Кушнер порача дека Франција нема намера да се става на страната на Грција или Македонија
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
БРИСЕЛ - „Македонија има иднина во НАТО“, порача вчера од Брисел американскиот помошник-државен секретар Даниел Фрид, додавајќи дека таа порака е содржана и во завршниот документ од министерскиот состанок на Алијансата.
„Мислам дека Македонија има иднина во НАТО. Жалиме што спорот околу името се' уште е отворен, но се надеваме дека ќе се реши наскоро и дека Македонија ќе може да оди напред. Тој јазик ќе го најдете и во коминикето. Но, исто така, мислам дека Македонија треба да направи се' што може за да го реши прашањето со Грција, работејќи со амбасадорот Метју Нимиц во процесот во ОН, кој ние го поддржуваме“, беше одговорот на Фрид на прашањето дали и новата администрација на САД ќе продолжи со поддршката на членството на нашата земја во НАТО.
Нов повоздржан тон кон Македонија почна да демонстрира и францускиот шеф на дипломатијата, Бернар Кушнер, најавувајќи дека наскоро ќе ја посети нашата држава. Кушнер, всушност, порача дека нема намера да се става на страната на Грција или на Македонија, бидејќи Париз не може да најде решение за спорот за името, туку тоа треба да го сторат двете земји. Кушнер, кој освен Србија и Косово, не покажа досега друг интерес за Балканот, со исклучок на обидите да се стопираат некои од државите во прогресот кон ЕУ, спомена и посета на неговиот заменик Жан Пјер Жује на Македонија, која всушност не се случи, туку разговорите со Жује беа во Париз.
„Не стана збор за Македонија, туку за Балканот, така што не знам што да кажам на оваа тема. Жује пред неколку дена беше во Македонија и, искрено, не можам да се ставам ни на ваша страна ни на страна на Грција. Тука има проблем и тоа не е проблем само за влегување на Македонија во ЕУ, туку проблем сам за себе. Двете земји треба да најдат заеднички прифатливо име, затоа јас не можам да го сторам тоа за нив. Ни треба едногласност и јас планирам наскоро да ја посетам Македонија“, изјави Кушнер, додавајќи дека Балканот генерално е комплексен и дека во него има кршлива рамнотежа.
Албанскиот шеф на дипломатијата, пак, потврди дека Македонија не била сосема игнорирана на состанокот и дека Кондолиза Рајс и други министри ја нагласиле својата цврста решеност да бидат примени во НАТО сите земји од Балканот што го сакаат тоа. Притоа, го повториле очекувањето дека со решавањето на спорот околу името Македонија ќе им се придружи наскоро како членка и ќе стане целосно дел од овој процес.
Грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани и овој пат тврдеше дека Атина не е таа што ги кочи преговорите, туку Македонија и дека на нивна страна има добра волја, а на македонската само реторика. Како аргумент за тоа го употреби дури и менувањето на преговарачот.
„Ние сме во преговорите целосно и сакаме решение. Тука сме, го имаме истиот преговарач од самиот почеток и чекаме. Но, очекуваме и другата страна да учествува на начин како што го правиме тоа ние“, изјави таа, најавувајќи дека очекува некаде во декември да има нови преговори во Њујорк со новоименуваниот преговарач на Македонија. На забелешката дека впечатокот во Македонија е дека Грција, всушност, не сака решение на спорот, Бакојани излезе со истите обвинувања. „Јас не сум таа што прави проблеми, јас не ги менувам преговарачите. За ова ни треба силна политичка волја. Грчката политичка волја е тука. Нашата позиција е дека сакаме БЈРМ да влезе во НАТО, но тоа значи дека треба да ги доближиме позициите. Во Скопје има политичка реторика против Грција, а тоа не е начин да се дојде до решение“, изјави таа во согласност со новата потреба да се воздржува од закани за вета и блокади, бидејќи такво нешто не е пожелно по тужбата во Хаг. Таа потврди, исто така, дека е запозната со писмото упатено од нашите министри до Шефер, но со насмевка извести дека за него воопшто не се разговарало.
