Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Поглед од атина

Заобиколување

Јоргос Кумуцакос

Изведувајќи ја Грција пред Меѓународниот суд, Скопје се реши за парница наместо дијалог

АТИНА - Зборовите на Балканот се со единствено значење. За жал, тие можат, исто така, да бидат сфатени на различни начини од различни луѓе. На пример, терминот Македонија означува географски регион што ја покрива територијата на три одделни држави. Околу 51 отсто од неа се наоѓаат во Грција, 38 отсто во БЈРМ, а 11 отсто се протегаат во Бугарија.

Кога една од тие држави изнесе ексклузивно право на името „Македонија“ во почетокот на деведесеттите години, едвај прикривајќи ја основната ревизионистичка и иредентистичка идеологија која го бара целиот регион Македонија за себе, природно имаше реакција; реакција која стигна до Советот за безбедност на ОН. Тогаш беше решено:

- членството во ОН ќе и' биде дадено на новата држава под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија;

- ќе започнат преговори за решавање на спорот за името;

- нерешениот спор претставува закана за стабилноста на Југоисточна Европа.

Тие првични преговори кулминираа во 1995 година со Привремена спогодба меѓу Грција и БЈРМ. Врз основа на таа спогодба, двете земји воспоставија дипломатски односи и се согласија да соработуваат во рамките на преговорите со посредство на ОН, за брзо решавање на спорот со името.

Оттогаш поминаа околу 14 години; 14 години за време на кои Грција - во искрена потрага по правичен компромис - побара заедничка основа на која двете страни можат реално да дискутираат за заемно прифатливо решение. Во меѓувреме, последователните влади на БЈРМ посветија мало внимание на Привремената спогодба, поткопувајќи ја намерата на релевантните резолуци на ОН. Нивната стратегија, како што нагласуваат актуелните лидери на земјата - и претседателот и премиерот - е да се пролонгираат преговорите и да се добие време во кое ќе се постигне влез на нивната земја во НАТО и во ЕУ, кога ќе можат да ја наметнат нивната позиција на Грција.

Кон крајот на 2007 година, во поглед на кандидатурата на БЈРМ за членство во НАТО, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во разговорите Грција - БЈРМ, Метју Нимиц, се обиде да го забрза процесот преку почести средби. Но, кога се' уште не беше пронајдено заемно прифатливо решение во април 2008 година, Самитот на НАТО, што се одржа тој месец, едногласно реши да не ја продолжи поканата за членство на БЈРМ, со оглед на нерешавањето на спорот, односно неуспехот на БЈРМ да ги задоволи критериумите за добрососедски односи со земја-членка на НАТО.

Во јуни 2008 година Нимиц даде детален предлог што БЈРМ веднаш го отфрли. Оттогаш Нимиц подготви три дополнителни предлози, а страната на БЈРМ ги отфрли сите три. Грција одговори на сите тие предлози со конструктивни забелешки и подготвеност за учество во дијалог.

БЈРМ се реши за пропаганда место дијалог, организирајќи добро подготвена, пресметана хајка против Грција, додека во исто време се обидува да вовлече различни неповрзани прашања во преговорите, настојувајќи се да ги претвори разговорите во платформа за жалби, барања и претензии против Грција. БЈРМ дури се обиде повторно да ги отвори прашањата од Втората светска војна кои европските земји ги оставија зад себе засекогаш; прашања кои немаат место во нашето заедничко патување кон поблиска унија.

Потоа, во ноември 2008 година, БЈРМ ја доведе тактиката на одложување на ново ниво, поведувајќи постапки против Грција пред Меѓународниот суд на правдата, решавајќи се за парница место дијалог и откривајќи го недостигот на волја да се стреми кон заемно прифатливо решение.

