Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Стил

Пенг Лијуан

Идната прва дама на Кина - пејачка

ПЕКИНГ - Таа е извонредна пејачка со долга коса, омилена кај милиони луѓе и висок генерал во Народната ослободителна армија. Тој е крут политичар, костум со учтива личност во јавност, како што се поеќето кинески лидери.

Потпретседателот Кси Џинпинг би требало да ги преземе главните позиции во земјата за две години, со едно невообичаено сценарио: во систем каде што семејствата на лидерите се речиси невидливи, како владеачката Комунистичка партија ќе се справи со првата дама која веројатно е попозната од нејзиниот сопруг?

Досега, одговорите беа таа да се повлече. Информациите за бракот на Кси со Пенг Лијуан се тргнати од Интернет. Таа доби канцелариска работа во нејзината воена пејачко-танцувачка трупа, така што појавувањето во јавност е намалено. Интересот за оваа двојка заживеа минатиот месец, откако Кси беше именуван во комитет што ја надгледува кинеската војска, зголемувајќи ја можноста тој да се најде на чело на Комунистичката партија во 2012 година.

Сопругите на политичарите во Кина долго време беа гледани со сомневање, уште откако сопругата на претседателот Мао Цетунг, Џијанг Кинг ги промовираше неговите најрадикални политики, учествуваше во чистката на опонентите и конечно посегна по власта. Таа беше уапсена и затворена по неговата смрт во 1976 година.

Во свет каде што првите дами, од француската Карла Бруни до американската Мишел Обама, рутински го привлекуваат вниманието на медиумите, Лиу Јонгкинг, сопругата на кинескиот претседател Ху Џинтао, ретко се забележува, освен за време на државни посети со сопругите на странските лидери. Речиси постојаното отсуство на кинеската прва дама делумно го одразува приоритетот на технократското, авторитарно раководство за водење на се' поголемата глобална сила од студена дистанца. „Од една страна, тие зборуваа за раководење со хумани чувства, а со оглед дека имиџот на Пенг е позитивен, која е поентата да се отстрани тоа?“, вели Дали Јанг, експерт за кинески прашања на Универзитетот во Чикаго. „Поради тоа, работите се потаинствени и оставаат простор за шпекулации“.

Според сите изјави во јавноста, имиџот на 47-годишната Пенг е видливо чист. Многу Кинези се сеќаваат на неа по годишните настапи на „Пролетниот фестивал Гала“ на државната телевизија, кој привлекуваше 800 милиони гледачи, почнувајќи со инаугуралната програма во 1982 година. На сцените со многу магла, облечена во вечерни фустани, Пенг изведуваше побудувачки патриотски песни, како што е „На полињата на надежта“.

Да се има прва дама која и самата е добро позната, веројатно би значело гордост за многу Кинези, кои малку знаат за нивните владетели.

„Што се однесува до него, неговата позиција и способноста да се справи со притисокот да биде со позната жена, мислам дека тоа кажува многу за него“, вели Ксу, 26-годишен консултант за недвижнини, додека е на пауза за цигара пред неговата канцеларија во Пекинг. Тој се претставува само со презимето, велејќи дека не сака да биде цитиран за изјави што би можеле да се сметаат за критични. „Навистина не е голема работа, но можеби високите претставници се дополнително чувствителни. Лидерите на нашата земја се обвиткани со мистериозност. Така работи системот. Освен нивната официјална биографија, се друго е празно“, додава тој.

Кси, кој има 57 години и е една деценија постар од неа, вели дека се запознал со Пенг преку заеднички пријател во 1986 година, кога тој бил заменик градоначалник во крајбрежниот град Ксианмен. Тие се во брак 23 години и имаат ќерка тинејџерка.

„Кога се запознаа, таа беше возбудена. Момчето беше провинцијалец. И изгледаше стар“, се наведува во еден напис од 2007 година во јужниот весник „Жанџианг ивнинг њус“. Кси ја шармирал зборувајќи и' за музичката теорија, се наведува во написот. „Пенг изјавила ’во тоа време бев многу возбудена. Зарем тој не е она што го барав? Тој е несофистициран, но навистина е интелигентен’“. Написот беше повторно објавен, во целост или делумно, дури и од официјалната новинска агенција Ксинхуа и весникот „Пипл дејли“ на Комунистичката партија, но оттогаш е тргнат од веб - страниците.

Во еден напис од 2001 година, Пенг вели дека се чувствувала среќна бидејќи има сопруг што ја разбира. „Како владин претставник, тој е многу зафатен. Кога го посетувам во Фужоу тој треба да ги одложи состаноците или патувањата во внатрешноста за да најде време за мене “, пишува „Шангај монинг пост“ цитирајќи ги нејзините зборови. „Секогаш кога одам даваме се' од себе за да избегнеме расправии и да уживаме во тие тешко добиени денови“.

Тие и другите написи се отстранети од повеќе веб - страници. Иако отстранувањата дефинитивно не се дело на владата, фактот дека се бришат и скриените верзии на написите, го потврдува начинот на кој работи интернет - цензурата во Кина. Канцеларијата за информации на државниот совет не одговори на барањето за коментар.

Ребека Меккинон, експерт за кинески прашања и постар соработник во фондацијата „Нова Америка“, каде што се испитуваат интернет - прашањата, вели дека цензурата е во согласност со долгорочната политика на Кина да не се објавуваат детали за личните животи на високите лидери. Новинарите и уредниците можеби биле невнимателни кога се објавувале написите, но сега очигледно го расчистуваат теренот, бидејќи политичката иднина на Кси станува појасна, додава Меккинон.

Пенг, веројатно, ќе продолжи да исчезнува од јавниот живот како што ќе се издигнува политичката ѕвезда на Кси. Таа не настапила на „Пролетниот фестивал Гала“ од 2007 година, само неколку месеци пред Кси да биде именуван во управувачкиот деветчлен Постојан комитет на Комунистичката партија.

„Кинеските лидери никогаш нема да им дозволат на нивните сопруги да имаат богат профил во јавноста“, вели Ли Датонг, поранешен уредник во државен весник, кој бил остстранет од работното место поради известување за чувствителни теми. „Понекогаш тие можат да ги однесат сопругите во државна посета и може да се забележат како се држат за раце, па дури и тогаш изгледаат толку круто“. (Асошитед прес)


#
Статијата е прочитана 1262 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 13.11.2010 14:57:43
e...sega podobro i da se drzis kruto za race ..odkolku da imas "pedigre" na Karla Bruni....a toa sto Misel go "natera" onoj drzavnik na Filipinite da ja fati za raka od nemaj kade "siromasniot" ...se stopi od sram ...a kako i da e nitu Kinezite veke ne se "Kinezi"...zenite koga im mozat generali da bidat pa sto ne pejacki...

Најди! во Утрински
Стил
Увозна турбофолк - интелигенција
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Модната креативност е работа на кондиција
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end