Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје
Исечени стари тополи на улица „Петар Ичко“


По барање на жители од населбата Топанско Поле, вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ исекоа над десетина канадски тополи од дрворедот на улицата „Петар Ичко“ стар над пет децении. Од Општина Чаир ја потврдија информацијата и велат дека не станува збор за никакво проширување на оваа важна сообраќајница во населбата по која минуваат и градските автобуси.

Од „Паркови“ тврдат дека поради староста и висината на гранките што достигнувала до триесетина метри, дрвјата претставувале потенцијална опасност на секое невреме. Често велат од старите и високи дрвја на силни ветришта се кршеле гранки, кои се потенцијална опасност за минувачите, но и за станбените згради во непосредна близина, од другата страна на улицата. Кршењ��то гранки особено беше опасно за децата, бидејќи дрворедот на оваа сообраќајница беше паралелен со училишната ограда на ОУ „Рајко Жинзифов“. (Сн.К.)

#
Статијата е прочитана 288 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се работат проектите за двете градски катни гаражи
Изградбата на новиот трговски ги уништи игралиштата на „Партизан“
Нов коловоз на „Ферид Бајрам“