Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Казните за клевета водат до автоцензура

Загрижува начинот на кој завршуваат судските процеси, тоа треба да ги обесхрабри новинарите

Жаклина Хаџи-Зафирова

Големите казни за клевета што се изрекуваат во судовите, а се однесуваат на новинари и воопшто на интелектуалци во земјава ќе доведат до појава на некој вид автоцензура кај медиумите, предупредуваат медиумски експерти. Со пресудите и казните за клевета, тврдат експертите, новинарите ќе се демотивираат слободно да ја изразуваат својата мисла.

Според нив, моментно се користат два механизма со кои се скратува критичкото мислење насочено кон јавните функционери, преку „цензурата со замрзнувачки ефекти“ и рекламите во медиумите.

Прашањето што го наметнаа странските претставници деновиве е: ќе стане ли слободата на говорот нов дополнителен критериум за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ? Темата излезе на површина посебно со последниот случај со пресудата што му беше изречена на професорот Љубомир Фрчковски, на кого му беше изречена казна од триесет илјади евра и објавување правосилна пресуда на местото каде што била објавена колумната, за која премиерот го тужеше поради клевета, навреда и омаловажување.

Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми вели дека не загрижува бројот на случаи што се водат за нанесена клевета, навреда или омаловажување, бидејќи нивниот број не е зголемен. Туку загрижува начинот на кој завршуваат процесите. Според него, постојат два вида процеси, едни што се оправдани кога на граѓаните им е нанесена повреда или им е уништен бизнисот. Вторите, вели тој, се тие кога јавни функционери или јавни личности тужат, иако кога прифатиле да станат јавни личности, тие треба да се помират со фактот дека треба да поминат и низ јавна критика.

„Не се толку зголемени тужбите за клевета колку што се зголемени казните к��и се астрономски и тоа е проблематично. До скоро се изрекуваа ниски, условни казни и се внимаваше да се задоволат барањата за заштита на честа и нечиј углед. Сега нема таква ситуација, бидејќи казните се огромни. Оваа политика на казнување се нарекува цензура со замрзнувачки ефекти, што е тип автоцензура која ги обесхрабрува новинарите да третираат одредени личности или теми“, објаснува Беличанец.

Тој потенцира дека кога на сето ова ќе се додаде и „големото трошење на власта за реклами“, се користат две средства да се суспендира секакво критичко мислење кон политиките на Владата. Беличанец го оценува тоа како „стандардна технологија на морковот и стапот“. Тој вели дека власта нема разработено стратегија за одбрана од критика, туку моментно има рефлексни реакции.

На автоцензура посочува и медиумскиот експерт Климе Бабунски. „Кој политичар е осуден ако изјавил нешто невистинито на прес-конференција или за нешто што одговорно го кажал во парламентот? А во тоа се состои слободата на говорот, бидејќи оние што ги критикуваат политичарите секогаш ќе ја имаат на ум помислата дека ова што го зборуваат ќе ги однесе на суд и затоа не мора да го кажат тоа што сакаат“, смета Бабунски. За него е поважно тоа што ако новинарите не можат слободно да ја вршат својата професија, во која слободата на говорот треба да им е загарантирана, тогаш тоа е во спротивност со членот 16 од Уставот со кој се гарантира слободата на изразување. „Во спротивно, сите уставни принципи се неважечки“, додава тој.

Бабунски истакнува дека во последните години постои плима на случаи во кои политичарите ги тужат новинарите, уредниците и колумнистите, што треба сериозно да не' замисли како општество. „Слободата на говорот се огледа во медиумите. Ако тие не успеат да ја притиснат власта, не може никој друг. А тоа може да го направат единствено преку слобода на говорот, прозивајќи ја власта и поставувајќи прашања. Која е таа моќ кога ви се скратува правото да го добиете одговорот на прашањата што ги поставувате?“, коментира Бабунски.

Негова оцена е дека, сепак, медиумите не треба да се дистанцираат од ставот на новинарите или на колумнистите и треба да покажат доблест и да застанат во одбрана на оној што ќе биде повикан зборот да го докаже во суд. Тоа, според него, е пропуст на тукашните медиуми.


