Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Писма
Корекции околу расата овци праменка-овчеполка

Андре Аланпиоски и Зоран Василески, координатори на „Златно руно“

Во врска со наводите во вашиот весник под наслов „Високо под облаците - бизнис со органска храна“, изразуваме голема благодарност за посветеното време и одвоениот простор, но, сепак, укажуваме на некои неточни информации што даваат погрешна слика за реализираниот и промовираниот проект од страна на ЗПОХ „Златно руно“, а поддржан и кофинансиран од Глобалниот еколошки фонд - Програмата за мали грантови на Република Македонија.

На 30.7. 2011 вашиот новинар беше гостин на промоцијата на Проектот за заштита на автохтоната раса овци праменка-овчеполка, која беше во организација на ЗПОХ „Златно руно“ од село Горно Крушје, а не во посета на „Екосир“ и Зоран Василески.

Бројот на овците не е 1.000, туку 700, не е точен и називот на планината Мокра Гора, туку бачилото се наоѓа на спојот на планините Песјак и Челојца, односно под врвот Кула. Оддалеченоста од Македонски Брод до село Горно Крушје не е 10 км, туку 24 км; Горно Крушје се наоѓа на 1.100 метри надморска височина, а не на 1.500 метри; летното бачило не е во сопственост на „Екосир“, туку е сопственост на ЗПОХ „Златно руно“. Патот од село Горно Крушје до летното бачило Близни Чешми е долг 3 км, а не 5 км и не е остар, тежок и опасен, туку е пробиен со карактеристики на шумски пат и е прооден само за теренски возила.

Координаторите и консултантите на проектот немаат дадено изјави за вашиот новинар.

#
Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 23.08.2011 09:40:01
Zakon

Најди! во Утрински
Писма
Двојниот аршин на Одборот за акредитација

"""