Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Проблемот со Грција не е изговор за европски неуспех

Симон Илиевски

ОХРИД – „Реториката на премиерот Груевски се совпаѓа со онаа што во последно време имавме можност да ја слушаме и од него и од министерот Милошоски. Со неа се подготвува македонската јавност за правдање на неуспехот оваа есен околу претпристапните преговори со ЕУ, при што се наведува дека единствена причина е спорот за името со Грција. Ставот на Грција е проблем и може да ни попречи во евроинтегрирањето, како што беше случајот во Букурешт, меѓутоа тоа не е единствената причина. Претходно треба да ги исполниме сите услови и прогрес зашто имаме се' уште многу незавршена работа. Се надевам дека ќе се искористи овој период не да се бара алиби за неуспехот, туку да се фокусираме кон обврските, а не да објаснуваме зошто не сме успеале“, изјави вчера во Охрид претседателот Бранко Црвенковски.

Одговарајќи на новинарско прашање за повикувањето на премиерот Груевски на единство на прославата на Денот на независноста, Црвенковски рече дека неоспорно е повикувањето на единство на народот и државата и дека нема дилеми освен што останува отворено прашањето околу тезите и политиките што треба да се постигнат. „Ако се мисли дека единство може да се постигне само со поддршка на нечии ставови, тогаш се плашам дека тоа не е искрено повикување за збивање на редовите, туку обид да се наметне својата вистина како единствена “, смета Црвенковски. Тој призна дека има разлики меѓу него и премиерот за овие отворени прашања. Црвенковски рече дека во овој период Груевски се обидува да ги бара виновниците зошто Македонија би доживеала неуспех, а тој се обидувал да му каже дека наместо тоа во овој период треба да се стори се' да се забрзаат евроинтеграциите.

„На средбата што ја имавме во вторникот немаше потреба од усогласување зашто немаше нови предлози пред одењето на Димитров во Њујорк. Не сум сигурен, но е можно на средбата во Њујорк закажана за в четврток медијаторот Нимиц на претставниците на двете земји да им изложи конкретен предлог. Во тој случај ќе треба да го анализираме и да изградиме заеднички став“, рече претседателот Црвенковски. Тој додаде дека во целата работа сите треба да бидат реалисти и да се поддржи она што е најдобро за народот и за државата.

Како што стојат сега работите, решавањето на прашањето со името се' уште е со медијаторството на Нимиц, но според Црвенковски во иднина би биле можни и други начини доколку се измени сега важечката Резолуција на ОН.

Деновиве е актуелно прашањето и околу условувањето на обележувањето на границата со признавањето на независноста на Косово. Претседателот Црвенковски смета дека легитимно право на Македонија е да ги штити своите државни и национални интереси, а Косово има свои, меѓу кои најважно е признавањето од поголем број земји, особено од соседите. „Наш интерес е границат�� да се обележи што е можно побрзо и пообјективно без какви било отстапувања, а Косово да го признава и уважува нашето уставно име“, рече Црвенковски.


