Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Се работат проектите за двете градски катни гаражи

Ни летните одмори не ги запираат градските власти во намерите за изградба на двете катни гаражи, таа кај „Беко“ и другата кај Цветен пазар. Иако нивната реализација на терен допрва треба да се легализира со усвојување на корекциите на урбанистичкиот план Мал ринг, Град Скопје потпиша договор за изработка на идејниот, основниот и изведбениот проект за објектите. За речиси 400.000 евра за изработка на проектите се ангажирани токму авторите на терковите на проектите, односно изработувачите на идејните решенија. Проектот за катната гаража кај „Беко“ ќе го работи Љубен Макаревски, претставуван од Градежен институт Македонија, а проектот за гаражата кај Цветен пазар, пак, ќе биде дело на група автори, односно на Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Дамјан Момировски и Никола Стрезовски. Надлежната комисијата утврдила дека токму овие автори изработиле оригинални трудови за катните гаражи во вид на идејни решенија, па е одлучено на нив да им се довери и изработката на потребните проекти за изведба.

Инаку, и двете катни гаражи ќе имаат модерна фасада, генерално, изведена во стакло. Согласно со урбанистичкиот план, катната гаража кај „Беко“ е предвидено да има седум ката и две подземни нивоа. Од нив приземјето и првиот кат ќе бидат наменети за деловен простор, а останатите, пак, за паркирање. Катната гаража кај Цветен пазар, исто така, е предвидена да биде седумкатен објект, кој целосно ќе биде наменет за паркирање. За изградба на објектите ќе се обезбедат пари од градската каса, но не е исклучена можноста финансирањето да се врши и со кредитирање. Планирано е со катните гаражи да стопанисува ЈП „Градски паркинг“. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 655 пати.

Испрати коментар

Од: Branka
Датум: 16.08.2010 08:45:25
Pa ne znam dali se vo red Gradskite vlasti, megutoa toa se megu poretkite otvoreni prostori vo centarot na gradot, i dokolku i tie se zatvorat so 7katnici togas lugeto nema da disat. A toa sto najtragicno e deka nasekade okolu ima parkinzi sto se plakaat i kolku sto gledam jas, nieden od niv ne e tolku polna za da ima potreba od katni garazi. EEEEE, od ubav grad Skopje se poveke i poveke se nagrduva. Namesto da se gradi osnovna struktura da moze covek da vozi i da ne ja krsi kolata, oni se zanimavaat so izgradba na katni garazi. Svasta. AAAAA, ustvari zaboraviv toa sigurno ke bidat za turistite sto ke doagaat so nivnite vozila da gi gledaat spomenicite, ha ha ha
Од: Bojan Holandija
Датум: 16.08.2010 14:18:19
Zosto ne se razmisluva za podzemni garazi na povecje nivoa? Sigurno e poskapo no sekako trajno resenie za centralnite lokacii.

Најди! во Утрински
Скопје
Изградбата на новиот трговски ги уништи игралиштата на „Партизан“
Исечени стари тополи на улица „Петар Ичко“
Нов коловоз на „Ферид Бајрам“