Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Груевски го брифирал Камерон за името

Средба на двајцата премиери во Даунинг стрит 10

ЛОНДОН - Премерот Никола Груевски се сретна во Лондон со својот домаќин, британскиот премиер Дејвид Камерон. На средбата, која се одржа во Даунинг стрит 10, двајцата премиери разговараа за развојот на билатералните односи, за економските и за политичките прилики во Македонија, како и за проблемот што го наметна Грција околу уставното име на земјата. На разговорите, покрај премиерите Груевски и Камерон, присуствуваа и министрите за надворешни работи, Вилијам Хејг и Антонио Милошоски.

По средбата македонскиот премиер изрази задоволство од разговорите со премиерот Камерон и од британската поддршка за македонските стратегиски цели. Камерон се интересирал детаљно за целиот спор околу името, од неговото настанување па се' до она што сега се прави за побрзо разрешување. Според премиерот Груевски, вчерашната средба со премиерот Камерон е доказ за поддршката што Македонија ја има во Лондон. Од британска страна, како што посочи, е покажан голем интерес за севкупната ситуација во Македонија и истакната подготвеност уште повеќе да помогнат во исполнувањето на македонските стратегиски цели.

Средбата на двајцата премиери е првата што еден претседател на влада на Македонија ја имал досега во службената резиденција на британските премиери во Даунинг стрит 10. Претходно, поранешниот премиер Владо Бучковски во 2005 година се сретна со тогашниот британски премиер Тони Блер, пред Македонија да го добие кандидатскиот статус во ЕУ, но средбата се одржа во Брајтон.

Премиерот Никола Груевски попладнето имаше излагање на форум во однос на можностите за странски инвестиции во Македонија. Шефот на македонската Влада синоќа во Лондон имаше средба со Македонци што живеат и работат во Велика Британија. На коктелот што се одржа во просториите на амбасадата на Република Македонија, македонскиот премиер разговараше со луѓе од разни генерации Македонци, кои живеат или престојуваат во Велика Британија, интересирајќи се за тоа што работат, со што се занимаваат и како живеат. (МИА)