Атина не беше ниту изненадена ниту загрижена од овој најнов чекор. Тоа можеше да се очекува од влада која - во нејзиниот начин на размислување од 19 век - гледа заемно прифатливо решение како пораз. Влада која ги преферира затворените врати за национализмот пред отворените врати на европска интеграција: врата што ја отвори Грција на Европскиот совет во Солун во 2003 година, нудејќи и' на БЈРМ статус на кандидат. Грција го очекуваше тој чекор и веднаш именувавме наша ад-хок судија и наши правни советници, формирајќи тимови за поддршка и формулирајќи ја нашата правна и политичка стратегија. Ние нема ниту да брзаме ниту залудно да го трошиме времето. Ќе избереме кога ќе реагираме, со големо внимание и претпазливо планирање. Бидејќи БЈРМ го избра судскиот пат, целосно ќе ги искористиме процедурите на судот.

Како и да е, не можеме, а да не го забележиме парадоксот на тие постапки. По речиси две децении систематско кршење на резолуциите на ОН и на Привремената спогодба, додека упорно инсистираше да го употребува нејзиното уставно име - на што всушност се однесува спорот - БЈРМ поведе постапки пред судот во Хаг под нејзиното уставно име со цел нејзиното привремено име да не биде извалкано во постапките - привремено име кое никогаш не го прифати и никогаш немаше намера да го користи.

Зборовите на Балканот се со единствено значење, но - за жал - тие можат, исто така, да бидат различно сфатени од различни луѓе. Грција верува дека проблемите можат да се решат преку дијалог, и ние го покажавме тоа. Ние веруваме дека сите земји на Балканот му припаѓаат на европското семејство, и ние работевме да ја реализираме таа визија. Но, во случајот со спорот со името чувствуваме дека наидовме на ѕид. Другата страна се откажа од дијалогот во полза на пропаганда, тактика на одложување и негување на нетолеранцијата. Ќе имаме можност да дискутираме за сето тоа на суд.

(Авторот е портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи. Текстот е напишан за истражувачката мрежа БИРН)


Статијата е прочитана 1282 пати.

