Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Бирото за лекови го тужи „Зегин“ за спорна реклама

Јасмина Јовановска

За доведување во заблуда на пациентите со рекламирање на аналгетикот „беналгин“, Бирото за лекови ќе го тужи дистрибутерот „Зегин“ наместо производителот „Актавис“. Бирото за лекови ја пренасочило прекршочната пријава откако „Актавис“ реагирал дека тие не се нарачатели на рекламата и дека дистрибутерот ја злоупотребил оригиналната реклама, допишувајќи дополнителни здравствени проблеми каде што лекот може да дејствува. Во рекламата стоело дека, покрај за разни видови болки, лекот може да се користи и за смирување, за стрес, за срцеви проблеми.

Како што објасни директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев, ќе го тужат дистрибутерот зашто го прекршил Законот за рекламирање лекови. Според правилникот, реклама може да нарачува само оној што го регистрирал лекот, односно производителот, а не и дистрибутерот.

„Не може да се вели дека ’беналгинот‘ дејствува и за смирување и стрес кога точно се знаат неговите индикациони подрачја“, објаснува Захариев, кој додаде дека казната за прекршување на законот е од 25.000 до 50.000 евра.

Директорот на „Зегин“, Благоја Механџиски отвора јавна понуда за подарување 50 отсто од акциите на неговата компанија на сите оние што ќе го докажат спротивното што било наведено во рекламата.

Механџиски тврди дека како дистрибутер има право на рекламирање на лекот.

„Кој ќе го докаже спротивното, ќе му подарам 50 отсто од акциите на ’Зегин‘“, категоричен е Механџиски. Случајот ќе го испитува и Државната пазарна инспекција.

Од Сојузот на потрошувачите на Македонија, пак, велат дека иако е повлечена рекламата и производителот јавно се извинил, случајот ќе го следат и натаму.


Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
МАТ може да остане без дозвола за работа?
Бранителите скептични за понудата на Груевски