Генералниот секретар Јап де Хоп Шефер, пак, во јавните настапи не го отвори воопшто проблемот со Македонија, што беше очекувано поради обидот во Алијансата спорот да се стави под тепих што е можно повеќе. Но, тој и овој пат ја искористи прес-конференцијата да ги повика земјите-членки да го ратификуваат приемот на Албанија и на Хрватска, кој досега е завршен само во осум земји, а мора да заврши до самитот во април. Засега тоа се објаснува само со бавноста на ратификувањата и се верува дека нема да има проблеми.
Инаку, во завршниот документ стои дека НАТО „останува на договорот од Букурешкиот самит да и' упати покана на Македонија што е можно побрзо откако ќе се најде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. НАТО повикува на поинтензивни напори да ја остварат таа цел. Во исто време ќе продолжиме да ги поддржуваме и помагаме реформите на Владата на Македонија“, стои во заклучоците, со тоа што внатре нормално се користи референцата, а не уставното име.
mozebi nato ne se otkazuva od makedonija...ama makedonija se otkazuva od nato..nemame nameri da bideme slugi i zivo topovsko meso vo nivnite teroristicki akcii po svetot..
Од: mite
Датум: 04.12.2008 00:13:26
ovaa vlada ne oddaleci 100 000 km od nato
Од: mitralez
Датум: 04.12.2008 00:53:19
Nato e megunarodna mafija koja okupira bilo koja teritorija bez politicka volja ili kompromis.
Makedoncite nese narod koj saka da terorizira ili okupira tugi teritorii ili da nametnuva politicka invazija na nicij interes.
Amerika e omrazena od celiot moderen svet poradi toa, pa zosto nie vaka malecka i nevina zemja da im se pridruzime na ovie zlobni i tiranski sili.
Glavna cel treba da ni bide nezavisnosta i priznanieto na identitetot vo svetot a ne pridruzba na nekoi si 'vojni' sili koi baraat novi nevini dobrovolci za zrtvi vo imeto na 'DOBRITE MISII na NATO'
REPUBLIKA MAKEDONIJA - da se borime za toa priznanie i se drugo ke si dojde po sebe. NATO ke ni zema poveke odkolku ke dava..Vremeto ke ja dokaze vistinata na ovie zverovi....
Од: Zoran - Miami
Датум: 04.12.2008 01:16:11
Abe kakvo NATO - BLATO.... Dajte da se gusneme so bratuska Putin i Medvedev... NATO nas posle ke ne molat... a ne nie niv ! Ke im bideme bukvalno trn vo oko... I pod hitno da se bara od Putin da instalira balisticki raketi kaj nas. Barem ke se krstime vo ista crkva so niv.
Од: Robert
Датум: 04.12.2008 02:15:52
Taka e commanddevil a ti Mite neznam sto si zapnal po toa NATO.Ako imas deca za pustanje vo misii vo Irak i Avganistan togas priblizi im se na nekolku metri,oti sega sme bile 100 000 km od niv.Taka barem ke si gi vrabotis decata vo pekolnite im natovski misii niz svetot.Ma kakvo NATO kakvi crni gjavoli.Do vcera ni pretea ako ne gi oslobodime teroristite od Aracinovo ke go bombardiraat Skopje na celo so nivniot ne asolen Solana a pak sega treba da gi molime po cena da se vikame Severno Nordisko nekoe si balkansko pleme.E izvinete natovci ama ne moze!!!
Од: petel
Датум: 04.12.2008 03:23:08
nie sme nato za site komunjarishta i vrapcharski kolishevkovci.samo zaedno so brakatata vi vasi severno se osekate bezbedno koga tie ke vlezat da vlezeme i nie,toa go sakaat dusmanite na makedonia..............
Од: Zarovcki Pirincka Makedonia-U S A
Датум: 04.12.2008 06:00:18
Koi
Од: sahistot
Датум: 04.12.2008 07:55:40
Vladata da dade nalog za da se podgotv ekipa od 8 vrvni eksperti po megunarodno pravo za 8 razlicni oblasti za procesot vo Hag za da se rascisti ednas zasekogas so Grcija.
Da pobara odsteta od najmalku 50 milijardi dolari za odzemeni/ukradeni imoti.
Odsteta od 20 milijardi dolarri za kocenje na evro-atlanskite integracii. Da finansira advokatska kancelarija koja besplatno ke kompletira tuzbi na oosteteni gragani i ke gi procesuira do Evropskiot sud vo Strazburg.
Sudenjeto ke zapoocne naskoro i samo taka ke go dobieme.
