Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Два учебника ќе бидат повлечени од употреба

Најмалку два учебника ќе бидат повлечени од употреба, а кои се тие, ќе се знае деновиве. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, најави дека на посебна прес-конференција ќе објави кои учебници ќе бидат повлечени од употреба поради посериозни грешки што ги детектирале експертските тимови, а кои ги ангажираше Министерството. Тимовите испратиле извештаи до министерот за повлекување на дел од учебниците.

„Во извештаите е предложено некои учебници да бидат повлечени. Некаде се предлагаат само мали корекции, а дадени се и препораки, со циркуларно писмо да се известат училиштата дека во одреден дел во некои учебници постои грешка. Идната недела ќе излеземе со целосна, детална информација за сите учебници, изјави вчера министерот Тодоров за медиумите. Тој додаде дека експертите пронашле сериозни, суштински грешки во учебниците што ќе бидат повлечени, чија содржина не одговарала на возраста на учениците. Во други учебници имало граматички грешки или грешки во содржината.

Претседателот на Националната комисија за учебници, Зоран Радиќ, вчера криеше дека добиле какви било извештаи од експертите за учебниците. Тој најави дека конечните извештаи ќе ги чека до крајот на неделава. Радиќ тврдеше дека во учебниците се пронајдени само мали грешки, но не толкави за тие да бидат повлечени. Тој посочи дека е завршена ревизијата за учебниците од прво до петто одделение.

„Ме известија дека се забележани помали грешки во учебникот по македонски јазик за прво одделение. На пример, наместо слики, во учебникот има повеќе текст“, ни изјави Радиќ, но рече дека, сепак, ќе треба да се чека на официјалниот став од тимовите за да се знае точно за какви грешки станува збор.

Досега е завршена ревизијата на вкупно стотина учебници од прво до петто одделение. А, што се однесува до ревизијата на учебниците од петто до осмо одделение, таа ќе доцни поради тоа што се' уште не се формирани тимовите за дел од учебниците. Според Радиќ, на учебниците за погорните одделенија се работи, но за дел од нив не се добиени известувања од факултетите кои професори ќе бидат предложени да бидат делови од тимовите што ќе ги скенираат учебниците.

Министерството за образование и наука е на став дека доколку се забележат помали грешки, само ќе се препечатат спорните страници или, пак, забележените грешки ќе се посочат во самиот учебник.

Министерот Никола Тодоров најави дека ревизијата на учебниците ќе трае до почетокот на октомври, но, сепак, таа се одолжи поради бавното формирање на комисиите. Неизвесно е и што ќе се прави откако ќе се утврдат грешки во учебниците поради тоа што се ближи крајот на првото полугодие. Во меѓувреме, учениците учат од учебници чиј квалитет е под лупа на

експертите. (Ж.Х.З.)


#
Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 13.10.2010 13:32:15
Два? Браво!
Од: no name
Датум: 13.10.2010 18:01:28
АЛОООООООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Дали сте нормални и имали пилот во авионот?? Половина октомври помина а вие допрва ќе разговарате за да се оформат комисии за контрола на учебниците...Кога ќе ги контролирате? На какви ли глупости ни ги учите децата? Кој ќе ги плати сите тие ревизии, корекции, препечатувања? Дали некој ќе сноси некаква одговорност за сето ова? СВЕСТЕТЕ СЕ!!!!!

Најди! во Утрински
Политика
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија
За оперирање кила, нема доаѓање во Скопје






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia