Премиерот Груевски крена раце од патувањето во Њујорк
Премиерот Никола Груевски крена раце од Обединетите нации и од престојот во САД. Како што соопштија владини извори, тој и претседателот Ѓорге Иванов се договориле шефот на државата да го продолжи својот престој во Њујорк и да го преземе планираното обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Дополнителна причина за ова биле обесхрабрувачките, тврди и некоректни изјави на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и шефот на дипломатијата, Димитрис Друцас, кои, меѓу другото, се и во функција за внатрешно-политичка употреба во Грција во пресрет на локалните избори во ноември.
„Во постојан контакт сум со претседателот Иванов. Попладневно ќе имаме уште еден телефонски разговор и ќе направам конечна процена дали има потреба да одам јас или тој ќе ги преземе останатите обврски што требаше јас да ги завршам“, изјави Груевски пред објавувањето на одлуката.
Како дипломатски контраудар, претседателот Иванов побара средба со грчкиот премиер Папандреу, чиј поттекст е „критикувавте дека ве одбегнува премиерот, ете јас сум тука“.
Претседателот, освен со Метју Нимиц, не покажа иницијатива досега да се сретне со друг функционер во ОН за името, а ни грчката делегација не го спомнуваше во провокативните покани за средба во Њујорк, во кои од почетокот не се нудеше средба со Папандреу, туку со Димитрис Друцас, дури и со премиерот Груевски.
Одењето на Груевски во Њујорк беше контроверзно од самиот почеток, бидејќи беше критикувано од медиумите поради фактот што никогаш досега во ОН во име на Македонија не се обратил премиер, туку само претседателите. По многуте медиумски шпекулации за средби околу името во САД, се покажа дека распоредите на Груевски и на Папандреу не се совпаѓаат, а неофицијално, до вчера премиерот немаше одговор ниту на барањето за средба со висок функционер на САД, така што му остана само да се види со дијаспората.
Според последните информации ниту Хилари Клинтон ниту потпретседателот Бајден не биле во можност да имаат средба со премиерот, а македонската страна одбила да се види со заменикот на Клинтон, Стајнберг, со кого македонскиот врв имаше неколку средби оваа година. (Н.Р.)
Не! Премиерот не крена раце! Сите на светот кренаа раце од него. Додека Папандрееу незнае со кого попрво да се сретне, нашиов никој несака ни да го види, а не да го прими. Начиот омилен водач, веќе од сите е прочитана приказна!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2010 12:25:55
,,Нее точно,,повикаа опозицијата топтан со се коментаторите.Друцас има одлични идеи а овие нашиве по стар терк,никако да прифатат.Ќе треба по се изгледа уште една ползечка симулација вероватно каде нас,Охрид ли ,Дојран ли сеедно е оти на соседот не му паѓа на памет да прави симулации.Во насловот треба стои и глаголот ИМА,поради некои опозициски коментатори што читаат само наслови и коментираат.
Од: ПАПАНДРЕУ БЕГА
Датум: 23.09.2010 12:46:08
Откако неколку дена заедно со Друцас ја обвинуваше Македонија дека не сака решение на името и ги кодошеше нејзините претставници дека избегнуваат средби со него, Папандреу денеска без коментар. Иако, свесен дека со македонското барање за средба беше фатен во лага и ја изгуби пропагандата битка која сам ја започна во Њујорк не се откажува да ја добие војната и да ја прикаже Македонија како неконструктивна купувајќи време до локалните избори во ноември.
Тој денеска нема намера да разговара суштински за спорот за името со Иванов како што сугерираше медијаторот Нимиц , туку планира средбата да ја прикаже како резултат на грчките иницијативи и добра волја. Наместо како со Груевски со кого се среќаваше тет а тет, со Иванов грчкиот премиер побарал средбата да биде во формат “еден плус пет“ кој според дипломатите се користи кога сакате да избегнете сериозен разговор, во случајов на тема името, и истовремено да има оправдување доколку од состанокот со Иванов во грчката јавност излазат фингир
Од: Трпе
Датум: 23.09.2010 12:46:09
Да се надеваме дека ке ја имаме и ова среќа од наш Ѓоле да чуеме уште некој бисер.Само незнам дали има земено ракија од она антиката па и да наздрават.
Од: јас
Датум: 23.09.2010 14:34:14
.А колку тоа селски чешмиќиња и полски клозети има пастирот за „пуштање во употреба “ , па не може да втаса на средбите?!Среќко , ај подзачисти ги тие портокалови наочари!Ич не гледаш што пишуваш, тотално и самиот не се разбираш што си напишал , а не пак ние...