Од: Micotakis
Датум: 04.12.2008 08:13:54
Mite ovaa vlada moze utre da te vnese vo NATO,ama ne kako Mite tuku kako Micotakis
Од: od tetovar
Датум: 04.12.2008 08:41:25
poradi vas trpimo i mie albancive napred vo nato i eu ime nesto drugo vie idete so rusia ke cojsnete za leb
Од: Majka
Датум: 04.12.2008 09:27:36
Kako moze da se ocekuva bilo sto podobro, koga za pregovarac e naznaceno lice sto ne znae da kaze edna prostoprosirena recenica. Cul li nekoj nekade nesto jasno od nego? Ne znam kako moze da funkcionira kako ambasador (dodusa i mnogumina od drugite se za nikade). Mozebi e vreden, cesen, lojalen...no ne e na elementarno nivo za pregovarac. Zosto vakov tip luge im odgovara na vlastite? Nikako da se potprat na licnosti posilni od niv samite! Licni kompleksi?
Од: do tetovar
Датум: 04.12.2008 09:53:55
Albanija ti vleze vo NATO. Aj mrsh tamu, ako makedonija te kochi
Site da zaminete vo Albanija...site do eden
Од: racko
Датум: 04.12.2008 10:20:40
Do 'tetovar", ti da se gusnes so tvoite braca preku planinite zapadno od makedonija i da ne se sekiras mnogu.Posto mnogu trpite kako sto velis, krajno vreme e site sto trpite da si odite na drugo mesto bidejci sekogas obde vi e tesno.A mioze i vo Irak da im se pridruzite na vasite mentori, tamu ce vi bide posiroko.
Од: kocan
Датум: 04.12.2008 10:24:11
ovaa vlada ne doblizuva do nato i do site evroatlanski organizacii,no ova starava opoziciona garnitura na celo so nasiot pretcedatel so se ne turkaat nanazad da se zaprasame samo koj go smeni nikola dimitrov kako dolgogodisen pregovarac.vprocem istata taa stara opoziciona garnitura zaedno so pretcedatelot ni gi nametna i ovie neosnovani pregovori so grcite.samo prasajtese koj ne prekrsti vo fyrom
Од: zelezara
Датум: 04.12.2008 10:37:51
Gi gledam kometarive,abe covek da se krsti so leva ruka,kako vladava da gi pisuvala.zatoa ni e drzavava dovedena do ova derezde.E makedonce,makedonce poglednete kako razmisluva tetovar,vas kako cavka da vi go ispila mozokot.kako nemoze da svatite veke ednas deka za nato i eu nema alternativa
Од: Perdika
Датум: 04.12.2008 11:02:02
Sporen institutot vo svajcarija za geneza vo Makedonija okolu 93 % od Makedoncite se direktni potomci od antickite , a ostanatite 7 % pripagjaat na slovenskata grupa odnosno na izmesanost pomegju Makedonci i sloveni taka da dragi moi neka ne ve cudat izjavite na nekoj "Makedonci" koga velat deka treba da se promeni imeto !!! MIslam deka vo tie 7 % spagja i gospodinot B.C so negovata druzina verovatno .... K
Од: Trocki
Датум: 04.12.2008 11:06:10
Najdobar e delot: Albanskiot diplomat izjavi deka Makedonija ne bese celosno ignorirana.... Taka, rekov jas, Albanija ce ni e izlez kon svetot...
Од: Дора Бакојани
Датум: 04.12.2008 11:17:43
Да се надеваме дека ке не внесете во НАТО,се разбира и во ЕУ..Вие од дијаспорта што ве дрпаат политичарите..да не кажувате многу оти во Македонија се живее тешко,па гледам и на Дора почна да и биде жал откако една данкиња не нарече Земја на питачите....доста грев ке ве фати што и правите на земјава која ве збогати вие пулените на двете големи партии...па по расипани сте и од албанците...тие барем си е сакаат Македонија како земја..нормално нема по нивно да се вика така но имаат едно зацртано добар живот и унапредување на земјата...нели и Албанија која беше поназадна од МК сега е светлосни години пред нас....доста веке мора да бидеме во НАТО и ЕУ....Македонија ја користите само определен број на луѓе пулени на двете партии кои еден ден ке одговарате за геноцид врз обичниот македонски народ...се разбира тука страда и албанскиот народ....Фала месје Кушнер...во право сте.