#
Статијата е прочитана 2125 пати.

Испрати коментар

Од: Ози
Датум: 24.11.2010 12:17:13
Дури сега црно ни се пишува. Видоа со кого имаат работа.
Од: deli
Датум: 24.11.2010 12:17:28
Se nadevam, deka ova sredba ke bide korisna za MK, no sakam sa skrenam vnimanie na edna rečenica od textot: "Šefot na makedonskata Vlada... (nesfakam, zošto se pišuva "vlada" so golema bukva!)... imaše sredba so Makedonci, što živeat i rabotaat vo Velika Britania". Se prašuvam, dali vo London živeat i rabotaat navistina samo žiteli na MK od makedonska nacionalnost, ili na sredba bea pokaneti samo tie, što se izjasnuvaat kako Makedonci, ili pak po greška na avtorot na textot e pišano "Makedonci", umesto "gragjani na Makedonija". Nacionalno prašanje vo MK e tolku komplicirano, što - po moj pogled - treba maximalno da se pazi, kako se zboruva i pišuva. MK e tolku "šarena" država, što nee vozmožno, site nejzini žiteli da se stavaat "vo edna vreka". Možno e toa, no isklučitelno na gragjanska osnova! - nikako na nacionalna (prema moj pogled - vo sekoj slučaj). Pozdrav.
Од: Moris
Датум: 24.11.2010 12:44:46
Konecno nekoj go prepliva La Mansh od Makedonskite politicari ako ne ja racuname sorabotkata na tajnite sluzbi i gradenjeto na hotelot zad Ramstor drugo i nemase.Zatoa velam nekoj barem stapnal na Britansko tlo. Drugoto ke go razbereme za 5 godini od sega sto praele muabet.
Од: b
Датум: 24.11.2010 12:59:30
Го брифирал Камерон, посетата е многу успешна, резултатите: тапкање по рамо.
Од: Obedineta iMak. Dijaspora
Датум: 24.11.2010 13:12:40
Постапката во Мегународниот суд за легалитет на дополнителните (нелгални) услови, надвор од Повелбата на ООН, може да се води и без раскинување на Времената спогодба или слични постапки !! Целата акција, имено, е води Генералното собрание на ООН, а не РМ. Значи Спогодбата е нерелевантна за ваква акција, која РМ треба да иницира во Генералното собрание на ООН. Никакви тужби и слични акции не се потребни! РМ само треба да иницира Нацрт резолуција со поставува прашање Дали се специфични услови за приемот на МК и статусот во согласност со Повелбата на ООН (чл. 2 и чл. 4). Ние, иначе, можеме, во случај на потреба, да дадеме (ако се хиплтетички побара) изјава во која што сметаме дека делот од Спогодбата, во врска со референцата/преговорите третираме како спортивни на Jus cogens и , според тоа без правно дејство! Според најголем број светски теоријски сфакања, мегутоа, дури ни оваа изјава немора да се даде. Со други зборови, нема правни пречки, одбило каков вид, да се, преку Собранието на ОО
Од: Itar Pejo
Датум: 24.11.2010 13:39:57
Pozdrav do "Obedineta iMak. Dijaspora" !!! Ve moam toa da mu go kazete na Predsedatelot, na Premiereot, na vladata, na Latas, na Milenko, na tie clenovite i simpatizerite na partijata sto e na vlast. Nie, citatelite na Utrinski, nemame moznost! Sakam da kazam deka e steta sto si gubite vreme! na pogresno mesto
Од: Dilan
Датум: 24.11.2010 14:39:34
Prasal lil premierot za vissaliberalizicija so Uk ili posle fijaskoto so azilantite ke cekame uste dolgo pred British embassy ???
Од: коле
Датум: 24.11.2010 14:53:36
Дели, “Влада“ е затоа што не се работи за било која него актуелнава, која е само една и затоа е исправно “Влада на РМ“. За второто, мене ми пречи што “на вас“ малцинствата во Македонија тоолку ви пречи ако некој ве нарече македонци. Не приметив на некого со потекло од Македонија да му пречи ако го наречат швајцарец, британец, американец, белгијанец или слично? (или можеби грешам) Имате ли некои права кои ви се ускратени во Македонија? не сте ли во можност во потполност да се реализирате како единки или група? Не би рекол. Поточно е дека на сите останати ни превите пречки, за жал. Наместо да работиме за подобро за сите. Поздрав! (и исправете ме ако грешам, не пукајте на мене)
Од: aleks
Датум: 24.11.2010 16:08:25
do komentatorite: Dosta si ja kritikuvavte sobstvenata drzava vo koja ziveete i pokraj nea nemate druga i izlezete od toj film na samounistuvanje.
Од: spire
Датум: 24.11.2010 17:35:32
Vo pravo si OZI...... sto li ke slusnat od covek so lopata NON stop v o racete....... ke mu kaze li na Kameron deka posadil 7000000 drvca????????????????????????? Ah sudbo nasa sudbino sto si docekavme...................
Од: ODNADVOR
Датум: 24.11.2010 18:45:59
Pred poveke godini, na eden ambasador na R. Makedonija, sakav da mu prenesam poraka od makedonskite gragjani vo zemjata kade toj ambasadoruvase. I, go zapocnav "govorit " so : "..Nie Makedoncite, a Vas ve smetame za Makedonec".....ne prodolziv bdejki toj me presece najljubezno so zborovite: " da, nie sme ZITELI na R. Makedonija" ! Po toa, jasno, ne prodolziv so mojo podgotven govor za predlogot koj trebese da mu go dadam na ambasadorot na mojata Republika Makedonija. Nemase mesto za toa. A Ambasadorot, uspesno si prodolzi da ambasadoruva i da si gi stiti svoite interesi i prava sto mu se dadeni so Ustavot...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.11.2010 19:08:08
Aleks треба да знае да омразата на опозицијата кон власта е поголема отколку просперитетот на државата па одтука се и коментарите тука.А и разбирлива е зависта за прва посета на наш премиер на Даунинг Стрит 10,оти падна во вода прокламираната изолација на државата.Па така и новинарот ова го апострофира дури во втората половина од текстот.

Најди! во Утрински
Втора страница
Мангупи на лизинг
Пријателска рака на солунскиот граданочалник
Вербатим
Адеми бара правична застапеност на универзитетите
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia