Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Кавадарци ги празнува деновите на грозјето и на виното

„Тиквешкиот гроздобер“ почна во 1964 година, а последнава деценија манифестацијата се одржува во континуитет

КАВАДАРЦИ - Проблемите на лозарите со пласманот и цените на родот не се пречка за празнување во Кавадарци. За традиционалната културно-туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2010“, која ќе се одржи викендов, се најавуваат многу новини и атрактивни содржини. На гроздоберот кралот и кралицата симболично ќе го откинат првиот грозд со што треба да се означи стартот на бербата.

Од локалната самоуправа Кавадарци, организатори на „Тиквешкиот гроздобер“, велат дека градот живее со проб��емите на лозарите, но дека и годинава ќе се одбележуваат деновите на грозјето и на виното.

Во рамките на програмата денес ќе се одржи авторели трка „Витачево 2010“, а ќе се промовира монографијата „Докторите и фармацевтите од Кавадарци од 1878 до 2008“ од д-р Милан Петров.

Централен настан е карневалот на Градскиот плоштад, а модератор и шоумен ќе биде Игор Џамбазов. Пред кавадарчани и гостите на гроздоберот концерти ќе одржат Дани и „Парти брејкерс“.

В недела е трката со магариња, турнирот во играње табла, ќе се дегустира вино и ќе се доделат дипломи од Винската академија. Џезерите од Кавадарци ќе одржат џез-концерт, ќе има жонглери, а предвиден е настап на културно-уметничко друштво од Горни Милановац, Србија.

„Тиквешкиот гроздобер“ почна во 1964 година, а последнава деценија манифестацијата се одржува во континуитет.

Вчера се одржа детскиот карневал на кој најмладите под маски ги покажаа своите замисли и беа дел од гроздоберот. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 602 пати.

Испрати коментар

Од: mimi
Датум: 11.09.2010 23:56:21
A denes gi praznuva a utre ke ima strajk na golemo da vidi vladava so e ulav narod
Од: lozar
Датум: 12.09.2010 12:45:45
pa tie nese normalni koj praznuva gradonacalnikot so oligarsite stogi zemaja zadrugite na koncesija bes pari taka receno poklon i zgora toa so pari na smetka na primer kraiste, dusan ciric -rosoman ,belgrad i drugi zadrugi so vinovi nasadi kriminalci a grujo od zemjodelcite vo mk saka da napravi robovi ,so 15 golemi feudalci stoceja poseduvat seta obrabotliva zemja vo mk i cemogo polnat qepot kriminalci sram damu pa sto mislat deka nie trava pasime

Најди! во Утрински
Македонија
Средното економско во Тетово со подновени училници
Повеќе Роми - медицинари