Статијата е прочитана 897 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 11.09.2008 00:49:40
Dali Makedonija kje opstane kako drzhava, direktno zavisi od albancite. Kosovo mora vednash da se priznae. Srbite bea odsekogash protiv nas, a na strana na grcite. Bez podrshka od srbite, grcite nema da mozhea da ni ja zemat Egejska Makedonija. Edinstveno Bugarija nemashe protiv "Makedonija, Shvajcarija na Balkanot." Za vreme na Aleksandrov i Mihajlov, Pirinska Makedonija imashe svoja avtonimija, iako beshe vo sklopot na bugarskata drzhava.
Од: igor
Датум: 11.09.2008 08:16:11
Samo na porazi naviknavme so diktatorceto!!grcija im dojde kako kec na desetka!Za se e kriva..za infalacijata, za nemilosrdnata partizacija na se sto preta, za deficitot...Ama treba ovoj narod da oseti uste malku za da vidi kolku boli pa ke se svesti posle!
Од: jovan
Датум: 11.09.2008 08:58:01
Ne ni e nas kriv veke nikoj,nie samite izgleda sme si pricina za problemite sto si gi stvorivme.Sega ednostavno pocna da se odmotuva tepihot vo koj izminative godini site problemi vesto gi krievme i motavme vo toj tepih,pa sega seto toa gubre sto go krievme ni se istura pred noze. Situacijava vo koja momentalno se naogame e poveke od alarmantna i e krajno katastrofalna so mnogu mnogu mali sansi da se"prezivee". Drasticni promeni treba da se slucat za da opstaneme, promeni koi nema bas mnogu da ni se dopadnat na nas Makedoncite, a isto taka golema e i verojatnosta drzavava da se raspadne. Veke ni propagandite i kampanjite ne pomagaat. Narodov veke nekako se "trezni"a panikata i stravot od realnosta pocnuva da se siri. Ostanuva samo uste da go vidime sledniot vladin video spot vo koj onaka "patriotski" ke ne ubedat deka sepak i vrbata moze da rodi grozje, ama nie toa ne sme go svakale za ozbilno bidejki ne sme obrazovani pa sme se majtapele. Ama sega so spot i toa ke svatime deka e mozno
Од: ma-ri
Датум: 11.09.2008 09:34:24
B.Crvenkovski se zaborava deka site problemi poteknuvaat od negoviot mandat na premier,zosto se odnesuva tolku arogantno i cinicno?i vo dobro sraboteni rabti bara pricina za kritika i javno ja degradira Vladata.Toj sega e vede pretsedatel[taka toj se izjasni ceka vrema za pr.vo sdsm] znaci toj nee tatko na nacijata tuku samo na svoite!zatoa negovite kritiki mozat da se svatat samo kako opozicionerski!!!!!!!!!!!
Од: meto
Датум: 11.09.2008 11:10:05
Ako ne e Grcija problemot za EU koj bese problemot sto ne vlegovme vo Nato.Zosto e nevozmozno da se poveruva deka poradi Grcija bi bile stopirani, sto ima tolku cudno, tie ednas ne sprecija vo Nato i sega istoto ke go napravat.
Од: do mihajlov
Датум: 11.09.2008 11:27:12
gluposti treses mak nemalo da prezivee bez albancite pa tie ziveat na mnogu mala teritorija naprotiv mislam bi procvetale bez niv nie sme raboten narod a treses gluposti Srb i ovozmozila na Gr da dobie egej?pa corav li si edinstveno vardarska mak e nezavisna blagodarenie na srbite koi vo NOB se borea za Republika Mak. a toa sto ekonomijata i opstestvoto e katastrofa i sto bi bilo raj koga bi bile vo sklop na Bug drugite da ne ranat i se grizat za nas ama ne go razbirame bugskiot jazik?
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2008 12:36:00
Ova bugarinot MIhajlov mi idi na zivci .Bugarite se najgolemiot neprijatel na Makedonija . Ako Bugarija ne smetashe kako bratski narod ,po osamostojuvanjeto na MAKEDONIJA trewbashe da ni go vrati Pirinskiot del,tie znaat deka toj del e Makedonski ,ako toa go storea, ne ke imavme vakvi posledici iso Grcija .Bugarite i Grcite se kako kucheto so koskata vusta ,SRAMDA im e shto ne machat ali za sve ima kraj.GOSPOD ke gi kazni.
Од: мими
Датум: 11.09.2008 13:10:38
Корумпиран народе не се правете на тошо дека не знаете дека измислениот проблем од Грција е сојузништво и со нашиве политичари сегашни поранешни сите.На тој кец од картите играт сите...Нели треба да се влезе во ЕУ, односно и НАТО, е пак кој што е крив да си одговара.За тоа што на изборите се тепале се знае кој е крив...кому му требаа избори,сдсм да си одговара за сојузништво и тие верглаа со името толку години,па доста е вратете ги парите за овие 17 години, и одете си од Македонија политичари можеме и без вас.Има доста образувани Македонци ке си е водат државата подобро од вас сите што и направивте реденка на Македонија.Македонија се знае дека е дел од цела Македонија и сакаме во ЕУ,а неспособните политичари,што се збогатија тие,а народот сиромав, и тие од дијаспората што се плашат не сите да им дојдат Македонците да не им го земат ними работното место,е па Македонци ке дојдат и тоа образовани не како вас со 4 и основно одделение,а пребогати,а тие сиромашни наѓшиме образовани и млади

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Жан Клод Јункер
Македонскиот преговарач во Њујорк само ќе слуша
ЕУ-аспирациите ја одржуваат Македонија како целина