Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Мангупи на лизинг

Соња Маџовска

Мангупи со кола на лизинг, но со рок на траење од само неколку месеци. По истекот на рокот на неплаќање, колата завршува на паркингот на некоја од лизинг-компаниите. Вака накусо може да се опише шансата што ја бараат младите во последно време за да фатат женска и да се покажат пред другарите. Дали мисијата е успешна?

За момчињата, ако ја фатиле посакуваната девојка има некоја сатисфакција, но прашање е дали успеале да ја задржат и по одземањето на автомобилот, или и рокот на мангуплакот истекол.

Но, она што е сигурно е дека оваа мисија во никој случај не им оди на рака на лизинг-компаниите. Сепак, и тие понесуваат вина и одговорност за ситуацијата во која се нашле. Во трката за поголем колач на пазарот, очигледно е дека даваат коли и на „жими мајка“. Ова го признаваат и од самите лизинг-компании, кои велат дека овој проблем особено се раширил откако почнале да даваат возила без учество или со ниски учества, со кои подоцна не успеваат ни оддалеку да ја покријат амортизираноста на овие возила.

Според одредени информации, некои лизинг-компании моментно имаат на лагер и по 100 вакви возила. Чаршиски муабети, пак, велат дека не станува збор за бесни и скапи коли, туку за оние помалите до 10.000 евра. Иако тие може да се запленети и по само неколку месеци возење, цената им е падната, ама бадијала, пак никој не ги купувал.

Одземените или вратените возила немаат атрактивни цени. Ем се сметаат за стари ем цената им е висока, оти компанијата мора да покрие одредени трошоци. Објаснувањето на новите купувачи најчесто било дека кога веќе купуваат нова кола, сакаат да биде баш нова, а ако се решат за возена, тогаш имаат поголем избор.


#
Статијата е прочитана 2004 пати.

Испрати коментар

Од: deli
Датум: 24.11.2010 14:06:38
Včera ova informacija ja čitavme oblečena vo svetloplavo, deneska e ista, samo se preoblekla vo fustanče so rozeva boja. Drugi temi vo MK nema?
Од: Mitko
Датум: 25.11.2010 08:15:12
problemot e sto kompaniite sakaat kar do gusha a da nemaat rizik od PADOT na cenata na novite i polovnite vozila.. ima mnogu slucai na otkazuvanje na lizing koga ke razbere deka toj djip moze da se kupi od USA za pola od taa cena..

Најди! во Утрински
Втора страница
Пријателска рака на солунскиот граданочалник
Вербатим
Груевски го брифирал Камерон за името
Адеми бара правична застапеност на универзитетите
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia