Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Миранда Кер и Орландо Блум

Прва фотографија од синчето Флин

Австралиската манекенка Миранда Кер и нејзиниот сопруг, британскиот актер Орландо Блум, првпат објавија фотографија од нивното првороденче, синчето Флин. Држејќи го во прегратка и на гради, без ронка шминка на лицето, Кер некогаш не изгледала посреќно. Двојката ја објави фотографијата што ја направи таткото Блум на својот блог на кој напишаа дека Флин е здраво и големо момченце.

„Се породив природно без никакви лекови против болка. Тоа беше долго и тешко породување, но Орландо постојано беше покрај мене и ме поддржуваше. Немаше да успеам без него“, напиша Миранда на блогот. Таа додаде дека се многу среќни и дека уживаат во заеднички поминатото време. „Флин е нашето сонценце“, заклучи 27-годишната мајка, која се породи на 6 јануари во болница во Лос Анџелос. Двојката почна да се забавува во 2007 година, а се венчаше на тајна церемонија во јули 2010 година.


#
Статијата е прочитана 1346 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Добија втора ќерка
Голем концерт во Скопје на 19 март