil,ni ribarsko selo,nothing.A Resen (setalisteto)sredeno,raka na srce.Fino izgleda.Koj pravel i koga ne znam,ama redno bese da se stavi nekoja klupa vo bastionot
Од: cd
Датум: 27.03.2009 02:16:09
nema nikoj ama nikoj sto e protiv aquapura vo prespa !!!!! samo problemot e sto sekogas aquapura se pojavuva pred izbori !!!!!!
izlazime ednas sram da ti e tebe!!!!!! izlazime dva pati sram da mi e mene!!!!!!!!! izlazime tri pati sram e za dvata
pozdrav cd
Од: RG
Датум: 27.03.2009 06:49:23
Kako Makedoncec koj zivee(l) i rabotel vo Porto-Portugalija, mozam da vi kazam dea ova so Akvapur e cista izmama. Cela Portugalija momentalno e vo gadna frka i strajkovi za zacuvuvanje na sekoe rabotno mesto, krizata vo EU najmnogu gi pogodi Portugalija, Grcija i Irska, i sega mozno e cela Portugalija da bankrotira. Akvapura e isto pred kolaps i nim na raj pamet ne im ide da investiraat vo Makedonija vo ovie vreminja. Ovaa investicija uste od odma otpisete ja i pocnete da gradite bachila vo Oteshevo, poveke se isplaka cistokrvni ovci da se odgleduvaat otkolku od ovie sapunicharski portugalci da cekate investicija.
Од: jas
Датум: 27.03.2009 11:28:56
ke vidite uste malku koga ke go klaat buzlevski zad resetki:))))))))))) zaloznik na branko!
Од: Марија
Датум: 27.03.2009 17:34:06
„Аквапура“ ? Не знам дали добро прочитав ? Па фирмата е пред колапс, отворете на интернет и ќе ги видите инвестициите на оваа фирма. Зарем ресенчани и по толку лаги изречени од Бузлески се уште му веруваат? Не, сигурна сум , во Ресен ќе победи разумот ,и туризмот, и заживуването на градот ,а тоа е можно само со Волкановски.