Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје
Нов коловоз на „Ферид Бајрам“


Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на коловозот на сообраќајницата „Ферид Бајрам“, во должина од 800 метри. Обновен е потегот од раскрсницата со булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ до населбата Железарница.

„Со реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на градот. Коловозот на улицата ’Ферид Бајрам‘ беше дотраен и целосно оштетен, па поради тоа постојниот асфалт беше целосно изгребан и нанесен нов асфалтен слој“, велат градските власти.

Градежните работи траеја три недели и за нив од буџетот на Градот беа издвоени 6,5 милиони денари. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се работат проектите за двете градски катни гаражи
Изградбата на новиот трговски ги уништи игралиштата на „Партизан“
Исечени стари тополи на улица „Петар Ичко“