Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Никол Кидман и Кит Урбан

Добија втора ќерка

Австралиската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг музичарот Кит Урбан објавија дека добиле втора ќерка, која ја крстија Фејт Маргарет Кидман Урбан. Девојчето се роди на 28 декември во болницата во Нешвил, Тенеси, а веста досега се држеше во тајност. Бебето го роди сурогат-мајка.

„Нашето семејство е навистина благословено и благодарно што ја доби Фејт Маргарет. Немаме зборови со кои можеме да ја опишеме нашата благодарност кон сите што не' поддржуваа во последниве месеци, посебно кон сурогат-мајката“, велат Кидман и Урбан во својата заедничка изјава.

Очигледно, Кит и Никол, кои и обајцата имаат по 43 години, чекаа да помине доделувањето на „Златен глобус“ за да ја објават веста. Двојката е во брак од 2006 година, а во 2008 ја добија ќерката Сандеј Роуз. Кидман има и две посвоени деца од претходниот брак со Том Круз, Изабел и Конор.


#
Статијата е прочитана 1332 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Прва фотографија од синчето Флин
Голем концерт во Скопје на 19 март