Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Стил

60 години Економски факултет – Скопје

Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи

Еден од најстарите факултети во Македонија - Економскиот факултет во Скопје деновиве прославува 60 години од своето постоење. По тој повод ќе се одржат повеќе настани: доделување дипломи, средба на генерации, како и голема меѓународна конференција на тема „Предизвиците за економската теорија и политика во периодот по глобалната економска криза“. На конференцијата ќе учествуваат 40-ина експерти од различни страни на светот, што се одржува деновиве на Економскиот факултет во Скопје, односно на 12 и 13 ноември.

Основан како петти факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Економскиот факултет во Скопје е меѓу првите три економски факултети во поранешна Југославија кој до денес ја потврди својата улога на континуиран извор на високостручен кадар од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија.

Економскиот факултет претставува институција од особена важност за националната економија и заедницата во целост, но и место каде што студентите, покрај економски знаења, стекнуваат и високоморални и човечки вредности.

„Ек��номски факултет е институција за оние млади луѓе што знаат и веруваат дека знаењето е основа на која се потпира животот. Во своето постоење, факултетот покажал дека од обични студенти создава карактерни и успешни луѓе кои лесно го претвораат знаењето во мудрост за среќен живот. Факултетот, низ сите овие години, создаде елита која е препознатлива во сите области на економскиот живот. Со гордост можеме да речеме дека за овие 60 години од своето постоење, Економскиот факултет создал многу бизнисмени, менаџери, успешни лидери, но, пред се', професионалци во вистинска смисла на зборот“, изјави проф. д-р Благоја Ѓорѓиовски, декан на Факултетот.

Од основањето до денес, на Економскиот факултет во Скопје дипломирале над 17.000 студенти, 800 лица се стекнале со степен магистри, а околу 174 станале доктори на економски науки. Импресивни резултати зад кои стои ентузијазам, амбиција, макотрпна работа и самопрегор на наставниците и на соработниците.

Денес, Економскиот факултет е модерна образовна и научноистражувачка институција, која нуди современи додипломски, постдипломски и докторски студии, се одликува со врвен наставен кадар и располага со софистицирана опрема. Истовремено, Факултетот е најголемата високообразовна институција од областа на економијата и бизнисот во Македонија, со околу 4.500 студенти и 71 вработен како академски кадар (35 наставници и 26 асистенти).

На Економскиот факултет во Скопје, самостојно и во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, со сродни факултети и со институции од странство, се изработени над 180 домашни и меѓународни проекти. Економскиот факултет во Скопје има плодна соработка со универзитети и универзитетски центри во Германија, Белгија, Франција, Исланд, Италија, Латвија, Монако, Холандија, Шпанија, Турција, САД, Австралија, Јапонија, Руската Федерација, Украина, Велика Британија, Канада, Полска Словачка, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Чешка, Босна и Херцеговина и други земји.


#
Статијата е прочитана 1430 пати.

Испрати коментар

Од: koj i da e
Датум: 15.11.2010 00:27:35
A be od tolku dobri sto se ekonomistite so izlegle drzavata ekonomski nemoze da mrdne...

Најди! во Утрински
Стил
Увозна турбофолк - интелигенција
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
Идната прва дама на Кина - пејачка
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Модната креативност е работа на кондиција
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end