Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Во аптеките ги нема најбараните лекови

Недостасуваат повеќе лекови со референтна цена

Јасмина Јовановска

И по речиси два месеца од воведувањето, системот на референтни цени на лекови не им овозможува на пациентите да изберат кој лек ќе го користат. Во аптеките ги нема најбараните лекови со референтна цена кои се бесплатни, се жалат пациентите кои се принудени на рецепт да ги земат лековите со висока доплата. Други пациенти, пак, реагираат дека лекот кој пред референтните цени го земале со одредена партиципација сега им е недостапен, зашто доплатата е толку висока исто како да си го купат приватно. Пациентите прашуваат зошто тогаш воопшто се воведе оваа новина кога повторно голем број од лековите се недостапни. Во Фондот за здравствено осигурување велат дека недостасуваат само неколку препарати, а референтните цени, ако не се добри, ќе се ревидираат до крајот на годинава. Но, болните реагираат и прашуваат што ќе се случува дотогаш и кои лекови да ги користат.

Во аптеките, како што велат болните, не може да се најде „пентоксифилин“ - лек за циркулација, „тимолол“ - капки за очен притисок, потоа „фамосан“... „Веќе неколку месеци на рецепт не можам да најдам ’пентоксифилин‘“, се жали една пензионерка од Скопје, која преживеала мозочен удар и сега мора да прима големи дози од овој лек. „Во аптеките ми го нудат ’пентилин‘, за кој треба да доплатам околу 90 денари, или пак за ’тренталот‘ околу 120 денари“, објаснува оваа пациентка, која додава дека пред да се воведат референтните цени овој лек на рецепт го земала само со партиципација од 5 денари. Анализата покажува дека годишно од овој лек се трошат и по милион кутичиња.

Друга пациентка што се јави во нашата редакција се пожали дека не можела да ги најде капките за очи „тимолол“. „Порано ги користев овие капки, кои се на ’Алкалоид‘, и тоа со многу мала партиципација. Сега во аптеките ми се нудат на ’Галеника‘ и на ’Реплек‘, за кои морам да доплатам 85 денари, односно 87 денари“, револтирано вели оваа пациентка, која додава дека ваквата доплата и' е голема со оглед на тоа дека нејзината месечна пензија е околу 6.000 денари, а мора да користи и други лекови.

Со слични реакции се обрати и еден пациент од Битола, кој вели дека за лекот „аторис“ за намалување на маснотии во крвта мора да доплати дури 729 денари зашто, како што му рекле во аптеката, за овој лек Фондот му признава само 58 денари. Про��лемот со високата доплата, како што неофицијално информираат од аптеките, е речиси кај сите лекови од позитивната листа. А како доплатата нема да биде толку висока, велат доброупатени извори во фармацевтскиот сектор, кога Фондот за здравствено осигурување за референтни цени ги избра најниските, било тоа да се тендерските или единствените цени. Дека тоа не се референтни цени на лековите се изјасни и вториот менаџер на Фондот за здравствено осигурување, Јанез Јелникар, во интервју за „Утрински весник“, кој додаде дека тие ќе мора да претрпат ревизија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека во аптеките недостасуваат неколку препарати, но дека тоа не е по нивна вина, посебно што некои производители не се согласуваат со висината на единствените цени на лекови, кои не ги одредува Фондот, туку Бирото за лекови. Но, ваквото објаснување, реагираат пациентите, не го амнестира Фондот од проблемот, зашто референтните цени се негов модел. Проблемот со недостигот од лекови со референтна цена, како што дознаваме, стасал и до Владата. Од Министерството за здравство, иако одредени производители се жалеле и барале корекција на единствената цена поради тоа што цената на активната супстанција пораснала на светскиот пазар, тие биле одбиени и сега се жалат до Второстепената владина комисија.

 


Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар

Од: Vidan
Датум: 29.09.2008 08:50:44
Go nema ni lekot za reguliranje na tecnosta vo organizmot-(MINIRIN-sprej za nos)
Од: [email protected]
Датум: 29.09.2008 13:04:39
Reformata na fondot za referentni ceni e za pozdravuvanje.Istata i za edinstveni ceni na lekovite.No fakt e deka i proizvoditelite plakaat ceni za nabavenite supstanci i dokolku ne im e isplatliva cenata nema da go proizveduvat lekot.Ne e isto dali ja nabavuvate supstancata za proizvodstvo od Kina i Indija ili od Anglija. Pa takva ke bide i cenata na istiot zatoa osigurenicite ne treba da baraat isti ceni za eden lek. Najdobro resenie zasega bi bilo da im se ogranici kvotata na aptekite za izdavanje na lekovi (kako dosega) no tie da go davaat baraniot lek od baranata firma i istiot da go fakturiraat na fondot .A ne fondot da gi priznava cenite po" najeftinite" proizvoditeli i tie da gi dobivaat tenderite.Referentni ceni i edinstveni ceni MORA da postojat taka e vo cel svet .
Од: Ivec
Датум: 29.09.2008 14:02:36
E pa kolegi, penzioneri, gledam smetkata ni stigna. A bese ni arno koga MMRO-to ni ja kaci penzijata,a nie pogolemi ovci i od ona golemoto stado glasaci, im go dadovme glasot! Toa e prerodba, dogradba, nadgradba po MOMRO-to. Gledajte televizija, oti znam nemame pari veke ni za vesnici...
Од: mene
Датум: 29.09.2008 17:26:07
лекови во аптеките ке нема се додека се вршат набавките еднаш месечно што сметам дека е голема глупост. доплатите на лековите се високи затоа што Фондот определи понижувачки ниски референтски цени, а комерцијалните цени на лековите се повисоки, па така се јавува висока доплата. 80% од аптеките во Македонија се пред банкрот или стечај, Вработен фармацевт има просечна плата од 200 евра што е најниска во Светот, а факултетот е тежок. Претседателот на фармацевтската комора е професор на факултет што е само по себе конфликт на интереси. Фармацевтите немаат свој еснав кој сериозно би ги штител и затоа се дезорганизирани.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Цензусот е и кочница и мост
Возило на македонските војници во Ирак налета на мина
Броење казни
Вербатим