Владиката Петар не дојде на демонстрациите
Ицо Најдовски, Австралија
По повод најновата изјава на владиката Петар за „приванти компании“ кои сакаат да управуваат со црквите, да кажам низ еден пример колку е популарен тој во народот тука. Владиката Петар и свештениците кои го поддржуваат не присуствуваа на големите народни демонстрации во знак на поддршка на уставното им е на Македонија. Место да застанат пред 30.000 Македонци, кои беа горди на своето име, нив ги немаше! Истиот владика одржа демонстрација пред една година, со истиот „дневен ред“, но со него излегоа помалку од 500 души.
Да повторам, спорот трае цели 10 години, а за споровите пред судовите што ги има поведено митрополитот Петар во Австралија се потрошени околу 10 милиони долари. Многу пати ја информираме македонската јавност и МПЦ за (не)делата на митрополитот Петар, ама никој не сака да зборува за скандалот и голготата на македонските православни верници во Австралија. Згора на тоа, и не се мал број. Не' има повеќе од 300.000.
ЗАБЕЛЕШКА (15:00, 04.07.2008)
Во меѓувреме до Редакцијата пристигна демант од Ицо Најдовски во кој се тврди дека тој не е автор на писмото. Демантот ќе биде објавен во следното издание |