Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Писма

Како не ви е срам да ги замолчувате студентите?

Методиjа Таневски

Се' почна со она „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. Но, се прашувам дали образование се стекнува со вака поставени услови во високото образование? Што навистина направи оваа Влада во изминатиот период? Одговорот е дека политиките на оваа Влада единствено водат кон разорување и уништување на образованието и образовниот систем, генерално.

Во изминатиов период сме сведоци како и на кој  начин оваа Влада ги замолчува студентите додека тие си ги бараат своите п��ава. Владата и натаму продолжува со својот старо/нов негативно примитивен пристап. А, што е најтрагично, тој примитивизам е уште понагласен. Денес, студентите се доведени во таква ситуација да не можат да се изборат за своите уставни права. Денес, студентите се плашат дали некој ќе им забележи, се плашат да ризикуваат па случајно да не поминат на испит, да не добијат работа. Се плашат да побараат подобрување на очајниот студентски стандард, обновување на студентските медиуми како средство за автентично изразување на гласот на студентите...

Едноставно, во Република Македонија студентите се плашат да го побараат она што им припаѓа. Но, како сето тоа да се спречи или барем на некој начин да се ублажи? Во сите нормални држави зад барањата и интересите на студентите, односно оној што ги застапува е ССУКМ (Сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“). Но, се разбира, тоа не е случај во Република Македонија. И како би било кога кај нас се' функционира според паролата „Преродба во 100 чекори“.

Дали меѓу многубројните студенти немаше поспособен лидер од актуелниот лидер Иван Живковски? Или неговиот квалитет е тоа што е еден од најекспонираните млади лица на ВМРО ДПМНЕ?! 

Се прашувам дали сите овие причини ќе ги наведат студентите да го направат она најбитното?! А, тоа е, и покрај сите притисоци и закани што ги имаат, храбро да се борат за достоинствен живот, да даваат отпор и сила кон силите што ги обесправуваат, да живеат за идеите и идеализмот и да ја движат енергијата во вистинската насока.


#
Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар

Од: Застапник
Датум: 22.09.2010 13:16:23
„Настапникот“ на ССУКМ е „висок“ функционер во дпмне и се знае кого „настапува“ - ги настапува тие што ќе се осмелат да гугнат. Тој ќе биде еден од оние кога му ги сечеа канџите на орлите па после ги наредија те министри, те директори, те пратеници и „неможат да заспијат од грижа за Македонија“
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.09.2010 19:13:31
Кога читам вакви ептен просветлени писанија за некоја тема одма ни се јавуваат паралели или подобро речено критика на лицемерието,барем кај оние кој редовно ги следиме настаните. Добро се сеќаваме кога опозициските коментатори им се ,,истурија,,на овие од Слободен индекс кога побараа целосно укинување на партиципацијата за студирање. Истиве беа прогласени за продолжена рака на вла��та,која замислета ја урива автономијата на универзитетот.Затоа небранетеги,не ви личи.Инаку на ССУКМ само луд може да им верува отсекогаш.
Од: Hari
Датум: 23.09.2010 01:12:36
Prasanje do Felix, dali DPMNE go unisti kompletno obrazovanioto ili preku Velimir i Zivkovski gi napravi najgolemite reformi???? Covece dali si svesen kogo branis, unistuvacite na drzavata???

Најди! во Утрински
Писма
Кој се' ја претставува дијаспората?



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing