Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Возило на македонските војници во Ирак налета на мина

Нема повредени, направена е незначителна штета на возилото „хамви“ во кое биле војниците

Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време, налетала на импровизирана експлозивна направа.

Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици за животите и здравјето на припадниците на АРМ.

Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот „хамви“.  По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила  во базата во Таџи.

„Сите припадници на АРМ кои во моментов се распоредени на извршување задачи во мисијата ’Слобода за Ирак‘ во Ирак се чувствуваат добро и продолжуваат со извршување на редовните задачи во рамките на мисијата“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Ова е прво јавно објавување вест дека нашите војници во Ирак имале некакви сериозни искушенија за нивните животи. Контингентот на македонските војници од почетокот на мисијата се наоѓа во Таџи. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 1228 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 29.09.2008 00:05:40
e aman be, pa ne vredese da se izvestuva za ova.c c c
Од: Џорч
Датум: 29.09.2008 00:24:46
Ако никој не е повреден, ако е направена само незначителна штета на возилото и ако ова не е првпат нашите војници да се соочуваат со вакви нешто во Ирак (А1 наведува дека вакво нешто се има случено барем 5 пати до сега), што кој „бурек“ ја ставате оваа вест на насловна?
Од: IGOR-IRAQ
Датум: 29.09.2008 06:58:46
da ve zamolam za nesto,ke ve molam vo idnina pred da napisete bilo sto da razmislite podobro,i da ne ni gi potresuvate familiite za bez vrska zatoa sto nisto posebno loso ne se slucilo,i nema potreba od vakvi tenzii i iskazi,SEPAK TOA E VOENA ZONA staj te se malce na mestoto na nasite najbliski.VI BLAGODARAM!!!!
Од: jak
Датум: 29.09.2008 08:42:10
„Сите припадници на АРМ кои во моментов се распоредени на извршување задачи во мисијата ’Слобода за Ирак‘ Od koga okupacija na suverena zemja bez mandat na OON se vika "Sloboda Za Irak".Koja majka ja baraat makedonski vojnici vi Irak?Vo seesetite godini nekolku zemji pracaa vojnici vo Vietnam kako Avstralija, dr.i den denes se sramat od takvata postapka.Istoto ce bide i so nasite.Dosta so marionetisuvanje, nikade ne se stignuva so toa.Mizerno izgleda.
Од: jimmy1
Датум: 29.09.2008 15:19:42
"Sloboda za Irak" he he he, smesno. Vojnata vo Irak nema mandat od ON, toa e okupacija na suverena drzava, okupacija za naftata od strana na Amerika. Ako e sloboda za Irak treba da se borat protiv Amerika, a ne so niv. Prvo ne trebase da ima nasi vojnici vo Irak, zost so nase ucestvo doaga deka podrzuvama valkana vojna, vojna za drugi interesi odnosno nesto sto e vo interes na Amerika a ne na Irak. Amerika sekoja godina stvara novo krizno zariste, a nitu edno od niv nema opravduvanje. Ako e procitate statistikata kolku krizni zarista ima predizvikano i kolku milioni luge ima ubieno Amerika vo poslednive 65 godini ke vi se krene kosata, pa duri togas ke svatite deka Amerika e taa sto go sozdade denesniov globalen terorizam, i Amerika e najgolemata zakana za mirot vo svetov, a ne nekoj si Iran ili Korea.
Од: Delco
Датум: 29.09.2008 16:28:58
Nasite od ARM, nagazile na mina a ne "naletale". Gospodine novinar, nasite vojnici ne naletuvaat tuku taka. A ako imale iskustvo toa ne bilo "nekakvo" !

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Цензусот е и кочница и мост
Во аптеките ги нема најбараните лекови
Броење казни
Вербатим