Испрати коментар

Од: podelen
Датум: 03.12.2008 02:43:38
Ubavo sroceno. Za onoj koj nema poim od sustinata na problemot ovoj napis izgleda racionalen. Vistinskiot problem e vesto zamaskiran. A problemot se lugeto - makedoncite koi proporcionalno so teritorijata ostanaa podeleni na tri dela. Koga bi se rabotelo za pusta teritorija, na primer na Antartikot ili na Mesecinata nema da ima nikakvi problemi. Megjutoa, koga na kompakten narod (nacija) mu go odzemate pravoto da upravuva so teritorijata na koja zivee i tvrdite deka e vasa toa gospodine KUM... se vika OKUPACIJA. Vasata Grcija skoro 100 godini drzi pod okupacija poveke od 50% od Makedonija zaedno so Makedoncite.
Од: ljupco,bitola
Датум: 03.12.2008 04:27:40
Зошто воопшто го објавувате овој текст?На кој му треба да го слуша овој какаван?Или имате перверзна желба некој да ве вреѓа?И што ве прави тоа?Национал-мазохисти.
Од: b atko Sale
Датум: 03.12.2008 06:17:16
amam be luge do koga ke ja prodavate Makedonija, sega treba i Grcka sovinisticka propaganda da citame, dosta e lugeeeeee
Од: petar
Датум: 03.12.2008 08:13:52
Neka se izjasnat grcite dali se elini(elada) dali se grci (grcija)ili makedonci ( vo od niv okupiraniot del na egejska makedonija).Ekskluzivno pravo e na Makedoncite da ja narekuvaat svojata drzava MAKEDONIJA a ne okupatorite delot sto go okupirale.Da se zaprasa sekoj od evropa kako dosol toj del od Makedonija vo grcija da ne go donesoja od irak od kaj sto se dojdeni oti ovi e se vo genite okupatori nes se tie grci koi tvorele.Tamu se zboruva drug jazik tamu ima omalovazen narod koj si gi bara pravata na toa se MAKEDONCI ne se grci koj grk bi pobaral da se vika MAKEDONEC ako nee MAKEDONEC. Vo svetot ne se zatvora istorijata sega vo momentov edna okupirana teritorija (grenland)posle 300 godini si bara osloboduvanje od stegita na kolonijanizmot.toa se slucuva vo evropa . Za grcite se treba da se zatvori ako niv im smeta oti se na balkanot. Zar ne dojdoa Britancite i Francuzite da se potsetat na nivnite vojnici koi okupirale ali se borele vo interes na nivnite drzavi.
Од: MK-GOR
Датум: 03.12.2008 08:30:01
Toj KUMocakis navistina pravi zaobikoluvanje begajki od sustinata na problemot sto go izmislija.Normalno niv im se mozi taka da se odnesuvaat, tie ne se osteteni tuku Makedonija.Stravot od vlezot na MK vo EU i et. brisenjeto na granicite za niv e vistinski golem.Sepak i argumentite i vremeto se na nasa strana.
Од: I.
Датум: 03.12.2008 08:40:07
Super za objaveniot tekst! Treba da se objavi i drugoto mislenje za da sfatime sto im e na grcite problemot. Dosta vekje so patriotizmi od sekakov vid! Pomislete samo deka se sto ucime po istorija na uciliste e samo edna verzija...Mozebi Karposh bil i razbojnik? Mozebi Goce bil i shvaler? Moze Jane pushel opium? A Ace-nash, mozebi bil gay? Nishto ne e crno-belo...deca nashi nafurani...
Од: do ljupco i sl zivotinki
Датум: 03.12.2008 08:51:09
ajde de ljupco, zabranuvas sloboda na pecat? ili sloboda na govor e samo latas i hvalospevite za gruevski. pa mora da sme spremni i informirani sto praat grcite, toa sto milososki nigde go nema se drugi 20
Од: saso
Датум: 03.12.2008 09:01:10
Ne mozam da sfatam od kade vi e idejata da prenesete tekst na grcki drzaven sluzbenik... ako sakate da bidete objektivni i da iznesete stav od drugata strana, imate 100-tici grcki novinari koi vo najmala raka ke bidat balansirani - ovaka ispagaja deka go nudite prostorot za propaganda. se nadevam deka barem ste go naplatile toa...
Од: Boshko
Датум: 03.12.2008 09:15:16
Tochno deka se e vo statijava kako shto sakaat Grcite. Treba i da se chita za da znaeme shto ni mislat dushmanite.Na pr.Koga dve strani vojuvaat sigurno ke im bide od polza na stranite ako znaat shto im misli protivnikot taka da znaat kako da se postavat.
Од: tomi, gorde, koni,biljana,keti,Moco
Датум: 03.12.2008 09:26:04
Ovoj covek neme kredibilitet da zboruva za nekoja si teritorija koja e podelena na tri dela. Toj treba da ima najmalku 70-80 godini za da zboruva za ova. Taa teritorija koja ja podelija 1912 godina i ja okupiraa Grcija i Bugarija e sostaven del na edna golema drzava -MAKEDONIJA so avtohton narod, kultura i obicai koj se vika MAKEDONSKI NAROD. Toa neka mu bide jasno na ovoj covek koj dodeka MAKEDONIJA ziveese kako drzava toj bese uste vo na tatko mu m.... .
