Масимо Савиќ
Голем концерт во Скопје на 19 март
Хрватската музичка ѕвезда и еден од најпопуларните пејачи од бившите ЈУ-простори, Масимо Савиќ, ќе одржи голем концерт на 19 март во Универзалната сала во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.
Кариерата на Масимо Савиќ почнува во далечната 1983 год. како водач на сега веќе легендарната група „Доријан греј“, која со својот прв албум „Сјај у тами“, доживеа фантастичен успех. По два издадени албума, Масимо продолжува со соло-кариера и одличните изданија „Вјештина 1“ и „Вјештина 2“. „Бацила је све низ ријеку“,„Лоше вино“, „Грација“, „Пристао сам биќу све што хочеш“ и уште многу хитови на „Бијело Дугме“, Џибони, „Индекси“, Арсен Дедиќ…се само дел од овој проект, кој доживеа огромен успех на сите простори на екс Југославија. Во 2008 го издаде новиот албум „Сунце се поново раџа“, а заедно со Гаро сениор, јуниор и Дики Тавитјан ја сними и традиционалната македонска тема „Елено, ќерко“. |