Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ЕУ-аспирациите ја одржуваат Македонија како целина

„Патот кон Европа е нешто ја одржува Македонија како целина“, изјави Тео Вајгел, советник на македонската Влада во интервју за „Дојче веле“. „Во сите овие години, во кои одвреме-навреме престојувам во Македонија, откривам постојано дека европската аспирација е врската што ја држи земјата заедно. Таму и етничките групи знаат дека и' припаѓаат на Европа и дека сакаат еден ден да и' припаѓаат на ЕУ“, вели Вајгел, додавајќи дека Македонија мора да ги надмине разочарувањето и лутината од грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт.

Сепак, советникот на македонската Влада додава дека не може да ја разбере Грција. „Ја сакам Грција, но, сепак, не го разбирам одбивниот став кон Македонија поради името. Сите други членки на НАТО ќе го поздравеа пристапувањето на Македонија и се надевам дека во скоро време, сепак, ќе најдеме некоја можност и да го реализираме тоа. Но, тоа е задача на двете влади и на билатералните разговори“, смета Вајгел. „Во таквите прашања на престиж мора еднаш да се спушти топката и да се најде реално решение. Се надевам дека двете соседни земји ќе ги научат лекциите од минатото на европскиот континент и дека ќе ги надминат меѓусебните проблеми, како што се случи тоа и меѓу другите европски земји“, вели Вајгел. (Макфакс)


Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар

Од: Мими
Датум: 11.09.2008 13:15:41
Млади Македонци немаме два животи па да чекаме да се изнабогатат сите комплет политичари,па тогаш кога веке нема и ЕУ да не сака,па да речат,па еве не не сакаат во ЕУ сме сиромашни.,Да се примора владата да работи на ЕУ интеграција,како и досега и да не подметнува кукавички јајца..доста им е на сдсм и на другиве богати се.О�� дијаспората,некој не сите,поштените се добри,ама тие сојузнициве од овие партијашиве наши работат на тоа младиот македонец да не излегува од Македонија да не им е земе работата оти тие се необразувани,со 4 и 8 одделение,па се плашат.Да бидеме сложни како албанците,еден замини сите ги повлекува од фамилија да се збогатат,и пак си се државјани на РМ, а нашиве кај појди не дојди,затоа така работат да не одиме ние злобни се да не се збогатиме.Сакаме ЕУ некеме лаги повеке политички.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Жан Клод Јункер
Македонскиот преговарач во Њујорк само ќе слуша
Проблемот со Грција не е изговор за европски неуспех