Од: Regaconi
Датум: 03.12.2008 09:43:31
Makedonija na Aleksandar bila do Indija sto znaci 100% od Grcija bile vo Makedonija. Se operira so procenti od 51, pa 38 , no od sto? Koj toa merese i od kade do kade???? Ako Makedonija bila od Indija do tuka, segasna Grcija nema ni 2% od teritorijata na Makedonija, zatoa Grcite neka odat i neka si legnat so glupavata logika
Од: ivan
Датум: 03.12.2008 10:29:58
ako objavite tekst od Bugarski istoricar(politicar) ke dojdete do druga vistina za Makedonija, isto ke se sluci i so Srpski ili Albanski. Site tie vistini (nivni) se bolni za nas Makedoncite. Problemot e vo toa sto site svoite vistini gi prenesuvaat na svoite deca (vo ucilistata). I taka i ovie generacii se zadoeni so nacional patriotizam, koi vo nekoi drzavi pominuva i vo nacionalizam. Od ovie nastani ne ja isklucuvam ni mojata MAKEDONIJA.
Од: Second opinion
Датум: 03.12.2008 11:14:10
Dobro e da se objavi tekst vo koj ce vidime kakorazmisluva drugata strana,a ne samo Latas &com.i Bumbarkata da ni go formiraat javnoto mislenje.Jas se soglasuvam deka Makedonija so Bukureskiot dogovor 1913 godina e nepravedno podelena na 3 dela, no tuka imalo i nasi greski. Nasite dejci koga se resavala sudbinata na Mk se ubivale eden so drug. Panica go ubil Sarafof i Garvanov, Menca od Vanco Mihajlov go ubila Panica, Jane e ubien po nardeba na Aleksandrov, Goce e predaden od nasi ludje, T. Aleksandrov e ubien od nasi ludje itn. A vprocenm sega na teritorijata na Egejska Makedonija ne ziveat povece od 50.000 etnicki makedonci, i sto e najvazno 70% od niv ne sakaat da cujat za Makedonija( se odrodija) , a vo Solun nikogas vo sitorijata nemalo povece od 5-7000 etnicki makedonci, toa se fakti od koi ne mozeme da izbegame , pa i kolku da se lupame vo gradite. Ovie nasi egejci povece se zalaufani za obestetuvanje na nivnite imoti nemoj da mislite da se mnogu zatreseni za Mak. kauza.
Од: IGOR
Датум: 03.12.2008 11:23:21
I koga se ima dobra namera i togas problemite postojat ama nivnata golemina e bezznacajna,minorna,a vaka kako sto nastapi Grcija so AROGANCIJA,KSENOFOBIJA sprema prviot sosed Makedonija e togas problemot e ogromen. Grcija:290 Milijardi evra dolzna na zapadot. Grcija:Definitivno so marginalen broj na trupi vo NATO misiite. Grcija:Najskapa clenka vo EU zaednicata????? Grcija:Edinstvena drzava vo EU koja crkvata im ja vodi drzavata. Grcija:Vo najlosi odnosi so sosedite,Turcija-KIpar,so Albanija-Cemerija,so Makedonija apsurden spor za nesto so e ukradeno so sila, a krazbata po moznost da se legalizira ama vo megjuvreme edna kultura kako Makedonija da ne postoi????Vie nemate problem so Makedonija vie imate problem so logikata i se sto pretstavuva vas identitet.
Од: Пинг
Датум: 03.12.2008 11:54:25
А, бе Ѓоле, ние не бараме ексклузивитет на името Македонија. Очигледно е дека Вие тоа го барате. Полека, полека цел свет Ви се смее. Викајте се Вие како сакате. За мене се` додека не ни го признаете правото ние да се викаме како сакаме, ќе бидете Јунанистан. Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да Ви се обраќаат така. Ај да Ве видам што јунаци сте, забранете и на Турција да Ве нарекува Јунанистан. Поздрав, овој пат само до сите наши.
Од: Zabegan2
Датум: 03.12.2008 12:32:11
Ludje ovoj ima nashe ime. Jorgos = Ðorði. Sé ni pretopija.
Од: nenad
Датум: 03.12.2008 18:48:28
"БЈРМ дури се обиде повторно да ги отвори прашањата од Втората светска војна кои европските земји ги оставија зад себе засекогаш; прашања кои немаат место во нашето заедничко патување кон поблиска унија". Dali megu redovi vo ovoj izvadok od kolumnata treba da prepoznaeme priznavanje na vinata na togasnata grska politika od strana na segasniot portparol na grckoto MNR? Edno e sigurno. Veke nisto nema da bide isto, ni za nas ni za grcite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења
Дерида и балканското мезе
Стоп за сидата - одржи го ветувањето