Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ

Алекс Швацер

Ни силното сонце ни не помалку силната конкуренција не го спречија Алекс Шварцер од Италија да отиде најдалеку во кариерата со освојувањето на златниот медал во брзо одење на 50 км на Олимписките игри во Пекинг. Осум километри до целта дебитантот на ОИ реши да се одвои од групата и со надмоќен финиш пропешачи до нов олимписки рекорд, подобар за цели 80 секунди од тој на Вјачеслав Иваненко од Сеул 1988. Тој им ја донесе првата олимписка титула на Италијанците во најдолгата атлетска дисциплина по цели 44 години, а колку беше убедлив во завршницата зборува предноста од 2,18 мин. во однос на „сребрениот“ Австралиец Џаред Талент и 3,05 мин. во споредба со „бронзениот“ светски рекордер Денис Нижегородов од Русија.

Швацер е носител и на две бронзи на 50 км од двете последни светски првенства во Хелсинки 2007 и во Осака 2005. Тренер му е гуруто на италијанското брзо одење, Сандро Дамилано, чии штитеници донеле 40 медали од големите натпреварувања, меѓу кои и братот на Алекс, Маурицио Швацер, кој има злато во брзо одење на 20 км од ОИ 1980 во Москва и од мундијалите во Токио 1991 и во Рим 1997.

Покрај во атлетика, се има испробано и во хокеј на мраз, спорт во кој играл и за селекцијата на Италија до 16 години. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Сушата и општата негрижа секнаа многу чешми
Бум и кикс
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.