Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Е��ономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Северот на Косово се вжештува

Прв обид на косовските власти да ја прошират власта на целата територија

Белград - Специјалните единици на Косовската полициска служба во понеделникот вечерта започнаа со преземање на царинските пунктови на административната граница.

Истовремено, властите во Приштина спроведуваат „чистка“ врз Србите кои се наоѓаат на командни функции во локалните полициски служби во северниот дел на Косово, а локалните Срби се собираат на повеќе места во овој дел од земјата. 

Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ и шефот на српскиот преговарачки тим во дијалогот со Приштина Борко Стефановиќ заминаа за Косово.

Стефановиќ и Богдановиќ чекаат одговор од Приштина на понудата која му ја изнесоа на командантот на КФОР за повлекување на специјалците на КПС од пунктовите на кои се распоредени.

„Командантот на КФОР моментално се консултира со премиерот Хашим Тачи, бидејќи тој нема овластување да наложи повлекување на косовските специјалци“, истакна Стефановиќ.

Тој додаде дека блокадите на патиштата и протестите на Србите ќе продолжат доколку Приштина не одговори со повлекување на специјалците, бидејќи косовските Срби од северниот дел се решени да не им дозволат на специјалните сили на косовската полиција да дејствуваат во ова подрачје.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека специјалците на КПС нема да бидат повлечени „се додека не биде постигнат договор во врска со двата премини во северниот дел на Косово“.

Претходно двајцата апелираа на меѓународната заедница да придонесе за смирување на тензиите и спречување на насилството во северниот дел на Косово.

Специјалните единици познати како „Роса“ го зазедоа административниот премин Брњак во Северно Косово, а локалните Срби го спречија преземањето на пунктот Јариње. Приштинските медиуми јавуваат дека специјалците во акцијата кај Јариње тргнале вооружени и во оклопни возила.

„Ова е прв обид на косовските власти да ја прошират власта на цела територија на Косово“, пишува весникот „Коха диторе“. Не е јасно во овој момент каква улога игра ЕУЛЕКС, бидејќи косовските медиуми објавија дека полицијата на ЕУ го спречува обидот на косовската полиција да дојде до Звечани и до преминот Рударе, во близина на Рашка.

Граѓани од српска националност од северниот дел на Косово, кои се собрале кај Лепосавиќ, направиле блокада и не дозволиле косовските специјални сили да се стационираат на административниот премин Јариње. Од Министерството за Косово информираат дека на другиот административен премин Брњак се распоредиле сили на косовската полиција, а во Зубин Поток граѓаните протестирале.

Камиони со стока од Србија, поради едностраната одлука на Приштина за воведување ембарго, веќе шести ден не можат да влезат на Косово, а со надеж дека проблемот ќе биде решен српското Министерство за економија и регионален развој се обрати до шефот на УНМИК, Роберт Соренсен, а Стопанската комора на Србија до ЕУ.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Милош Бугарин, предупреди дека ваквата одлука им нанесува огромни штети на српската економија и странските инвеститори кои работат во Србија, укажувајќи дека од Приштина веќе стигнуваат повици до стопанствениците во регионот да ја искористат можноста и да ги пласираат своите производи, наместо српската стока.

Косовската министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари-Љиља, порача дека постојат две можности за деблокирање на сообраќајот на административната граница кај Мердаре, но во ниедна од опциите српската стока нема да може да биде пласирана на косовскиот пазар.


#
Статијата е прочитана 820 пати.

Испрати коментар

Од: bale
Датум: 27.07.2011 00:30:20
Се е јасно.....тактика на САД, му намигнаа на крвникот Тачи за акција...... па реакција.......па Србија не може во ЕУ............. Јасно ли ви е........ По веќе виден рецепт.............
Од: slartibartfast
Датум: 27.07.2011 10:07:56
Poglednete go filmot "The weith of chains" i se ke vi stane jasno.

Најди! во Утрински
Политика
Отворен стечај за А1 телевизија
Ќе профитираме од косовското ембаргото за Србија

"""