Демант на Министерството за правда на текстот „Правда глува за пристапот до информации“, објавен во „Утрински весник“ на 9 ноември 2010
Министерството за правда одговорило на барањата за пристап до информации од јавен карактер што ги доставило до него Македонското здружение на млади правници. Во доставените 12 одговори, Министерството за правда првично го известува Здружението дека бараните документи може да ги најде на веб-страницата енер.гов.мк. Согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, член 21 став 2, „имателот ја дава информацијата во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста...“
Министерството за правда по приемот на решението на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кое беше задолжено да ги достави бараните документи во бараната форма, фотокопија, му ги достави на Македонското здружение на млади правници.
Министерството за правда смета дека во насока на целосно и објективно информирање на јавноста и професионално вршење на својата работа, авторот на текстот бил должен да побара информација и од Министерството за правда за тврдењата изнесени во посочениот извештај.