Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма

Забрането ни е да се информираме од опозициските медиуми!

Авторот и е познат на редакцијата


Сакам да информирам дека нас, државните службеници, ни е ускратено правото на информирање во една од поголемите институции на државата, со информации од „Утрински весник“ и од сите останати пишани медиуми во Македонија, освен „Нова Македонија“’. Исто така, ускратено ни е информирањето преку веб-страниците на сите ТВ-медиуми во Македонија, освен Сител ТВ!

Значи, разбирам да се укинат социјалните мрежи, така и треба, да се укинат страни за слушање и симнување музика, филмови... но да се укине пристап до информирање за настаните во сопствената држава, мислам дека апсолутно станува збор не за автократија, туку за тиранија во едно општество. И да речеме дека и тоа одзема голем дел од работното време на државните службеници, па доаѓа до последици на неизвршување на работните обврски, па укинувањето и неможноста да се посетува кој било и каков било медиум треба да се забрани генерално, а не парцијално, по потреба во зависност од наклонетоста кон Владата или не.

Алармирам како граѓанин, не како државен службеник, дека ова се првите чекори кон веќе поминатото едноумие, а наредно може да следи, казнена инстанца, некој современ Голи оток. Ве молам името да и' остане познато на Редакцијата, бидејќи во вакви услови на спроведување фашистички режим, моето право на слобода на говор може да заврши со отказ од работното место.


#
Статијата е прочитана 1043 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 10.11.2010 12:29:33
Оваа информација е многу поважна од годинашниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.Таа доволно кажува каква држава станавме.Ќе ни требаат многу години за да се вратиме на некој нормален колосек.Ех,на какво дереџе не донесоа овие спасители!!!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 10.11.2010 12:36:03
Se se vrakja, se se plakja. Kje im dojde redot i na portokalchinjata......pobrzo otkolku sto si mislat...
Од: b
Датум: 10.11.2010 12:37:27
Касно си сватил. Едноумието и тоталитаризмот одамна се дојдени во нашава држава
Од: забеган.
Датум: 10.11.2010 12:44:21
Па господине неси во право.Да не сакаш на работа да ти монтират Плазма телевизор.Или ти доставуват штампа.Ти треба да работеш а не да читаш и глеаш телевизија.Кој може мене ДОМА да ми забрани што да глеам и читам.Право да ти кажам Сител и М.телевизија нити ги глеам нити ме интересират.За Вечер нити сакам да отворам а камоли да го читам.Нај отворено ти кажувам УТРИНСКИ мие на прво место.Ја читам и н.Македонија пошто ретко се случува да те цензурират.Тоа ми се допаѓа пошто се реални и ги пуштат читателите да коментират.Едно ќе ми биде криво ако Т.АЛФА ја смени програмата пошточитам ја земал (купил) пинк ШТЕТА.
Од: Авторот и е познат на редакцијата
Датум: 10.11.2010 12:52:05
Нема врска!
Од: Сергеј
Датум: 10.11.2010 17:40:29
Во ова има вистина. Јас живеам на село и секогаш кога го пробам „бесплатниот интернет“ (на кој homepage му е портокалова страна со зборот „остваруваме“) редовно при внесувањето на адресата на А1 телевизија се покажува „AccessDenied“. А тоа е случајно, зарем не?! Ваква порака не се појавува кога ја внесувате адресата на телевизија Сител. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: karokan "gambit"
Датум: 10.11.2010 19:38:43
Pa g-dine Zabegan i avtorot go tvrdi istoto sto i ti i ne mi e jasno koja e celta na tvorot komentar. Avtorot jsto kazuva deka treba da se zabrani za vreme na rabotata pristap do sekakvi mediumi i pisuvani i elektronski,a ne toa da se pravi parcijalno kako sto vsusnost i sei pravi. A znaes li ti deka ako ne se pogledne nekoj od mediumite (vesnik,TV i sl.) od onie sto treba da se "poglednat" sluzbenikot moze i "da nezadovoluva" vo rabotenjeto,bez razlika kolku rabotel i sto srabotil. Ednostavno rezultatite od rabotata ce ostanat irelevantni za "opstata ocenka". Ete toa saka da ti go kaze svtorot,a ne deka toj se buni zaradi toa sto ne mu e dozvoleno da gi cita i gleda negovite omileni mediumi. Makar sto i tojot tekst ne e sprotiven na ona sto znaci ,izvrsuvanje na rabotite i rabotnite zadaci, moze da se stekne vpecatok deka na rabota navistina ne treba da se citaat i gledaat "odredeni" mediumi.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 10.11.2010 22:22:45
A sto mislis zosto im izgradivme spomenici na borcite za sloboda oti im bese lesno ili??? Samo nasiot kukavicluk i prodadenost za pari ne drzava sopstvenata mjka ke si ja prodademe. Veruvam deka pak ke dojdat partizanite ama Ti sto go pisuvas pismoto nema da si vo niv.

Најди! во Утрински
Писма
Информациите се достапни за јавноста
Не злоупотребувајте ги невладините организации






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'