Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Бум и кикс

 Јасмина Јовановска

Државата направи бум со вештачкото оплодување. Откако оваа здравствена услуга може да се добие и со сини здравствени картони, брачните двојки навалија кој прв да фати ред за методот што ќе им донесе пород. Во „Систина“ и во „Ремедика“ телефоните се вжештени и само за една недела е исполнета квотата од 375 осигуренички за вештачко оплодување, која Фондот за здравствено осигурување ја одреди за до крајот на годината.

Навалата на брачните парови, од кои некои со душа чекаат повторно вештачкото оплодување да биде на товар на државата, е оправдана. Посебно ако се знае дека едно вештачко оплодување приватно чини и до 2.000 евра, сума што ретко кој од брачните парови може да си ја дозволи, па не беше ништо чудно што некои се откажуваа од дете на овој начин или, пак, се задолжуваа во банките.

Но, турканицата за вештачко оплодување во овие две болници можеби и немаше да биде толку голема ако во системот за вештачкото оплодување на сметка на државата уште во самиот старт не беа исфрлени Клиниката за гинекологија и битолската ординација. Па се добива впечаток како да се фаворизираат само одредени установи, и тоа во приватниот сектор.

Јавното здравство потфрли за вештачкото оплодување, но Владата многу не се потресе поради тоа што државната Клиника за гинекологија не доби дозвола да им помага на жените да дојдат до дете. Дури не се бара ни одговорност како можеше да се случи клиниката што беше промотор на овој метод да остане без неа. Смешно е оправдувањето дека директорката на Клиниката за гинекологија е на одмор, исто како што државната комисија се оправда дека битолската ординација не доби дозвола, зашто не отишле да направат контрола, бидејќи биле на одмор.


Статијата е прочитана 716 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 23.08.2008 06:23:40
На маката на луѓето... настапуваат со матни зделки... а и приватните гинеколози ќе ги зафркнат, тие најмногу профитираат од оваа проблематика...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Сушата и општата негрижа секнаа многу чешми
Verbatim
Алекс Швацер

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.