|
|
|
|
|
|
Која беше целта на грчките мерки против Македонците?
(Повод: фељтонот „Драмата на Егејците“ во „Утрински весник“)
Петар Јорданоски, Скопје
Карактерот на злосторствата врз македонското малцинство во Грција - геноцид или не? Во овој текст се осврнувам на една прилично контроверзна тема - карактерот на злосторствата и етничкото чистење врз населението во Грција од македонско етничко потекло во периодот по двете светски војни.
Се наметнува прашањето дали во овие дејствија има елемент на геноцид или не? За да се утврди постоење на елементи на геноцид во дејствијата што ги преземале грчките власти кон припадниците на македонското малцинство мора да се утврди постоење намера да се уништи една етничка, национална, расна или верска група како таква. Разврската од овој тип дилеми треба да се бара низ призмата на крајната цел на геноцидното дејство. Натаму, покрај постоењето на намера, мора да се утврди постоење на најмалку едно геноцидно дејство согласно одредбите на Конвенцијата.
Факт е дека дошло до присилно раздвојување на огромен дел од децата - етнички Македонци од нивната национална група, за време на граѓанската војна. Значи, се работи за спроведување одлука на грчка герилска влада, која во моментот имала фактичка контрола над значителен дел од територијата на Егејска Македонија. В�� таа влада Македонците речиси и да не биле застапени. По окончувањето на војната, грчката влада забрани нивно враќање во Грција и репатријација со нивните семејства. Оттука, има елементи кои водат кон тоа дека грчката влада свесно направила се' што е во нејзина моќ децата-бегалци да останат раздвоени од својата матична група.
За да се осигури дека тие нема да се вратат и следствено со тоа во рок од неколку децении да исчезне македонското национално малцинство од Грција, ним им е целосно одземен имотот и забранет им е влез во матичната земја. Законот за одземање на имотот се однесуваше само на македонското малцинство, а не и на Грците по род. Со тоа постојат индиции дека е спроведено дејство кое, според нормите на меѓународното право, е акт на геноцид. Во однос на постоењето намера да се уништи македонската етничка група во Грција, може да се изведе од бројните изјави на највисоките државни раководства, почнувајќи од премиери, па се' до началници на војската, со која или се повикува на уништување на словенската опасност, или се негира правото на децата-бегалци на нивна репатријација.
Сметам дека научната мисла треба со сета сериозност да го отвори ова прашање и да се обиде да разјасни дел од дилемите. Не заради дневнополитички или националистички побуди, туку заради објективно утврдување на сето она што се случувало во северниот дел на Грција, во период од неколку децении.
|
#
|
Статијата е прочитана 1211 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Branko |
Датум: 04.07.2008 04:19:02 |
|
Kako i da se podnese tuzba pred medjunarodniot sud na pravdata za izvrsen genocid nad Makedonskoto naselenie i deka toa prodolzuva da se pravi i denes,Kako najdobar dokaz za toa se i takanrecenite razgovori,spored bivsiot predsedatel Kiro Gligorov,te pregovori za imeto kade sto se nastojuva da se promeni imeto na edna suverena drzava a so toa iimeto na nacijata i jazikot koe sto bi dovelo do potpolno unistuvanje na Makedonija i Makedonskiot narod i jazik.Treba da se nastapuva ofanzivno vo bilo kakvi pregovori so grcitye.Pregovori moze da ima no ne za imeto na Republika Makedonija tuku za Egejska Makedonija da se napravi revizija na Bukureskiot dogovor i site prasanja koi proizleguvaat od nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran |
Датум: 04.07.2008 09:47:17 |
|
Lugje, prvo mora so godini da se raboti na pribiranje dokazi, materijali, dokumenti vo site svetski arhivi, grcki dokumenti itn, za da se otide spremen na sud.Zatoa sto ako otideme nespremni na sud, moze i da se sluci da namestat da izgubime. |
|
|
|
|
|
|
Од: John |
Датум: 04.07.2008 12:05:59 |
|
Procedura:
1) Fatite top advokati od London;
2) Vladata moze da gi plati;
3) Dokumentirajte go celiot slucaj so Makedonci - Egejci seuste dodaka se zivi;
4) Tuzete ja Grckata drzava za genocid i barajte obestetuvanje za zrtvite, imotite i psiholoski stresovi;
5) Inicirajte jaka medijumska kampanja vosite top svetski vesnici. Vladata i poedinci ke platat;
|
|
|
|
|
|
|
|
|