#
Статијата е прочитана 1502 пати.

Испрати коментар

Од: зоран87
Датум: 26.12.2008 00:22:24
Слободата на говор е апсолутно начело и загарантирано со уставот на РМ. Меѓутоа мора да се знае дека секое начело не е апсолутно само по себе, односно дека има одредени ограничувања. Тоа ограничување го наоѓаме таму каде што се судира со нешто што се нарекува човеково достоинство. Доколку правото за слобода на говорот е неограничено тогаш би настанал хаос, односно секој може да каже за секого што сака без разлика дали тоа е вистина или не. Без разлика дали станува збор за политичар или не, сеедно, и едните и другите се луѓе со сопствено достоинство, а и еднакви пред законот. Затоа злоупотребата на говорот треба да бид�� апсолутно санкционирана, и тоа не со цел да се заплашат новинарите дека во иднина може да бидат казнувани, туку два пати да проверат што објавуваат.Уште повеќе за т.н интелектуалци да внимаваат што употребуваат во своите колумни и да не ги користат истите да ги омаловажуваат своите неистомисленици
Од: VMK
Датум: 26.12.2008 01:24:15
Се прашувам откога се толку големи износите на изречените казни,или толку им требе пари па секој си има своја тарифа.Па порано,не знам точно ама имаше некој ценовник кој го користеше судот,а сега секој си има своја тарифа ,па се прашувам колкава ке биде тарифата на тој човек КД кој го навредува Фрчкоски,а пак г.дин Премиер па смета дека е навреда да се спореди со тој човек КД...Еден мислам дека во коментар ми одговори дека само Фрчко трба да биде тужен,па на тој господин кој го посочил Фрчко во колумната нека му трасне и тој тужба за навреда,омаловажување,или што и да е....Ете како ке се збогати човекот,па среќно.Да видиме дали судот и за него ке користи некој ценовник..Позз.
Од: Komentator
Датум: 26.12.2008 06:50:07
Kaznite za kleveta vodat kon odgovorno novinarstvo.Neli?Zalosno e edna dobra tema za odgovorno,nezavisno,profesionalno novinarstvo koe sto treba i mora da bide takvo i vo MK radi dobroto na site nas da se "brani" pod temata kleveta. Kleveta i slobodno novinarstvo se sosem dve razlicni raboti. Za kleveta vo UK se odi i vo zatvor, ne se vadis samo so paricna kazna. Uste edna rabota koja ne ja razjasnivte:Za kleveta ne odgovoraat samo novinarite tuku site gragani vkluchitelno i politicarite. I uste edna zamena na tezi(Kaj Klime):Laga i kleveta se dve razlicni raboti.Odete na BBC websajtot i videte kolku materijali ima za temata kleveta i za toa kako novinarot treba eticki da se odnesuva. Slobodata na novinarstvo ne znaci sloboda da udiras kogo i kako sakas.Samo so provereni argumenti i fakti mozes da izlezes so nesto sto se narekuva investigative journalism.Go pamtime vremeto koga novinarite bea sredstvo za odstrel.No kaj nekoi se cini se uste ima nostalgija za toa vreme.
Од: devicanecot
Датум: 26.12.2008 08:13:06
Кутри новинарчиња. Навистина сте за жалење. Па Фрчко не ви е колега. Тој не живее од пишување во весници.Тој само пишува глупости, навреди и омаловажувања, се врз основа на тоа што некогаш бил функционер, имал достап до некои информации. И тоа го злоупотребува, односно сака да ги покрие своите грешки во минатото. Кои ете, сега ги увидел, после 13 години.(за атентатот на пример.) Пишувајте си Вие слободно, гаете го истражувачкото, а не плукачкото новинарство.Сигурно сте попаметни од претходно споменатиот неморален човек.А Фуере, оставете го на мира. И тој би требало некако својата де��ела плата да ја оправда.
