Пратеник кој брзо заборава
Авторот и' е познат на Редакцијата
Чудно е, многу е чудно како обичните граѓани кога ќе станат пратеници забораваат од каде се дојдени и што им ветуваа на граѓаните.
Имено, на неодамнешната седница на Собранието на РМ, по повод амандманот за отворање Факултет за дефектологија во Демир Хисар, пратеникот Живко Пејковски, избран од демирхисарци, гласаше против отворањето ваква образовна установа. Зошто, се прашуваат демирхисарци. Тој не само што е пратеник туку е и претседател на УО на Болницата за душевни болести, каде што таков кадар е и потребен. Пак се прашуваме како може да е и пратеник и претседател на УО. Едноставно, Живко Пејковски заборави од каде доаѓа. |