Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Овен

Никако не можете да ја пронајдете златната средина и постојано одите од крајност во крајност. Или се нервирете или сте потполно отпуштени, или премногу работите или се излежувате. Моментално зрачите со оптимизам. Планирате деловни и пријатни случувања што ќе резултираат со најповолен исход. Имате подршка од Лав или Стрелец, па затоа избегнувајте да влезите во конфликт со нив.



Бик

Се бунтовате против оние кои се обидуваат да ви ги наметнат идеите и да ве ограничат во некоја активност. Сметате дека сте доволно паметни за да размислувате со сопствената глава и сами да донесувате одлуки. Исправно размислувате. Бидејќи ќе бидете напнати, одбидете се на ваш својствен начин да се релаксирате. Можни се проблеми со срцето, но не е ништо сериозно.



Близнаци

Бидејќи можете многу работи да ги извршите со леснотија, слободно проширете ја листата со обврски. Во добра форма сте, што и не се случува често, па искористете ги своите пет минути. Со Стрелците остварувате плодна деловна соработка. Склони сте кон погрешни проценки и дијагнози.



Рак

Се ви се одвива во стилот, топло-ладно. Доколку се занимавате со култни теми, посредување во продажба на недвижности или банкарство ќе постигнете успех. Во спротивно ќе бидете незадоволни и помалку нервозни. Некоја Водолија по којзнае кој пат ви ја враќа вербата во љубовта.



Лав

Добро се чувствувате, но некоја личност константво ви се меша во животот и работата и ви пречи во донесувањето на независните одлуки, па се нервирате. Сте си поставиле нескромни цели, така да немојте да се грижите доколку нивната реализација задоцни. Опуштете се и размислувајте за романтичното патување кое ви претстои. Доколку сте сами, на патувањето ќе запознаете некоја интересна личност.



Девица

Доколку настанат некои здравствени проблеми, не бидете нестрпливи, туку мирно почекајте непријатноста да помини. Ќе сфатите дека паниката била претерана реакција. Доколку отидете на лекар постои веројатност да станите жртва на погрешна дијагноза. Благодарение на интензивната фантазија и талентираноста во останатите сфери долично функционирате. Во љубовта ви цветаат ружи.



Терезија

Мислите дека најважните проблеми сте ги решиле, но на повидок искрснуваат нови во облик на судир со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Преиспитајте си ги барањата и критериумите. Можеби се превисоки. Не можете да очекувате толеранција од другата страна, ако вие сами не сте толерантни.



Скорпија

Незадовони сте и вознемирени, и покрај вашите обиди тоа да го прикриете. Поради некоја работа сте загрижени. Немате јасна претстава за ситуацијата во која се наоѓате, така да лесно може да превземете погрешен чекор. Стрпете се уште неколку дена, за ситуацијата да се искристализира. Само така ќе знаете каде сте и што може да добиете.



Стрелец

Лошо ќе поминете доколку на било кој начин се обидете некој да искористите или се случи спротивното. Ќе бидете незадоволни и разочарани, бидејќи од другите премногу очекувате од она што се спремни да ви го пружат. Па затоа бидете скромни во барањата, иако на Стрелците скромноста не им е јака страна. Сите грижи ќе ви изчезнат кога ќе отпатувате, а тоа ќе се случи наскоро.



Јарец

Се ќе биде во ред доколку научите да се слушате себеси и сопствените потреби. Во спротивност ве очекува хроничен стрес. Тоа особено ва��и за оние што се мазахисти и што постојано имаат чувство на вина. Можеби и животот ви е вас поинтересен така. Сеуште не е предоцна да си го промените однесувањето.



Водолија

Ве очекуваат промени и тоа во позитивна насока. Се што за вас е предмет на интерес ќе ви причини задоволство. Уште ако и соберете доволно поени за некоја наградна игра, добивката е тука. Изгледа лудо, но тоа не предизвикува главоболки. Партнерот во се се обидува да ви биде од голема подршка.



Риби

Се навредувате за секаква ситница и го откривате внатрешното незадоволство, што може да биде причина за да заболите од болест од органска природа. Наместо тоа опуштете се во прегратката на саканата личност. Рибите кои гледаат на животот од убавата страна, фантастично ќе се чувствуваат. Премногу ќе фантазирате.

Најди! во Утрински