Од: Branko M
Датум: 26.12.2008 08:38:13
Ako jas kako obicen covek slazam ili kazam nevistina spored zakonot ke odgovaram, i taka e vo sekoja demokratska zemja. Bidejki e zakonot za site gradjani na R. Makedonija isti (a novinarite se pred se gradjani, a potoa novinari. Zosto ne se rodeni kako novinari), togas zosto tije misla deka moza da napisa laga, kleveta, navreda i nevistina i toa da go skrijat kako sloboda na govorot. Nema nigde nezavisni novinari, bidejki tije prima plata od nekogo za svojata rabota i po hijerarhijata: urednik na rubrika, glaven urednik i sopstvenik na sredstvoto za informacija, barem nekogo od niv ke mora da slusa ili nema da im se pecata ili piblikuva statijite. Taka e segde, samo razlikata e vo delot na vlijanieto, negde poveke negde pomalce i taka sekogas ke bidi.
Од: alek
Датум: 26.12.2008 08:56:14
Kako prvo Frckovski ne e novinar tuku seriozen politicar i profesor i treba da vnimava sto zboruva, a kako vtoro zosto ne pisuvavte vaka koga bese osuden novinarot od fokus??
Од: citatel
Датум: 26.12.2008 08:56:51
Vo vrska so slucajot Grujo vs Frcko se nadevam deka iako sudot ne dozvoli, naskoro ke imame prilika da se uverime vo toa sto potpisal Grujo, i dali Frcko e vo pravo. Ako ne pred nasite sudovi, togas vo Strazburg. Bas bi me interesiralo sto ke kazat site ljupcovci od Bitola togas. Imam vpecatok deka i zenite i familiite bi gi predale vo odbrana na nivnoto vozde.
Од: bobi
Датум: 26.12.2008 09:05:35
So premier koj gleda na rejting ,ocekuvate da pisuvate slobodno i da ne vi se sluci nisto.Ova lici na Snezana i sedumte djudjina ,Gruevski e makeata i sekoe utro stanuva pokraj ogledaloto da vidi koj e najubav i najpameten .Vie novinarite ste ogledaloto .Eden den ke morate da mu kazete deka ne e ubav kolku i da kutite i navednuvate glava.Demokratija e sloboda na razmisluvanje .
Од: Todor
Датум: 26.12.2008 09:53:49
Milost!!! Do koga ce ne tormozite so pisuvanje za Frckovski. Ne sme go zasluzile toa. Kaznata za profesor koj treba da gi uci decata kako da se pocituva zakonot, a samiot go prekrsuva, treba da bide dvojno pogolema! Istoto se odnesuva kako za Frcko, taka i za Bucko.
Од: Mici
Датум: 26.12.2008 11:34:44
http://www.balkaninsight.com/en/main/blogs/15796 okolu pismoto od novinarot do premierot sto kruzi na Facebook i po blogovi
Од: lefko od prilep
Датум: 26.12.2008 11:44:50
batka nema dobri novinari i tie sto bea nekoi zaminaa a nekoi se neaktivni od koj pricini najgolema steta na novinarite i novinarstvoto napravi galimatijasot od stotici frekvencii na radiodifuzni mediumi koi go vodat ili politicki idioti ,kasapi trgovci sofer koga bi go videle sostavot gazdi na mediumi kosa ce vi se krene.sega neka ne se cudi sdsm i nivniot lider koj koga gi davase frekvenciite za republicki frekvencii na zingovci i velii sto mislea dekavecno se nivni trabanti .se zeznavte malku .namesto da socuvate i domodernizirate mrt kako javen servis poterkot na slovenija,hrvatska,srbija pa i edna crna gora,sega ce im pluknete pod penzere na ovie neranimajkovci.samo jak nacionalen javen servis moze da go spasi novinarstvoto i javnoto mislenje od destruktivna iunictuvacka moc na sevkupniot zivot vo edna drzava.kakvi novinari kakvi bakraci koi rabotaat vo robovlasnicki odnosi isplaseni od svoite gazdi pa zatoa mesto da pisuvaat vistina samo so argumenti pisuvaat kleveti.
Од: od mene
Датум: 26.12.2008 11:45:53
