Вашингтон - Неопходно е лидерите во Атина и во Скопје што побргу да ги надминат разликите околу прашањето за името и да постигнат заедничк�� прифатливо решение, порачал потпретседателот на САД, Џо Бајден, на средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Вашингтон.
Во соопштението за средбата, кое го објави Белата куќа, се наведува дека Бајден ги поздравил заложбите на грчкиот премиер за побрза интеграција на земјите од Југоисточна Европа во евроатлантските институции.
Папандреу, пак, како што пренесуваат грчките медиуми, истакна дека Атина има политичка волја за решавање на прашањето за името и оти е неопходен соодветен одговор од другата страна.
Бајден и Папандреу разговараа и за Косово, за релациите Белград - Приштина, за Кипар и за грчко-турските односи. (MИA)
Resenie ima od '95 i vremenata spogodba: Grcija nema da go poprecuva patot na Makedonija kon Evro-atlantskite strukturi pod privremenoto ime. Zosto ova taka brutalno se ignorira od site vklucuvajki gi i nasite "golemi prijateli", ne znam.
Од: ИГЛБЕРГЕР ВИСТИНАТА МИЛА МАКЕДОНИЈО
Датум: 23.09.2010 12:44:54
- Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер.
Од: do diplomat
Датум: 23.09.2010 15:10:11
Така е, решение е Грција да не ја блокира Македонија. Но и Македонија да не провоцира, да не гради споменици до небо, да не присвојува нешта што и другите сметаат дека е нивно, да не труби дека биле нечии наследници, да не трубат дека ке држат конгреси на туѓи територии, да не се јуначат, овде, пред својте заслепени гласачи. Ајде, нека го убедат светот дека се во право со тоа што го тврдат!