Спикерот нема да им ја исполни желбата, бидејќи „брзите“ закони се поврзани со финансиската криза
Оливера Војновска
Либералдемократите вчера го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, да биде доблесен и да си замине од функцијата бидејќи, според нив, со сервилност однос кон Владата ја довел во понижувачка позиција институцијата на чие чело се наоѓа. ЛДП го обвини Велјаноски дека наспроти неговото извинување пред дипломатите, тој сега ја репризира јулската епизода, кога експресно беа усвоени околу 170 закони.
Спикерот веднаш им одговори дека нема да им ја исполни желбата. Како што појасни Велјаноски, законите не се по итна, туку по скратена постапка и дипломатите имале разбирање за тоа, бидејќи проектите се поврзани со мерките за финансиската криза.
Опозицијата вчера жестоко го критикуваше новиот начин на работа на парламентот. Законите по скратена постапка фактички поминуваат без дебата во Собранието, амандманската расправа се води во матичните комисии, а на пленарната седница само се гласа. Новиот Деловник - поточно примената на глава девет, вчера имаше премиера на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Опозиционерите едвај се изборија кога веќе не можат да дискутираат, барем да реплицираат. Најнапред Велјаноски тврдеше дека во случај на носење закони по скратена постапка, пратениците не можат да реплицираат. Но, откако атмосферата во собраниската сала зовре, за да ја смири ситуацијата, спикерот даде пауза на која власта и опозицијата, сепак, се договорија да има реплики.
Координаторот на пратеничката група на ЛДП, Андреј Жерновски, користејќи го правото на процедурална интервенција, изрази жалење што парламентот е целосно суспендиран. „За жал, веќе не го препознавам парламентот, ова не е истата институција кој според Уставот носи закони. Собранието е претворено во орган на заверување на проектите на Владата. Вие, господине Велјаноски, им се извинувавте на странските дипломати дека брзото носење закони беше грешка и ги убедувавте дека нема да се повтори тоа. Вашиот збор ништо не значи. Грешката е во тоа што вие сте претседател на Собранието и немате храброст на Владата да и' кажете дека парламентот не може да биде сервис на Владата. Не смее да се дозволи Владата да го јавне Собранието, како што се случи сега. Затоа е најдобро поскоро да си заминете од функцијата“, рече Жерновски.
Во репликата што следуваше Велјаноски кусо му одговори: „Веднаш да ви кажам дека нема да си заминам. Оние што ги споме��увате имаат разбирање за овие закони, бидејќи се однесуваат на финансиската криза. Во сите земји мерките за справување со кризата се носат што поскоро“.
Пратеникот од СДСМ, Андреј Петров, забележа дека по скратена постапка се предлагаат закони кои на ниту еден начин не се поврзани со финансиската криза. „По скратена постапка се предлага и зголемување на надоместокот на советниците во општините од 70 на 84 отсто, што нема никаква врска со светската економска криза“, забележа Петров. Неговиот партиски колега Марјанчо Николов смета дека со носењето на законите по скратена постапка власта сака да ја избегне дебатата во Собранието.
so reche ldp , abe kakva opozicija tije sami se unistija , pa vikat ke go pobedele vmro na l. izbori. lele pa opozicijata za golema zal moze da ischezni do godina.
Од: commanddevil
Датум: 04.12.2008 00:28:21
cekaj ..cekaj ..cekajte malkuu..dobro li procitav?..ldp to baralo..? ta tie nemaat ni tolku clenovi kolku imaat bukvi vo skratenicata od partiskiot naziv...oni moze da baraat samo vo nekja mesna zaednica ako i za tamo imaat dovolno lugje za sostanok.. zatoa edvaj cekam moment koga na politickata scena ke gi nema ovie vecni ,,sleperi,, i ,,opashki,,
Од: МК
Датум: 04.12.2008 00:37:46
Што се преэираат овие од ЛДП јас не энам. Не само што немаат легитимитет да ја преминат улицата кон сообранието сега дури бараат претседателот Велјаноски да си поднесел оставка.Иэгледа эаборавиле дека имаат 0,01% рејтинг.
��: ljupco,bitola
Датум: 04.12.2008 06:08:20
Една од одлуките на сдсм што во целост ја одобрувам е таа што ги откачи другарчињата од ледепето,кои се дури на моменти поарогантни од нив самите.Ова е прв пат да излегуваат сами на избори,и последен. Како што стојат работите ќе ги снема догодина.
