Сервер: Македонците нема да исчезнат поради парче хартија
„Македонија, Македонци и македонски јазик постојат и нема да исчезнат поради неколку збора на парче хартија при евентуален договор во спорот околу името“, вели Даниел Сервер од Американскиот институт за мир во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.
Според него, и САД многумина ги именуваат поинаку, но тоа не влијае на идентитетот на земјата.
„Во мојот начин на размислување, ниту едно парче хартија не одредува дали постои Македонија, дали постојат Македонци, дали постои македонски јазик. Сите тие постојат и нема да исчезнат поради неколку збора на парче хартија. Мислам дека Македонците мора да имаат повеќе самодоверба“, истакнува Сервер.
Потпретседателот на Центарот за иновации во Американскиот институт за мир смета дека се работи за практично прашање. „Прашањето е кои приспособувања треба да се направат за да се задоволат Грците, кои без оглед дали сметате дека е праведно или не, имаат вето во однос на македонскиот влез во НАТО. Значи, т��а е практично прашање, а не идеолошко, односно што треба да сторите за да влезете во клубот“, истакнува Сервер.
Тој ги негира шпекулациите дека е дел од американски тим што работи на предлог за името што би бил доставен потоа до посредникот Нимиц. Притоа, смета дека Американците не извршиле доволно притисок врз Атина, но додава дека има причини за тоа, како што се традиционалното, долгогодишно пријателство со Грција и силното грчко лоби во САД. Сервер ги повикува Македонците и власта да бидат смирени во процесот на преговорите со Грција. (МИА)
Небулозни се тврдењата на господинот дека тоа нема да влијае на идентитетот на Македонците.Жалосно е што новинарот,на таквите тврдења,не му го постави прашањето:-Тогаш,зошто Грција бара промена на името?Зошто?
Од: jovan
Датум: 23.09.2010 12:52:18
Togas zosto Grcite baraat parce hartija na koe ke stoi drugo ime a ne Makedonija. Ako "parceto" hartija ne e vazno, togas sto e bitno ako na "parceto" hartija pisuva Makedonija. Druze ,ne sme maloumni.
Од: А КОЛКУ ИСЧЕЗНАА
Датум: 23.09.2010 13:02:21
Македонци во балканските војни имало повеке и од Грци и од Срби. Денес во Бугарија повеке од три милиони луге се со македонско потекло. Убивани асимилирани протерани.Наместо да бидеме шест милиони смалени сме и пак продолжуваат со име јазик црква. И пак со 1,5 милион сме а пак се бараат Бугари . А види Грција бели Грци црни Грци дојденци од Азија Македонци Албанци Власи Роми црни Грци од Кипар абе сите Ацеви потомци а со едно име Грци. Каква лага и фикција. Иглбергер денес вистината ја кажа.
Од: Газафер,принцот на Хунзите
Датум: 23.09.2010 14:12:00
Нас пак не не броите!Ќе го раскинеме договорот за соработка!
Од: девичанецот
Датум: 24.09.2010 07:45:02
Кутрите ни новинарчиња, а за жал и некои наши политичари, навистина биле за жалење. Ќе најдат некој доодено американци, старчиња во прав смисол и ќе пишуваат глупости.
Исто како што направија со доодените старци од МПРИ. Истите
Од: До: А КОЛКУ ИСЧЕЗНАА
Датум: 24.09.2010 08:30:48
Си заборавил да ги наброиш „Македонците“од Египет,Ирак,Иран,Пакистан,Индија... Голем бил Аце,колку и неговата Територија,ама не знаел дека ќе остави Толку Минорни Потомци зад себе!