Стојан Здравевски
член на групата „Боеми“
Денеска го прославуваме нашиот јубилеј - 20 години постоење со музиката на групата „Боеми“. Во текот на денот - последни подготовки и проби, потоа пречекување на гостите... и од 21 часот на Олимпискиот базен во Битола, во ресторанот „Империјал“, ќе го одржиме нашиот јубилеен концерт, замислен како една боемска вечер.
Пламенка Трајковска
виолинистка
Денот ми е во знакот на последните подготовки за вечерашниот концерт на нашиот гудачки квартет „Марија - Вирус“, на плоштадот „Македонија“, во рамките на „Скопско лето“. Во 10 часот имаме генерална проба, од 19 часот - тонска проба и од 21 часот почнуваме со концертот на класична музика, но обработена на атрактивно модерен начин.
Магдалена Ризова - Черних
актерка
И овие летни денови главна релација ми е дома - ФДУ - дома и ја подготвувам мојата магистерска работа. Традиционално, на одмор заминувам на почетокот на септември, па летово ќе ми биде работно, со можеби една седмица „мал одмор“ во викенд-куќата во Дојран. |