Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Повеќе Роми - медицинари

ТЕТОВО - Општина Тетово и Центарот за институционален развој од Скопје потпишаа меморандум за соработка со кој ќе се придонесе за зголемување на бројот на студенти - Роми на медицинските науки. Проектот е поддржан од Институтот „Отворено општество“ и Ромскиот едукативен фонд. Опфаќа десет средношколци - Роми од четврта година кои пријавиле интерес за медицинските факултети. На потпишувањето на меморандумот Зора�� Стојковски, извршен директор на Центарот за институционален развој, рече дека проектот нуди можности за зголемување на бројот на студенти од ромската заедница и ќе придонесе во унапредување на пристапот до здравствени услуги на Ромите.

„Со избраните кандидати ќе се организира работилница за мотивација, самодоверба и справување со стрес, како и курсеви за подготовка на кандидатите успешно да ја положат државната матура и полесно да се запишат на медицинските факултети“, објасни Стојковски. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 715 пати.

Испрати коментар

Од: Монах Спиридон
Датум: 11.09.2010 14:06:51
Абе луѓе што ви треба те припрема,те мотивација, те справување со стресови итн. Запишете ги на познатиот штипски медицински факултет и, готова работа. Дипломите ќе ги добијат по пошта.А во меѓу време додека стигнат дипломите, можат и почнат со работа...

Најди! во Утрински
Македонија
Средното економско во Тетово со подновени училници
Кавадарци ги празнува деновите на грозјето и на виното