potpolno se slagam so bobi,ako ne novinari ako ne frckovski ako ne narodot pa koj drug treba da kaze dali premierot raboti kako sto treba.jas neznam do kade vaka.samo za se ima kraj.pa da se nadevame deka eden den ke dojde kraj na stravot pa site ke si zboruvame slobodno.pa neli e ova demokratska drzava pod navodnici,ovde nema vrska so demokratija.
Од: Itar Pejo
Датум: 26.12.2008 12:00:16
Koj go potpisa aneksot so koj Makedonija izgubi miloni dolari? Toa e prasanjeto ! Deneska vo Makedonija toa prasanje moze da se postavi samo vaka, anonimna. A mozda sepak ce me najdat i ce mi opnat 30 000 € kazna. Predrodbata prodolzuva!
Од: ljupco,bitola
Датум: 26.12.2008 13:36:41
Avtocenzura e potrebna,duri i e neophodna za prasanjata od nacionalen interes.Poglednete kako rabotat grckite novinari,site kako eden protiv Makedonija.
Од: Pero
Датум: 26.12.2008 15:17:37
Gledam nekoj pogore pisal- ,,Go pamtime vremeto koga novinarite bea sredstvo za odstrel.No kaj nekoi se cini se uste ima nostalgija za toa vreme,,..kakva crna nostalgija, pa sega e vremeto koga novinarite se na otstrel. sramota e vakvi partiski komentatorcinja i vakov prostor sto zloupotrebuvaat za propaganda..ama se ima kraj, osobeno totalitarnata vlast...
Од: jas sudija
Датум: 26.12.2008 16:09:47
Sloboda na govor ne znaci sekoj moze da si igra sudija vo svojata kolumna. Ovoj Frcko e akademski ama pojma nema, ne pravi razlika od davanje kritika i osuduvanje nekogo. Prvo neka nauci sto e pravo i koj e sudija, pa neka nauci Novinarstvo, i na kraj ako saka da e sudija neka nauci za da stane sudija. Vakov covek i da ima nesto visinsko da iskritikuva, nema nikoj da go zeme seriozno, vidi samo sto ugled ima. Aha, za malce ke go najdese ubiecot na Grigorov. I zenata na parking dobro ja iskritikuva sloboden govor so samar. Boze cuvaj! Politicar, minister, profesor po pravo, novinar, i sudija. Nesto ke zafrknes od olku profesii. Yes da si inteligenten, ama ne si za se i sesto sposoben.
Од: Toni od Suva Reka
Датум: 26.12.2008 20:23:05
Gledam nekoja faca napisal afto cenzura e potrebana , pa potreban e za nacionalna bezbednos!!od kogo be??? koj nas ni ja zagrozuva nacijata be kopuci edni. Od postoenjeto na mk samo nie mkeedoncite sami si ja zagrozuvame nacijata i vladi kade sto se cenzurira,tuzi i apsi po polticka osanova i mu stavaat narodot veslo vo oci i mu vikaat dek e slamka. Rezultato na diktatorskiot rezim se pokaza na vladata , crna dupka sme na balkonat, kao eden moj kolega od evropskata unija ja narece mk ,sto e mnogu zalosnao sto ima takvi faci sto ne veruvaat vo slobodnoto novinarstvo, tuku da izleguvaat profesori koj mozat da se odbranat pred korumptiranite sudovi da davaat izjavi vo public, e do toa derege sme dojdeni....Po VMRO ski i po Grujo pokraj diploma za novonarstvo, sekoj novinar treba da ima i diploma za pravo ...abe ajde ve molam.... ne tuku zboruvajte bez veza procitajte gi coveckite pravat na spogodbata sto mk e popisnik...
Од: miki
Датум: 26.12.2008 21:39:33
ako nekoj pluka po nekogo javno i pomine nekazneto toa sevika anarhija,nekoi sakaat da go narecat sloboda na govorot.Fakt.Frckovski nee novinar tuku bivsi minister. Fakt Mladenov od Fokus bese novinar koj prvo bese pretepan pa posle kaznet od sudot25000 evra za kleveta na branko crvenkovski kolku da se znae koj prv pocna.

Најди! во Утрински
Втора страница
Семејствата на загинатите најавуваат тужби
Verbatim
Голем собир за еден спот