Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника

Неуспешен грабеж - причина за убиството на кумановскиот бизнисмен

Рубин Андоновски (24) е осомничен за убиството на Горан Трајановски (39)

Горан Адамовски


Кумановецот Рубин Андоновски (24), кој пред три дена беше уапсен поради разбојништво врз таксисти, е осомничен и за убиството на кумановскиот бизнисмен Горан Трајановски (39), извршено пред речиси две недели. Според МВР, Андоновски со уште три лица се обиделе да го ограбат трговецот со текстил, но откако тој дал отпор, осомничениот го удрил со пиштолот, а потоа и испукал еден куршум, со кој го усмртил.

Расчистувањето на случајот започна пред три дена кога полицијата ги уапси Андоновски и 17-годишната Марија П. од Скопје поради сомневање дека во минатата недела извршиле две разбојништва врз таксисти од Скопје. Во првиот случај, Андоновски пукаше во таксистот, а во вториот, одзедоа такси-возило „шевролет авео“.

Но, истрагата на полицијата утврди дека оваа двојка е вмешана и во убиството на кумановскиот бизнисмен. Според МВР, Андоновски, кој бил во бегство од „Идризово“ каде што издржувал затвор, се криел во домот на Слободан П. (40) во Скопје, каде што живееле и девојката на Андоновски - Снежана (22), која му била сестра на Слободан, и 17-годишната Марија - ќерка на Слободан. Четворицата се договориле да го ограбат Трајановски и на 5 јуни годинава околу 23 часот со такси-возило пристигнале во близина на куќата на трговецот. Според полицијата, Снежана и Марија имале задача да утврдат дали Трајановски е дома, по што маскираните Рубин и Слободан тропнале на вратата од куќата на бизнисменот.

„Се обиделе да извршат разбојништво, но домаќинот почнал да дава отпор и да повикува помош. Во еден момент првосомничениот, кој во себе имал пиштол што го поседувал без дозвола, со рачката го удрил Горан по глава, а потоа и со еден куршум го усмртил“, велат од полицијата.

По убиството, насилниците побегнале, а Андоновски на булеварот „Октомвриска револуција“ украл автомобил „мазда“, со кое продолжиле во Скопје. На Рубин Андоновски, Снежана П. и на Марија П. им е одреден едномесечен притвор, а истата мерка се очекува и за Слободан П., кој вчера попладне беше изведен пред истражен судија.


#
Статијата е прочитана 1421 пати.

Испрати коментар

Од: bobi
Датум: 18.06.2010 18:21:30
znam sto treba za ovoj ......

Најди! во Утрински
Хроника
Разбојник побегнал од тоалет во судот во Битола
Шапкар се брани со молчење
Просветниот инспекторат во истрага за смртта на ученикот
Српски зограф загина во Јегуновце
Искршена плоча на народен херој
Затворски казни за заложничката драма во обложувалницата „Корнер“
Дваесет години затвор за убиство
Мртво бебе фрлено во депонија