Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Семејствата на загинатите најавуваат тужби


Миле Васиќ, таткото на Александар, е револтиран од информациите што протекуваат во јавноста дека мировниците биле недисциплинирани

Блиските на загинатите во хеликоптерската несреќа го бараат извештајот и да не се крие вистината од нив

Даниела Трпчевска

Семејствата на загинатите мировници кај катлановско Блаце најавуваат дека ќе ја тужат државата, бидејќи сметаат дека од нив се крие вистината за несреќата. Револтирани од неизвесноста која предолго трае, тие бараат да им биде даден извештајот кој завчера беше усвоен од министрите и најавуваат дека ќе ги употребат сите законски и правни средства за да дознаат што содржи.

„Слушнавме дека извештајот е класифициран и дека нема да биде достапен за јавноста, но крајно сме револтирани и бараме од премиерот Никола Груевски да го почитува дадениот збор и да ни го даде комплетниот извештај. Тој на последната средба во Владата пред еден месец ни вети дека ќе го објави извештајот на Интернет, а ние побаравме некој од Владата лично да не' прими и да го даде документот. Но, не добивме одговор на тоа барање“, вели Миле Васиќ, татко на загинатиот мировник Александар.

Тој прашува што е тоа што содржи извештајот, а е класифицирано како воена или државна тајна. „Кои се тие податоци што ги има во извештајот поради што не ни го даваат да го погледнеме? Зошто не можеме да ја дознаеме вистината зошто нашите деца се убиени и за чија сметка?“, прашува таткото на Александар Васиќ. Тој додава дека е револтиран од информациите што протекуваат во јавноста дека мировниците биле недисциплинирани, дека се занимавале со шверц и нелегални работи во Босна. „Се прашуваме како е можно да го правеле тоа, а за тоа да не знаела командата на ЕУФОР и Генералштабот на АРМ во Скопје“, укажува Васиќ, додавајќи дека длабоко се сомнева во објективноста на извештајот.

Веста дека извештајот ќе биде предаден во Обвинителството, без да им биде даден на семејствата, предизвика незадоволство и голем револт и во семејството на загинатиот пилот Бране Спасовски од Куманово. Неговата сестра, Сузана Стојановска, која веќе една година води своја истрага за причините за падот на МИ-17, вели дека и' е дојдено преку глава што дознава од медиумите за сите детали околу несреќата .

„Една година го чекаме тој извештај, каков-таков да ни биде даден за потоа да одлучиме што ќе преземеме понатаму. Но, ќе почекаме да поминат празниците и потоа ќе почнеме да поднесуваме тужби, најверојатно против државата и против сите оние што имале командна одговорност во АРМ и Министерството за одбрана. Има многу пропусти поради кои се случила несреќата и нека одговараат тие што им дозволиле на војниците да полетаат по лошото време“, вели Стојановска.

Извештајот за несреќата завчера во 3 часот изутрина беше усвоен од страна на Владата. Тој треба да биде доставен до скопското Обвинителство, од каде што велат дека штом ќе го добијат, приоритетно ќе постапуваат по него. Тоа го потврди и министерот за одбрана Зоран Коњановски, не давајќи одговор кои се причините што ги утврдила истрагата за падот на армискиот хеликоптер.

„Не видов пет причини за несреќата, не знам од каде се тие информации“, рече Коњановски. Тој вели дека неколкупати се сретнал со семејствата на загинатите и дека ги разбира нивните реакции. „Нивната реакција е нормална и емотивна, но да оставиме на надлежните институции да си го кажат последниот збор“, вели Коњановски. 

Денеска е планирано министерот да има средба со семејствата на мировниците, кои в сабота ќе ја одбележат едногодишнината од трагичната несреќа. Како што дознаваме, на средбата треба да стане збор за новиот закон за мировници, како и за извештајот чија содржина се' уште е мистерија за јавноста.

Како што веќе објави „Утрински весник“, лошите временски услови, непочитувањето на процедурите за инструментално слетување, двата неисправни инструмента и одредени пропусти во обуката на мировниците, се само дел од причините кои се посочуваат во обемниот извештај како пресудни за падот на леталото. Истрагата, наводно, утврдила дека во хеликоптерот немало карго-товар со опасни материи и оружје, а исто така е отфрлена и можноста дека хеликоптерот бил насилно соборен.

Во несреќата која се случи утрината на 12 јануари, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

 


Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар

Од: зоран87
Датум: 26.12.2008 00:14:25
за тоа дали извештајот треба да биде доставен на јавноста сметам дека треба да се почека да се види дали јавното обвинителство ќе покрене истрага.Кога се работи за воени работи тоа е пракса во целиот свет, односно дека воени тајни не се откриваат.Самиот факт што извештајот е доставен на јавното обвинителство го говори само по себе дека сите опции се отворени, а најмногу дека некој не си ја вршел својата работа како што треба.Само за потсетување одговорен за транспортот на војниците беше генералштабот на армијата кој е под директна контрола на претседателот на државата
Од: tia
Датум: 26.12.2008 03:42:32
Абе како не ви е срам и за ваква несрека да се почнуваат политички препукувања? Па да не мислиш дека Бранко дава директна команда далли авионот да полета или не? Или Груевски? Па тие не се ни компетентни за тоа ниту тоа им е рботата. Има одговорни во АРМ кои се компетентни за тоа под кои услови може или неможе да тргне некој авион сигурно Бране или Грујо не се јавуваат да ги прашаат дали да тргне авион или не. МАкар што години наназад се докажува дека нашите авиони тргнуваат и при многу лоши временски услови, на што им следуваат и овие трагрдии. Сочуство до семејствата на загинатите, се надевам дека ке ја дознаете вистината која иако нема да ви ги врати синовите, барем ке им ги исчисти овие дамки кои се обидуваат да им ги фрлат некои политички структури.
Од: lila
Датум: 26.12.2008 12:09:30
Zosto sekogas koga ke se sluci golema tragedija, vinovnicite gi baraat vo onie koi zaginale vo nesrekata. Taka bese so helikopterot na vladata, taka e i sega. Glavni vinovnici se lugeto koi letale vo helikopterot zatoa sto se vrakale doma po zavrsenata zadaca!. Sramota, najdete podobar izgovor, ova ne drzi voda.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Голем собир за еден спот
Казните за клевета водат до автоцензура