Од: ramadan
Датум: 04.12.2008 11:19:36
Do petle
Imeto sto si go zel epten Ti odgovara.Skakas kako petle.Koj tebe Te prasuva,ako Ti i nekoi Tvoi istomislenici ne ste za vo NATO,toas jasno mi e sto sakate.Samo Ti prasuvam dali ako dojde kriza ce go izvadis rezervniot pasos sto Ti go obezbedi tvojata partija i magla od ovde.
Од: commanddevil do arnautot tetovar
Датум: 04.12.2008 11:26:30
oojs .tetovar..lupas samo gluposti-edinstvenite koi nesto gubat ovde se site -osven vie..vie go kocite progresot ,pogledaj koj pravi nered na izbori,koj e na celo na kriminalot,drogata,bezzakonieto.so takvi kako vas nema progres i podobro e da si fatite vasata shipnija i tamo solete pamet edni na drugi. ovaa zemja ja zaostanavte za 100godini.poradi vasata potreba da se emancipirate se sopnavte sami sebe.mislevte deka ke mozete sami..jok burda.se obiduvate da go stignete razvojot na makedoncite ama --daleku sme po se za vas so ,,svetlosni godini,, dokaz deka e taka e toa sto ti se ,,upikuvas,, vo makedonski forum ,makedonski vesnik ,pisuvas na makedonski ovde...mnogu znaci toa ..sa,o ti ne mozez da svatis .tvoite komentari edinstveno se sveduvaat na zajadlivost --a toa e poradi isfrustriranost poradi zaostanuvanje generalno ko kolektivitet..a za nasata vrska so rusija?? pa batka nema da bides ti koj ke ni kazuvas vo makedonija kako ke se organizirame i so kogo ponatamu..ako ti cini -ok
Од: dragan
Датум: 04.12.2008 17:22:37
Komentar do toj Petel.Abe ti ne si bil petel ti si bil KOKOSHKA
Од: Germanac
Датум: 04.12.2008 17:26:33
Makedoncite da ne pagjaat na vakvi eftini trikovi.
Promena na imeto za NATO, posle promena na nesto drugo za vo EU…se nesto se bara od nas.
Dosta bese, aj sikter na tie protekcionisticki i nehumanisti…..
Од: Itar Peyo
Датум: 04.12.2008 17:33:13
Jas mislam deka, blagodarenie na politikata na ovaa vlada, ce im se ostvari zelbata na site sto sakaat albancite da si odat vo Albanija. Ama se mi se cini deka togas 1) granicata ce bide na kameni most, 2) nie makedoncite ce odime na gurbet vo Albanija, da im cepime drva. Prerodbata prodolzuva, nema kaenje.
Од: Petar,Germanija
Датум: 04.12.2008 20:33:39
Samo taka Narode Makedonski! NE za NATO!
Robert svaka cest!!! vo cel svet vidovme na televizii koga bas toa Nato gi sobraa nivnite "borci za covekovi prava" se sekavam koga ni zapretiva ako negi oslobodat Skopje kego bonbadiraat!!!
takvi kriminalni subjekti nenise potrebni pa cak idanemora dago menuvame naseto vekovno Ime MAKEDONIJA!!!!!! ima fala Bogu nesamo Zapad nego i ISTOK!
Од: od prognozer
Датум: 04.12.2008 20:58:20
Grcite jasno kazaa toa sto imaa da kazat no mislam deka Bugarite se po opasni po se izgleda nivnata propagND gi plaka ovie sto go branat i negodavaat imeto a site si go prodadoa identitetot i zemaa blgarski pasosi i smisleno se borat za imeto da go plasat nivniot Grujo i taka makedonija ke se podeli i bugarite novopeceni ke bidat srekni i zadovolni.CIA e vo pravo ako ne uspeavme davlezeme vo nato zemjava ke ima uste eden konflikt i definitivno ke se deli posle ova ne imeto nego i g.. da dadat badijala otide vozot kasno e zalno e ama so vakvi patriotitoa ne ni bega i tvrdam tie sto go branat imeto i identitetot 70/imat blgarski pasosi.Za da go imas treba da kazes pradedomi,tatkomi i jas sme verni na blgarskata drzava i nie sme blgari e toa tie portokalov patriot sto brani drzava so 100 cekori kon majka blgarija.