Од: mirco
Датум: 04.12.2008 08:02:26
LDP znae sto saka - Parlamentot da bide mesto za debata i diskusija so cel za donesuvanje na podobri zakoni a ne samo masina za spoveduvanje na nedemokratskite zakoni na vladata . LDP e za narodot za razlika od nekoi drugi .
Од: ivan
Датум: 04.12.2008 08:50:11
Nekoi vo ovaa drzava mislat deka samo tie so GOLEM rejting imaat pravo da zboruvaat i da iskazuvaat mislenja. A rejtingot e minliva (menliva) rabota.
Од: devicanecot
Датум: 04.12.2008 09:46:46
Bravo LDP!!!
Zernovski za spiker, zena mu za zamenik, dedo mu vtor zamenik na spikerot...... Decata ministercinja...Si ja vidovme vasata vlast.
Од: Perdiika
Датум: 04.12.2008 10:48:58
Nemozam da ja svatam opozicijava, pustam pred nekoj den sobraniski i sto da gledam vlasta predlaga zakon paketi za finansiskava kriza za da ja ublazi , a od druga strana opozicijava so 1000 amandmani ja koci cela rabota , pa se prasuvam zasto tolku amandmani koga se raboti za opsto dobro , mislam deka sakaat poveke da gi ima vo mediumite demek nesto praat , znaeme deka se blizat izbori pa zatoa glumat Lud.... ... K
Од: ramadan
Датум: 04.12.2008 11:09:35
Mujo reko Mujo odreko.Ova bese izjavata na Veljanovski pred prestavnicite od Starata dama.Voopsto nee bitno dali ovie reakcii doadjaat od LDP ili od nekoja druga partija.Se prasuvam zasto za ova ne se oglasi nekoja partija od pozicijata.Na primer toa da bese partijata na Trajanov(ja zaboraviv kako se vikase) ili pak Zingo socijalistickiot Feudalec.Ovie dve partii ,mi se cini imaat pomalku clenstvo od LDP.Sto se odnesuva do Veljanovski,zarem navistina ce mu padne na pamet da mu se sprotistavi na Gruevski.Navistina sekoj sto taka misli e vo golema zabluda.Vo taa partija nema ni bukva od Demokratija.Vprocem,posteno receno nitu drugite se poarni izatoa na ova dereze sme.
Од: commanddevil do ilco i mirko
Датум: 04.12.2008 11:42:25
abe brakja ldp e obicna opaska sive ovie godini i se totalno neuspesni a sakaat da, se prestavat kako da se partija so ogromen rejting.imaa moznost vo minatoto slepuvajki se kaj site da doprinesat nesto ama ..trula kobila-rabotava. se se sveduvalo samo partijata da im bide ,,biro za vrabotuvanje . etoa nema da odi taka.nekoj rece rejtiungot e minliva rabota..da! ama bre brate mili za LDP E nedostizna za milion sledni godini ,taka da so dvaeset lugje podrska ne mozat da bidat legitimni.legimitetot se dobiva so broj na clenovi koi te ovlastuvaat da ,,laes ,, vo sobranie.vaka kako sto se ..nemaat pravo za zbor ni pred ,,kooperacija,, da se pravat pametni
Од: od mene
Датум: 04.12.2008 14:16:54
Pa fino si kazaa od LDP...parlamentot e za da se diskutira, i debatira , a ne samo da se glasa za zakoni sto vladata ke gi sklepa nabrzina. Ne ni trba takov Parlament..... i so go branite Veljanovski za nisto ne go biva, pak li ke se izvinuva posle ova.
Од: Antonio
Датум: 04.12.2008 14:17:47
Comondevil,comodore ili kako veke se pretstavuvas.Za tvoja zalost i pred se na zalost na onoj
dzabelebar lljupco od bitola,LDP ke pominat na narednite lokalni izbori ke pominat mnogu podobro odkolku sto vie "ekspertrite" moze da ocekuvate.
Ne se sekirajte za LDP,pripazete vie na vasata vrhovisticko fasisticka ideolodija.
Од: citatel
Датум: 04.12.2008 15:28:39
bravo za ldp ne treba samo veljanovki da dade ostavka tuku cela vlada