Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Цензусот е и кочница и мост

Цензусот како мотив за политички пазарења речиси не постои во други држави

Соња Крамарска

Цензусот при изборот на претседател на државава деновиве ги подели политичките партии кои не успеаја да изградат заеднички став за уставните измени што ги предлага владејачката ВМРО-ДПМНЕ со цел во иднина да не постои уставната одредба за потребен одѕив на повеќе од половина избирачи во вториот круг.

Освен главната владина партија, речиси ниту една од другите партии не дава целосна поддршка на таквата идеја, иако светските искуства се во прилог на тоа дека овој услов е потенцијална закана за успешноста на идните избори.

Погледнавме какви се изборните регулативи во други држави. Во Франција, на пример, каде што претседателот има огромни надлежности (дури поголеми од оние на американскиот претседател), нема цензус или праг на избирачи што се потребни за валидност на гласањето. Доволно е кандидатот за претседател да освои мнозинство од 50 проценти плус еден глас (апсолутно мнозинство) во првиот круг за да биде избран, или се одржува и втор круг на гласање за да се постигне тоа. Така е и во Романија, Австрија, Финска, Полска, Украина, Литванија, Кипар, Белорусија.

Во државите што беа поранешни членки на југословенската федерација, само Србија избираше претседател со цензус, но откако во 2003 година не успеа во три наврати да избере претседател, го укина. Во Хрватска се избира претседател со апсолутно мнозинство во прв круг, а ако тоа не биде достигнато, се оди на втор круг кога за победник се прогласува оној што освоил повеќе гласови, независно дали е апсолутно мнозинство или не. Така е и во Словенија и во Црна Гора.

Македонија има уставна клаузула која вели дека во првиот круг гласање победува оној кандидат за претседател што освоил мнозинство гласови, но од вкупниот број избирачи, а ако тоа не се постигне, се одржува и втора рунда, при што победува оној што добил мнозинство од излезените избирачи, но под услов да се јавиле на гласање повеќе од половина запишани избирачи.

Покрај Македонија, цензус при изборот на шеф на државата има уште и Бугарија и тоа беше причината што Георги Прванов во октомври 2006 година мораше да помине и на втора рунда гласање, без разлика што во првата освои 64 проценти од гласовите. Нивната изборна регулатива вели дека може да биде избран кандидатот кој освоил 50 проценти плус еден глас, но само доколку на гласање излегле 50 отсто од вкупното избирачко тело. Прванов сега предлага реформа на вкупниот изборен систем во Бугарија.

Меѓу теоретичарите, високиот одѕив се смета за доказ на легитимноста на системот, но има случаи и кога диктаторите фабрикуваат висок одѕив со цел да покажат дека се омилени. Садам Хусеин во 2002 на референдумот пријави дека имало 100- процентен одзив.

Проблемот во Македонија е што со укинувањето на цензусот драстично паѓа цената на гласовите на етничките Албанци, односно на партиите што се пазарат во нивно име. Опозициската Демократска партија на Албанците (ДПА) веќе се изјасни дека, доколку се воведе институцијата потпретседател на државата од редот на Албанците, тогаш одѕивот на избирачите нема да претставува проблем, бидејќи тие ќе бидат мотивирани да гласаат.

ОБСЕ и ОДИХР во својот извештај по последните претседателски избори во 2004 година препорачаа укинување на цензусот со цел да биде елиминирана опасноста од неуспешни избори, но не поради тоа што се случуваат изборни инциденти.

Првите реакции по предлогот на партијата на премиерот Никола Груевски за укинување на цензусот е дека со тоа тој сака да ја продолжи политиката на изолирање на етничките Албанци на македонската политичка сцена. Процените се дека расправата за тоа прашање ќе доведе до прва видлива пукнатина меѓу двете етнички заедници - Македонците и Албанците, бидејќи Албанците ќе побараат воведување на функцијата потпретседател, со што фактички ќе ја оспорат конструкцијата на државата.

 


Статијата е прочитана 466 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 29.09.2008 00:10:41
Se sto se nafatija VMRO-vcinjava zapustija... sega e i so cenzusot... posto poto VMRO-vski pretsedatel... vidovme so prethodniot airosavme, pa sega uste eden ni tokmat... Katastrofen... bi rekla na toa Merkel...a sepak mislam problemot ke go resat taka da cenzusot ke se nosi prema REJTINGOT na nasiot Grujica...
Од: nevermind
Датум: 29.09.2008 03:01:53
"posto poto VMRO-vski pretsedatel... vidovme so prethodniot airosavme, pa sega uste eden ni tokmat... " Срамота... Срамота така да се збори за човек кој навистина вредеше, кој беше поразличен од сите, и за жал не е повеќе помеѓу живите...
Од: Bibi
Датум: 29.09.2008 06:09:40
Коле ти го прочита текстот или само онака инстинктивно на скролл спушти и напиша нешто безвеза али само да е против ВМРО?
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.09.2008 06:20:52
Cenzusot sluzi samo za pazarenje so albancite vo vtor krug. Na poslednite predsedatelski izbori sdsm plati previsoka cena-nieden od uckite sto sega gi apsat ne bese ni obvinet.Ne svakam zosto sega se protiv ukinuvanjeto na cenzusot,pa neli nivniot drzalnik nema da se kandidira-ili e toa samo uste eden negov prljav trik?
Од: Od nikoj
Датум: 30.09.2008 10:33:13
Treba komplet promena na izborniot sistem. Tranziciskite vrhuski si pravat izborni zakoni i sekoja godina se polosi promeni samo da bidat oni vlast. Zakon za partiskite vrhuski Zatoa mi se gadi da gi gledam istite kreaturi 17 godini, od peleni do bastun. So vakov izboren zakon na politickata scena ni ostanuvat onie sto glasno vikaat, a ne umnite i mudrite koj imaat skrupuli. Pogledajtego parlamenton, kolku ima pametni i mudri?
Од: demokrat
Датум: 30.09.2008 14:47:40
Mnogu korektno prestaveno od novinarot. Za potrebata od census ili ne sepak mnogu zboruvaat evropskite iskustva. Pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Во аптеките ги нема најбараните лекови
Возило на македонските војници во Ирак налета на мина
Броење казни
Вербатим