Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонскиот преговарач во Њујорк само ќе слуша

Државниот врв се согласи само дека Македонија ќе продолжи да учествува во преговорите

Тамара Грнчароска


Македонија ќе продолжи активно да учествува во преговорите со Грција за изнаоѓање решение околу употребата на нашето уставно име, во кој највисок приоритет е да се зачува идентитетот и достоинството на нацијата, е заклучокот од средбата на државниот врв одржан во пресрет на новата рунда средби на медијаторот од ОН, Метју Нимиц, со грчкиот и македонскиот преговарач во Њујорк.

На средбата во кабинетот на претседателот на државата, Бранко Црвенковски, присуствуваа премиерот Никола Груевски, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, и преговарачот Никола Димитров. Средбата, иако именувана како координативна, според соопштението издадено по неа, на јавноста не и' станаа јасни кои ќе бидат инструкциите на македонскиот преговарач и позицијата на Македонија во Њујорк, со оглед на спротивставените ставови на државниот врв за излез од спорот. На средбата, како што се наведува, „биле разгледани сите аспекти во врска со ова прашање од највисок национален интерес“.

„Практично, само разменивме информации, ги разгледавме сите аспекти и оставивме простор преговарачите да бидат таму, да слушнат за што се работи и откако ќе завршат да бидеме информирани, а потоа да видиме што со тоа“, е коментарот на Груевски за координативната средбата одржана претходната вечер кај претседателот, додека за новата рунда преговори во Њујорк тој изјави дека „ние сме во очекување дека можеби ќе има нови идеи, предлози“.

Неофицијалните најави се дека Нимиц во ќе излезе со нов план за решавање на спорот кој би бил модификација на последниот што беше одбиен. Грчкиот весник „Етнос“ вчера објави дека врз основа на новиот предлог, министрите за надворешни работи на двете земји, Антонио Милошоски и Дора Бакојани, ќе треба да преговараат на средба во Њујорк кон крајот на септември.

Информациите за можна македонско-грчка средба на министерско ниво, под покровителство на САД, во рамките на одржувањето на Генералното собрание на ОН кон крајот на септември, упатените во проблематиката ја отфрлаат како неверојатна. Повеќе од јасно е дека „вистински шефови“ на Нимиц му се Американците, а не Бан Ки Мун, сметаат тие, но директно инволвирање на високи официјални претставници на американската администрација во спорот се апсурдни.

Последните ставови на САД за прашањето за името ги изнесе портпаролот на Стејт департментот, Шон Макомарк, според кого „Македонија кажа дека сака да се нарекува Македонија и ние тоа име го признавме. Ако Македонија и' каже на меѓународната заедница дека сака да ја нарекуваат под друго име, кое ќе биде целосно поддржано од македонскиот народ и Владата, тогаш не верувам дека САД би се спротивставиле“.

Според него,САД не предлагале решенија за спорот, меѓутоа учествувале во негово решавање, потенцирајќи дека двете инволвирани страни се оние кои треба да дојдат до договор. Тој го повторил стремежот на САД за брзо решавање на прашањето за името на нашата земја.

 


Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 11.09.2008 00:09:39
Kako be samo ce slusaat! A pravata na egejcite? A crkvata? A hunzite ? A Prohor Pcinski ?
Од: Mic
Датум: 11.09.2008 00:15:37
taka e, ako sakame preimenuvanje ke se prodolzi da se pregovara!!!! kaj e makedonskiov narod da se pobuni sto grujo go vlece za nos??? Povelete menuvajte si ime, pregovarajte. Zosto pregovarate?? Ihihihi Volovi libanski!!!
Од: ch
Датум: 11.09.2008 10:27:57
koj mu dozvoli na gruevski da.pregovara .tuka nema so da se pregovar.MAKEDONJA .taa.,edna,,dodeka da dojde do evropa ,evropa ke se raspadne ,so ke i evropa ,a,imeto ,nacijata nemoze gruevski da ja menja,tuku narodot go polaza,,ke odvedes,kako ljupco ,i ti samo ,koga ke dojde den,premier,drugar,na ljupco ,so e toa ,braka lazovi,
Од: Makedonija vo EU
Датум: 11.09.2008 12:58:42
Абе доста политичари го врглате името како алиби за да си се лично збогатите.Нели сега сте најбогати на балканот од двете партии.Одговарајте сега за геноцидот врз Македонскиот народ за овие 17 години,што го лажете со името за да владеете.Со ГР исто се поврзани и Нимиц е сојузник...Срамно е остајте го народот нека го одживее животот во убаво и во благодет.ОД дијаспората вие не ургирајте,се плашите со ЕУ пасоши да не дојдат Македонци,па да немате вие работа.Срамно огледајте се на албанците колку се сака таа нација и се помага меѓусебе.Позз.македонци во ЕУ одајте ако сакате да живеете срежно,ве лажат гнасиве.
Од: kumanova
Датум: 11.09.2008 13:13:04
smenete go konecno toa ima nie albancite sme zaloznici na vas i go kocete nasiot razvoj vo evropa ce se obedinime so nasite vo kosova i albanija i ce funkcionirame ne samo kako eden narod tuku kako da ziveeme vo ista drzava ...nemozeme povece da cekame.. ........

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Жан Клод Јункер
Проблемот со Грција не е изговор за европски неуспех
ЕУ-аспирациите ја одржуваат Македонија како целина