Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Адеми бара правична застапеност на универзитетите

„Сите државни институции имаат обврска да ја почитуваат правичната застапеност како уставна одредба, па и универзитетите“, изјави вчера вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми. Сепак, тој негираше дека до универзитетскиот кадар било испратено барање да се изјасни за својата етничка припадност.

Адеми, одговарајќи на прашањето дали е поважна правичната застапеност од квалитетот на универзитетите, одговори дека „пред се', ние, како граѓани на Македонија, како Албанци, сметаме дека квалитетот е побитен“. „И покрај правичната застапеност, треба да се следи и квалитетот“, вели Адеми, додавајќи дека токму поради тоа е усвоена стратегија за интегриран образовен систем, со цел сите ученици и студенти да имаат ист пристап и услови за учење на целата територија.

Вицепремиерот на прашањата одговараше во присуство на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој одговори дека нема информации за барање за правична застапеност до универзитетите. Притоа, тој подвлече дека приоритетот што е поставен за реформите на јавната администрација е многу јасен и важно е именувањето на луѓето да се прави според професионалните експертизи. Адеми и Фуере вчера во Владата разговараа за извештајот на ЕК за Македонија и за имплементацијата на Рамковниот договор. Коментарот на Адеми беше дека државните институции, т.е. Македонија сами си го напишале извештајот, а тој само бил печатен од ЕК. (T.Г.)


#
Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар

Од: РНД
Датум: 24.11.2010 12:34:14
Пред се е квалитетот. Мене искрено не ми е важно дали сите професори ќе бидат Албанци или Македонци. Важно ми е предавањата да бидат одржани на високо ниво од страна на професори кои се експерти и од кои можат да се научат и работи надвор од предметот што го предаваат.
Од: Stojko
Датум: 24.11.2010 18:24:37
Malku vi e drzavniot vo Tetovo , kade nema kriteriumi za unapreduvanja, kade dekani i nastavnici se magistri namesto doktori na nauki itn.Aman veke, dosta, sto bi rekli Srbi: "Dosadili ste i bogu i ljudima".
Од: јас
Датум: 24.11.2010 19:15:38
Уште малку „рамковниве “ ќе побараат и секој дома да има по еден член од фамилијата да се пиши од малцинствата !!! Брате , што е многу , МНОГУ Е !!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Мангупи на лизинг
Пријателска рака на солунскиот граданочалник
Вербатим
Груевски го брифирал Камерон за името
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia