Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Писма

Двојниот аршин на Одборот за акредитација

Д-р Никола Петров, универзитетски професор

Со измените на Законот за високо образование е направен дуплекс на измени на Одборот за акредитација: обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, состав и избор на Одборот, надлежности на Одборот, организација и работа на Одборот, кој истовремено ја презема функцијата на оценување и евалуација на квалитетот на високото образование со што се прави превид и препад врз високообразовните институции.

Одборот за акредитација на високошколските установи (образование) согласно со измените на Законот за високо образование ја презема и функцијата на оценување и евалуација на високото образование, што противречи на акредитацијата, бидејќи акредитацијата поаѓа од нормативно-правната регулатива за формирање високошколска установа (простор, опрема, кадар, наставни планови и програми, курикулуми), а за постојните под какви услови и можности работат, степенот на иновираните модели наставни програми, нивото и квалификациите на наставно-научниот кадар (истражувања), соработка на ниво на држава, соседството и пошироко, како и опременоста со стручна научна литература и периодика, учество на наставно-научниот кадар на домашни меѓународни собири и други надлежности нормирани со Законот за високо образование.

Одборот како „самостојно“ тело за работа и одлучување дејствува во рамките на својата надлежност врз основа на стручност и компетентност. Меѓутоа, Одборот е составен од 23 члена од кои девет од редот на професорите избрани од интеруниверзитетската конференција, двајца членови од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавците, двајца членови на интеруниверзитетскиот парламент на студентите и деветмина членови именувани од Владата од кои најмалку шестмина членови се од редот на професорите на високообразовните установи, односно паритетно како интеруниверзитетската конференција. Имено, шестемина професори треба да ги бира интеруниверзитетската конференција. Професорите да не се делат на „подобни“ и „неподобни“, а Владата да делегира тројца од ресорните органи, а претседателот да го избираат именуваните членови на Одборот, како што е во Словенија и во Хрватска и во многу западни земји.

Бројот на членовите на Одборот како самостојно тело е преголем, хетероген и неефикасен за да може мериторно и компетентно да одлучува-акредитира, а истовремено и да оценува за квалитетот на високото образование, односно да врши евалуација (вреднување) на постигањата, согледување на пропустите и слабостите е превидено и недопустливо. Имено, акредитацијата има задача да ги согледува и анализира условите и можностите во согласност со легислативата за одредени профили и модели на наставни планови и програми (во основање и постојните во практиката на едукациските процеси). Додека, пак, оценувањето на квалитетот на високото образование (установи) има специфична функција и одговорност која бара посебни знаења, умеења и солидно познавање на методологијата на оценувањето и вреднувањето.

Изнесените сознанија, аргументи и специфичности за одборот за акредитација укажуваат и потврдуваат дека е самостојно тело и не може да има двојна функција, бидејќи акредитацијата, оценувањето, квалитетот на високошколското образование и евалуацијата имаат свои специфичности што бараат посебен третман во нивното согледување, анализирање и вреднување.

При разгледување и анализирање на автономијатга на Универзитетот во современото демократско општество, треба да се имаат предвид некои аспекти на практикување на автономијатга. Автономија на Универзитетот не може и не треба да го доведува Универзитетот во партнерски однос со државата, бидејќи Универзитетот ја реализира автономијата во рамки на државата. Автономијата на Универзитетот не дозволува влегување на партиските идеологии во образованието и во научните универзитетски институции, бидејќи со тоа се оневозможува критичка анализа на идеологијата и критичка свест за општеството. Универзитетот воспоставува соработка со своето опкружување, а државата е значаен дел од опкружувањето, како и другите субјекти - стопанството, културата, социјалата, економијата (општествените, граѓанските здруженија и сл.) можат и треба да придонесат за реализирањето на општествената функција на универзитетите.

Македонија треба да ја практикува легислативата (Уставот, Законот за високо образование), досегашното искуство и искуството од развиените универзитети и некои од соседните земји (Словенија, Хрватска) и други земји во кои политиката и партизацијата се надвор од образованието и автономијата на Универзитетот.


#
Статијата е прочитана 625 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1b
Датум: 23.08.2011 08:23:25
Kolku se izbrani od redovite na VMRO-ovskite slugi???? Vladata nasekade pusta prsti pa zatoa nikoja institucija ne raboti kako sto treba. Go zapustija obrazovanieto a za zdravstvoto i da ne zbotuvame odavna e zapusteno. Ni e zapustija cela drzava. Od drzava edna od najdobrite vo svetot dojdovme do dnoto, podolu i od africkite drzavi.

Најди! во Утрински
Писма
Корекции околу расата овци праменка-овчеполка

"""