Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Ужасна убавина се раѓа

Живко Богоевски, Прилеп

Јејтс, славниот ирски поет запишал: „Многу долго жртвување може да создаде камен во срцето”. Тие зборови зачудувачки точно ја отсликуваат нашата реалност. Сите во градите имаме скаменето срце од долгите жртвувања низ транзицијата, градењето на државата, нацијата и националната гордост, копнеењето по европска почит и респект, сонување за достоинствен живот, мир, благосостојба и среќа. По сите овие долги години ветувања, откажувања и саможртвувања, во име на остварувањето на спомнатите соништа, што низ вековите ги сонувале безброј генерации наши дедовци и прапрадедовци, кога го видовме плодот, „Розмариното бебе”, што се роди и распосла низ нашите простори, во градите ни зачука камено срце, кое со силните удари на ладна бесчувствителност, со секој удар ни ја крши градната коска и ни го одзема здивот, а ние стоиме онемени и скаменети, како магепсани, гледајќи го плодот на нашата мака и жртвување.

Не, тоа не беше нашиот сон и престанете да не' лажете, вие измеќари на лагата и вечни сопатници на манипулациите, нечесноста и сејачи на магла. Погледнете од своите возила и канцеларии, можете ли да ги забележите празнините во очите, кои немаат никаква надеж, гладните и испукани усни, на кои единствена надеж им се контејнерите или питачењето, мајчините солзи по младоста која ни бега во неповрат, родителската грижа за судбината на децата без иднина и перспектива. Дали можете да видете насмевка, освен на своите гала-приеми, дали можете да слушнете спонтана песна на нивите и полињата. А како можете да видете насмевка и да слушнете песна од лица ограбени, обесправени и заробени во вечна лага, без иднина и сон за подобро утре? Дали мислите дека со фонтани, камени коњаници, нови храмови и лажни приказни и молитви ќе им помогнете да не чувствуваат глад, ќе им го вратите сјајот и вербата во нивните очи, ќе им го откамените срцето и ќе им продадете нов привремен лажен сон? А вие ќе продолжете да живеете како „бубрег во лој“, во неморал, лага и подлост? Еден народ може да го излажеш еднаш, можеш да го излажеш два-три пати, но не можете да го лажете вечно. И ќе завршам со големиот Јејтс: „A teribble beats is born“.


#
Статијата е прочитана 1258 пати.

Испрати коментар

Од: Od avtorot na tekstot
Датум: 10.07.2009 00:17:57
Napravena e pecatna greska vo stihot od Jejts, golem irski poet i golem borec i podrzuvac na irskata nezavisnost , pa istiot dobiva drug smisol. Stihot pravilno glasi:" A terrible beauty is born", ( Uzasna ubavina se rodila). So pocit od avtorot na tekstot
Од: Maestralen davitel
Датум: 10.07.2009 07:44:56
Bravo Zivko! Ti si vistinski vtor Koco Racin! Probaj sledniot pat tekstovite da gi pisuvas vo stihovi.
Од: Cande
Датум: 10.07.2009 09:08:11
Alal vera Zifko!! Za ovie dobri stihovi sto gi imas ubavo sostaveno mozam da recam Bravo, arno ama ova pisanovo koe go imas nameneto za golemcive da ti kazam tie imaat mreza pred ocite i negi razbiraat ovie tekstovi ,a i sluh za vakvi zborovi ne posedovaat ,Narodot na ovie prostori e macen i nemat bel den videno od vremeto od Aleksandar pa se do den denes ! a i kako e trgnato nemat ni da vidit,najzalno e toa sto od 1991 godina navamu sto sopstvenite vladari go kradat i lazat ,nekogas tugi vladari ama koga te laze i krade svojot sto sami go izbirame togas boli najpojce
Од: bramoni
Датум: 10.07.2009 09:11:33
do maestralen davitel: primitivna reakcija na neobrazovan covek, koga ke se sudri so nesto vo koe ne moze da pronikne.Kamo da imame iskreni analiticari kako Zivko malku povekje, lugje sto citaat, sto sozdavaat mentalen kapital, a ne daviteli (vo bukvalna i prenosna smisla) kako ovoj "maestralniov". Kutriot davitel, nema cueno koj e Jejts...ha ha ha
Од: Donald Duck
Датум: 10.07.2009 10:08:17
Odlicen tekst....Bravo za avtorot
Од: marija
Датум: 10.07.2009 12:22:45
Prekrasna statija. Kolku i da se teski i bolni konstataciive, sepak cuvstvoto e prijatno koga gledas deka postoi intelektulna misla . Znaci, postoi nadez!!!!!
Од: Projko
Датум: 10.07.2009 13:50:45
Ем Живко, ем Богоевски, а ваму цмиздриш... Нашите стари ништо не чекаа од државата. Во Мариово мораше самиот да си го заработиш лебот, а навечер да вечераш на борина и да си легнеш со самракот за да станеш со зората... Само кога ќе требаше да се бие битка, да се гине ако треба за Татковината, тогаш се тргнуваше, ама без лелек, туку машки. Сега само цмиздриме, само лелекаме за сенешто и од сенешто, иако ниту толку ни е лошо ниту пак сме гладни. Не готват да не’ збришат од историската карта на животот... Се срамам поради ваквите гледања пред гробовите кои денес не се ни спомнуваат, а загинаа за Македонија и Македонците. Сега сме меки; сега дома ни се краде државата, а ние гракаме како гладни гуски.Кај отидоа мажите?; Мајките?; Хероите; - се е дрогирана лезбо/хомо анимална маса, да ми простат животните (тие за се имаат ред),.... А ние? Си ја фалсификувавме и душата и телото, и само лелекаме - штири и неплодни. Во херојските времиња предавниците се казнуваа - без лелекање...

Најди! во Утрински
Писма
Доцна се сетија
Постојано малтретирање