Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Не злоупотребувајте ги невладините организации

Македонско-турско здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ - Битола, Шенол Мемиш, претседател

Згрозени од обвинувањата дека една политичка партија формирала невладини организации, со цел агитирање во насока на соборување од власт на друга политичка партија, Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ -Битола, организација, која е една од основачите на Платформата за борба против сиромаштијата и член на Сојузот на турски невладини организации во Република Македонија, МАСТУСИТЕБ, преку медиумите апелираме до сите политички партии: „Тргнете ги рацете од НВО-секторот и не злоупотребувајте ги невладините организации!“

На овој начин само се урива рејтингот на НВО-секторот во Република Македонија, а пред се', довербата кај странските и кај домашните фондации, кои ги помагаат проектите и активностите што ги реализираме ние, здруженијата на граѓани, легално функционираме и сме регистрирани во согласност со законите и Уставот на Република Македонија и не припаѓаме ниту на едната ниту на другата страна.

Сите ние, како граѓани, имаме право да членуваме и во здруженија на граѓани и во политички партии, но во никој случај не смееме да дозволиме здруженијата да станат продолжена рака на политичките партии.

Искрено се надеваме дека ќе мотивираме и други здруженија да реагираат за се' почестите злоупотреби на НВО-секторот во политички цели, затоа што во демократските држави борбата за власт се води во Собранието и на редовни или вонредни избори, а не со формирање фиктивни здруженија со строго определени задачи, спремни да го обработат највалканиот дел, и тоа не за малку пари.

#
Статијата е прочитана 563 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Писма
Информациите се достапни за јавноста
Забрането ни е да се информираме од опозициските медиуми!






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'