Шапкар се брани со молчење
Охриѓанецот Кристијан Шапкар (31), обвинет за предизвикување на глисерската несреќа во Охридското Езеро, во која минатото лето го загуби животот Ирина Романова-Муцунска (39), вчера во судот во Охрид се бранеше со молчење. На стартот на судскиот процес, исказ даде само сопругот на загинатата, Златко Муцински, сопственик на „Порше Македонија“. Тој ја повтори изјавата дадена во истрагата дека глисерот бил технички исправен и дека имале дозвола за пловидба. Семејството Муцунски соопшти дека се приклучува кон кривичниот прогон, најмногу поради тоа што Шапкар за изминативе десет месеци воопшто не дошол да изрази сочуство и жалење за настанатата трагедија. Муцунски најави дека ќе бара нематеријална штета од семејството Шапкар за претрпената душевна болка.
Глисерската несреќа се случи на 22 август 2009 година кога поради преголема брзина глисерот на Шапкар поминал над глисерот на Муцунска и го преполовил. Од силниот удар таа починала. (Д.Т.)
|