Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Писма
Кој се' ја претставува дијаспората?

Звонко Тевдовски, Детроид. САД

Изминатово лето имаше неколку делегации од Македонци што живеат и работат надвор од Македонија и кои ја посетија Македонија со политички и со економски намери, а и сите се декларираа како претставници од дијаспората, односно на иселеници што живеат во САД. Веднаш сакам да дадам до знаење дека тие не се претставници на целата дијаспора од САД, туку се претставници на организациите во кои членуваат и останатите членови на тие организации. За жал, низ целиот свет каде што има македонски иселеници, има непознат број организации, кои се претставуваат како Македонски, а дејствуваат издвоено и бидејќи нема синергија на сите тие сили, ефектот е минимален или занемарувачки. Посебно ме изиритираа ставовите и настапите на претставниците на организацијата „Македонија 2025“ претставувана од Митре Кутановски и Миле (Мајк) Зафировски и другата „Обединети Македонци“ претставувана од г. Колоски. 1. „Македонија 2025“ Оваа организација постои од 2006 и во неа членуваат еминентни бизнисмени и од САД и од Канада со македонско потекло и основна цел е економска помош на Македонија. За жал, со изјавите дадени при нивната посета и сработеното досега, не дава за право да имаат голем рејтинг и Македонија да се потпре на нивните ветувања. Најеминентни имиња се господата Миле Зафировски и Џон Битоф. Тие да сакале и' да помогнат на Македонија, тоа можеле лесно да го сторат и без да прават некојаси организација. Првиот бил една од водечките личности во еминентни компании и можел со малку труд да убеди некои од компаниите да вложат ситни долари, а тие би значеле огромни пари за Македонија и поттик на други компании да вложуваат. Другиот беше на времето избран од г-дин Глигоров за негов претставник за САД и за Канада и со своите деловни врски, исто така, би можел да придонесе за вложувања во Македонија, а во најмала мера и самиот да вложи во некоја активност, како, на пример, организација на услугите на аеродромите во Македонија. Изјавите дека испратиле 40 контејнери со некојаси помош само ги потценува чувствата на Македонците во Македонија и ги омаловажува вредностите на останатите Македонци во САД и во Канада. Изјавата дека поради економската криза не можело нешто посебно да се стори со странски вложувања, не држи, бидејќи организацијата постои неколку години пред да започне кризата, а тие немаат однесено ниту еден долар во Македонија. Пред неколку месеци Зафировски и Кутановски беа во Детроит заедно со г. Мизо и неколкумина промотори од САД и нивното однесување беше такво што само создадоа апатија за натамошна соработка со нив. Ме изненади нивната неподготвеност и непознавање на моќта на Македонците од Детроит и потценувањето на најсилното јадро на Македонци во САД. Го прескокнаа Мајк Илик, најпознат Македонец во Мичиген, па и во цели САД со својот синџир на пицерии, а посебно како сопственик на два големи спортски клуба во САД. Исто така, покажаа дека немаат основни познавања од водење бизнис со македонски бизнисмени.

2. Организацијата „Обединети Македонци“ ја предводи млад Македонец, кој сака да гради политичка кариера и настапува како легално избран претставник на сите Македонци од САД, што, за жал, не е точно. Неговиот (нивниот) став дека треба да престанат сите преговори за името не држи, бидејќи на тој начин би се закопале сите надежи Македонија да влезе во најмоќните економски и политички организации, како што се ЕУ и НАТО. Еден пацифист на времето има речено „подобро 100 години да се преговара отколку еден ден да се војува, бидејќи ниедна војна не останала трајна“. Самиот факт дека беше дојден на сметка на турска организација кажува дека не успеал да собере средства и поддршка од Македонците. За жал, на обичните Македонци преку глава им се разни „странски вложувачи“ на времето Ото Ташковиќ, па Тајван со милијардата, па како „Сведмилк“, Ангел Кастилјо и плејада други во останатите гранки. Инаку, можам со сигурност да тврдам дека во дијаспората постои огромен потенцијал, само треба да знае вистински да се обедини и да се искористи, бидејќи чувството за Македонија е поголемо кај нас што не живееме во Македонија отколку кај тие што живеат и постои меѓусебна љубомора, ние што сме надвор сме им љубоморни на тие што живеат во Маке��онија, а голем дел од нив се љубоморни на нас што сме успеале да најдеме начин да се отселиме. Инаку, никој нема право од Македонија да ни го одземе нашето право да учествуваме како во економскиот така и во општествениот живот. Секоја година од дознаки од странство и од туристички патувања во Македонија се слеваат годишно над една милијарда американски долари, а сите ние имаме по некој имот во Македонија и блиски роднини за кои мораме да се грижиме, што ни дава за право за еднаков третман како да сме таму, а не многумина да не отпишуваат, а само да не бараат кога треба помош од нас.

#
Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар

Од: afion
Датум: 22.09.2010 14:08:17
Abe Tevdovski od Detroid, Koloski e pretsedatel na OMD (Obedineta makedonska dijaspora) ili UMD (United Macedonian Diaspora in engish) a ne na "Obedineti Makedonci"? A sto ima loso ako Koloski i preku imeto saka da ja obedini dijaporata. Neli i sam velis deka imalo potencijal (so sto se slozuvam) ama ne sme znalele da se obedinime (so sto isto se soglasuvam). A kako kje se obedini dijasporata ako plukate protiv tie sto sakaat da ja obedinat? Ispadna po tvoe deka turcite ne obedinuvaat?
Од: todor
Датум: 22.09.2010 14:37:19
100% si vo pravo batka, tie izbegale nadvor da pe;alat pari oti ovde drzavata samo ni gi krade i ni zima danok vo krv, pari i de. Tursko ne bilo vaka. Sega koj budala ke dojde vo ovaa drzava togas toj ne misli za Makedonija. A pulenite na ovaa blgarska vlada deluvaat najpoveke nadvor i tie pari da gi sotrat odnosno da gi ukradat. Ovie samo kradat i ne mislat za drzavata i narodot. Ostanete si tamu i cuvajte si gi parite oti ovie ke vi gi zemat i vo zatvor ke ve piknat so stalinistickite i montiranite nivni metodi.
Од: Esen
Датум: 22.09.2010 15:10:27
Gospodine Tevdovski najdobro ke bide da prodolzite so vasata rabota(prodavanje burek). Ako bi probale malku da se informirate siguren sum deka bi doznale deka Mike Ilich e pogolem bugarin i od bugarskiot predsedatel.Zatoa ostavetegi poumnite da pisuvaat.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 22.09.2010 17:09:00
Poedinci od takanareceniot tim "2025" se samo obicni sverceri. Nivna edinstvena cel e natamosno licno bogatenje preku sprega so aktuelnata vlast.Odredeni ministri(saobrakjaj,finansii) im se "vo race" i im go olesnuvaat pravenjeto na "biznis" se razbira vo kombinacija so vekje oprobaniot patriotizam.
Од: INFORMIRAN
Датум: 22.09.2010 20:43:41
Iako zavrsnicata na ova pismo e isto kako i na onie sto gi kritikuva (falenje i samo falenje), avtorot e vo pravo. Dz. Bitov pred 15-tina godini dobi od makedonskata vlast okolu 700-800.000 USA dolari so koi si go sanira biznisot (restoranite) i ottogas doadja vo RM mnogu retko. Pred dve godini zaedno so M. Zafirovski vetija deka narednata godina ke donesat najmalku 200 amerikanski biznismeni i nisto od toa. M. Zafirovski e vmetnat vo PR na Vladata i so toa prezema sramna uloga.
Од: Vlatko , Toronto
Датум: 23.09.2010 06:46:28
I ovie vo Kanada sto se narecuvaat "prestavnici na makedoncite" se samo edna grupa od 30-40 pretezno 60+ godini lugje pa se sobiraat na razni zabavi vo Makedonskata Crkva vo Toronto, nikogas ne gi zemaat vo obzir iljadnicite mladi imigranti sto imaat dojdeno vo poslednite 10-15 godini. Isto kako i tie vo SAD, samo parite gi interesiraat. A vo Makedonija ne stapnale vo poslednite 25 godini, mene me prasuvaa dali vo Makedonija imalo frizideri, i ne im se veruvase koga im kazuvav deka imame i mobilni telefoni, tv vo boja, a za kompjuteri pak da ne zobruvam, najgolem lazgo mislea deka sum !

Најди! во Утрински
Писма
Како не ви е срам да ги замолчувате студентите?






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU